Петок, 29 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Христијан Мицкоски: Кога некој на маса би ми рекол дека Делчев е Бугарин, веднаш би направил дипломатски скандал

1hm 29

Христијан Мицкоски: Кога некој на маса би ми рекол дека Делчев е Бугарин, веднаш би направил дипломатски скандал, на неговото име ние направивме држава

Во вечерашното издание на дебатната емисија "Само интервју" на Канал 5 Телевизија гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој зборуваше за моменталната политичка ситуација во земјата, економската и здравствената криза, пописот кој се планира да се спроведе во земјата и долго очекуваните вакцини.

Во однос на преговорите со Република Бугарија, Мицкоски потенцираше дека македонската преговарачка страна, односно тимот кој преговара, не смее никако и под ниедни услови да прифати дека Гоце Делчев бил Бугарин. Такво нешто ќе ја срози македонската државност и ќе покаже огромна слабост пред светот.

Треба сите да сме свесни дека врз името на Гоце Делчев, Груев, Питу Гули и останатите, ние всушност изградивме држава. Името и земјата се темелат врз тие постулати. Македонската страна мора да ги запази тие моменти и не е важно дали ќе имаат притисоци од внатре во државата или пак од некој друг, тоа не смеат да го дозволат, додаде Мицкоски.

"Доколку на мене на маса некој ми даде предлог да прифатам дека Делчев бил Бугарин, верувајте дека ќе направам дипломатски скандал од светски размери, за кој ќе се зборува долго и дури тогаш ќе се отпочнат разно разни постапки. Тоа е нешто незамисливо и сметам дека не смее да постои таков човек кој тоа би го прифатил", истакна Мицкоски.

Сите сме свесни дека Зоран Заев е човекот кој без да почувствува никаков притисок распродава се што е македонско и нему ништо не му е мило, но тоа не смееме да му го дозволиме, бидејќи Македонија не е Зоран Заев, туку Македонија се нејзините граѓани од сите етнички заедници, заврши Мицкоски.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.