|
||||
Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија? |
Каде се ветените вакцини од Грција и Бугарија? Зошто молиме, наместо да набавиме како што набавија Србија и АлбанијаНеспособноста и неодговорноста на власта граѓаните ја плаќаат со своето здравје и своите животи. Венко Филипче и Зоран Заев наместо да обезбедат навреме вакцини за граѓаните беа посветени во градење куќи и набавки на златни лажици. Затоа Македонија е 5-та земја во светот по смртност од КОВИД-19, и последна земја во Европа која ќе набави вакцини. Во услови кога над 87 илјади лица заболеа, а скоро 2.700 починаа во епидемијата, Заев и Филипче немаат абер да набават час поскоро вакцини. Да потсетиме што лажеа Филипче и Заев: - „Грција веќе нарача за нив (Вакцини), направи нарачка и за нас“- рече Заев уште минатата година, а пратката кај нашиот јужен сосед одамна пристигна, но нема никаква нарачка за нас. Заев и Филипче треба да понесат одговорност затоа што доцнат набавките на вакцини. Поради тоа секој ден заболуваат и умираат луѓе. Нивната неспособност чини нечие здравје и за тоа мора некој да сноси одговорност. ВМРО-ДПМНЕ |