Петок, 29 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Марија Андонова: ЕДНО ВРАПЧЕ МИ ШЕПНА, ТОЧНО ЛИ Е?
4649 Марија Андонова
 
 
Што дочекавме, од навистина предводници во регионот како држава, сега да сме на дното и да служиме за потсмев.
 
За ваквата состојба, Филипче и Заев се директно одговорни.
 
Светот се вакцинира, земјите од регионот дури имаат и избор на различни вакцини, а ние чекаме, а незнаеме ни што и како чекаме, бидејќи властите секојдневно не лажат и манипулираат со различни изјави во медиумите.
Но народот "не пие нафта" !
 
Не навлегувам во тоа дали треба или не треба да се прими вакцина, тоа секој сам нека одлучи.
Јас познавам луѓе и од двете групи и од оние кои се за и од оние кои се против вакцинација.
Ниедно право не смее да биде одземено!
 
Пред некој ден едно врапче свирна и ми дошепна, дека постојат индиции дека Филипче и Заев по препорака на Српските колеги, се јавиле во Синофарм да побараат вакцини. Од таму им кажале дека бидејќи доцна се јавуваат, вакцини можат да добијат на крајот на годината или почетокот на следната.
 
Инаку за појаснување Синофарм се поефикасните и побезбедни вакцини од двете вакцини кои се одобрени во Кина.
 
После овој нокаут разговор, ставени во безизлезна ситуација уметнички наречена "останавме дрипци" одлучиле да се јават и во Синовак, онаа втората Кинеска вакцина која е помалку ефикасна, евтина ( три за сто) и е најчесто наменета за сиромашните држави.
Од Синовак наводно добиле одговор дека нема проблем, но под еден услов, а тоа е да бидеме дел од тест фазата на новата и подобрена нивна вакцина што сега ја развиваат, бидејќи старата не се покажала доволно ефикасна.
 
Им дале неколку дена на овие "нашиве" да размислат.
И сега наводно уште размислуваат како сето ова да го протуркаат, без да бидат обвинети од Македонската јавност, па ги ангажирале ПР тимовите на најјако.
Работава е што би рекол нашиот северен сосед "дај шта даш"!?
 
Врапчето свирна, а Филипче и Заев должни се да одговорат дали се ова е вистина!?
Бидејќи се изнаслушавме различни изјави од нив, да престанат на не лажат и точно и прецизно да ни одговорат, кога, каде и со што, ќе започне анти Ковид вакцинацијата во Македонија !?
Воедно да ги потсетам дека нема да избегнат одговоеност за сето ова кое им го прават на Македонските граѓани!
 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.