|
||||
Виктор Грозданов: Царот е гол! |
Фудбалската репрезентација на Северна Кореја успеа да се пласира на светското првенство во 2010 година. Тоа беше за нив национална радост, гордост. Големиот Ким ги честеше фудбалерите со по 3.000 долари кои имаа право да ги потрошат само во продавниците на војската.
Вака слично на Градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, му доделиле средства 100.000 евра од Фондот за рурален развој, но со обврска да реновира дел од конаците и тоалетите во манастирот Свети Пантелејмон. Претпоставувам Владата сакала да и’ се реваншира на црквата за „ќутулошката“ конструктивност во изминативе 3 години. И демек Oпштината Kарпош заедно со МПЦ направиле проект и аплицирале до Фондот за рурален развој. Ќарот на Богоев е што се сликаше до министерот за локална самоуправа и даде смешна изјва дека со ова ќе се влијаело на туризмот и бла, бла, бла… Се извинувам, што морам да потсетам! Овој манастир, во изминативе 30 години, МПЦ го имаше изнајмено најпрвин на Метропол, па потоа на приватен угостител. Колку што се сеќавам во изминативе неколку децении кириите не идеа во Буџетот на РМ туку во МПЦ. И сега наместо градоначалникот на нашата Општина Карпош, да аплицира до фондот за рурален развој за изградба на градинка во Нерези, тој претпоставувам дека е искористен за спотер за префрлање на државни пари за црковни потреби. Во исто време градоначалникот на нашата Општина Карпош е слеп и глув за затворањето на прекрасниот проект Етно Село Нерези кое се наоѓа на само 50 (педесетина) метри од манастирот Пантелејмон. Значи никаква иницијатива за реактивирање на Етно Село, во кое повеќе десетици луѓе земаа плата и беше сериозна понуда на туристичката мапа на територија на Општина Карпош. Но како и да е, очигледно Стефан Богоев работи како ќе му кажат и добро соработува со Владата и таканаречените ИНКАСАТОРИ. Колку што ја видов неговата изборна програма која не ветуваше многу, ама знам дека требаше да гради два базена, студентски домови, парк долж бул Илинден, дореконструкција на спортска сала Партизан 4, но никаде не беше споменато реконструкција на конаци во црква Свети Пантелејмон. Очигледно е дека Стефан Богоев им потроши на карпошани 25 милиони евра, но од ветувањата ништо. Едноставно се излезе чиста лага. Но не единствен што излажал од СДСМ. Ветуваше чист воздух, борба со мафијата, а сега воздухот е позагаден, а наводната мафија доби ново име – Инкасатори. Трансформацијата е неуспешна. Царот е гол! Автор: Виктор Грозданов за НетПре |