Вторник, 19 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Заев наместо да купи, моли за вакцини

2a

Срамота е што несуден нобеловец и самопрогласен лидер на регионот како Заев да не може да обезбеди барем една вакцина за граѓаните кои умираат од КОВИД

Цел регион се вакцинира, милионски дози на вакцини стасаа во земјите од соседството, а Заев наместо да купи, моли за вакцини.

Уште во ноември минатата година Заев најави дека нарачал 833.000 вакцини, и дека дополнителни 800.000 вакцини ќе добиеме преку Грција. Поминаа три месеци, никаде ги нема ниту нарачаните, ниту ветените вакцини.

Откако се фалеше со Грција, Заев рече дека вакцини ќе добие од Бугарија, Бугарија доби вакцини, но за Македонија уште нема.

Србија почна со вакцинација, во оптек се милионски бројки, од американски, руски и кинески вакцини, а Заев човекот што ги затвори сите отворени прашања, човекот кој ја турка Македонија напред, проси вакцини како да е селски кмет на Муртино, а не премиер на Македонија.

Да се фалиш со донација од вакцини од 8.000 дози, а во исто време се уште не можеш да купиш е срамота. Македонија не е веледрогерија која оперира во Струмица, државата има стотици илјади луѓе кои ја очекуваат вакцината и Заев е должен истата да им ја обезбеди.

Доколку Заев е неспособен тоа да го направи, нека каже јавно и нека побара помош од нашите меѓународни партнери, кои наместо него ќе ја нарачаат вакцината, бидејќи очигледно на него му оди само преговарањето по принципот – Едно евро за Вицето.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.