|
||||
Се претвора ли македонското здравство во неетички проект на „Ангелот на смртта“, германскиот лекар Менгеле? |
Траумата на родилката од Дебар која што отиде на породување во Струга кај гинекологот Мухамед Асанни, а дома се врати без матка, еден јајник и без бубрег несомнено ја отсликува реалната состојба на македонското здравство. Ќе одговара ли некој за неодговорното справување со родилката која изгуби три органи поради лекарска негрижа или пак неискуство? Имено, директорот и гинеколог на струшката болница, Мухамед Асани кој врши и приватна гинеколошка пракса во својот дом и покрај договорот со родилката Веапоска тој да го изврши породувањето со царски рез, породувањето му го предал на неговиот син. По извршената процедура родилката иако имала болки и крварење кое не запирало, докторот Мухамед Хасани инсистирал дека ако си оди дома ќе и биде подобро, па и побарал според сведочењето на сопругот 100 евра за породувањето и по 50 евра за анестезиологот и асистентот. Откако се влошила ситуацијата на Веапоска сепак било одлучено да ја оперираат, но наместо еден час, операцијата траела 7 часа и триесет минути, а на пациентката која претходно немала никакви здравствени проблеми и биле отстранети матката и еден бубрег. Се претвора ли македонското здравство во неетички проект на „Ангелот на смртта“, германскиот лекар Менгеле? Ќе понесе ли Филипче одговорност за секојдневните неправилности во болниците, нехуманите услови во кои се третираат пациентите? Ќе допре ли барањето на Алијансата за Албанците до Министерството за здравство и Комората на лекарите да формираат соодветни комисии и да ја надгледуваат стручната работа на лекарите и да откријат каква било можна грешка на лекарот во конкретниот случај? Во секоја држава во која што функционираат институциите немаше да се чекаат 4 месеци за сторијата да излезе на виделина, одговорниот лекар веќе ќе одговараше за постапките. Во Македонија институциите си ја префрлаат топката и се прогласуваат за ненадлежни. До сега немаше реакција од министерот Филипче ниту од неговото министерство. Повеќе од четири месеци нема никаков извештај ниту Министерството за здравство, ниту од Државниот инспекторат. https://lider.com.mk/makedonija/se-pretvora-li-ministerstvoto-na-filipche-vo-eksperiment-na-mengele/ |