Вторник, 02 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Идниот месец ВМРО-ДПМНЕ ќе собира потписи за укинување на законот за пописот
alt

ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на следниот месец ќе започне собирање на потписи за укинување на законот за попис, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

На седница на Извршниот комитет, партијата вчера ја разгледала процедурата која ќе започне со иницијатива од 100 пописи во подрачните единица на Државната изборна комисија.

„Откако ќе се соберат 100 потписи потоа се доставува до спикерот во собранието кое што понатаму до матична комисија, законодавно – правна комисија ја препраќа таа иницијатива и откако ќе се констатира комплетноста на првичните сто потписи тогаш се известува спикерот во собранието кој што понатаму го известува предлагачот но и претседателот на владата кој што пак понатаму ја доставува во рок од 20 дена иницијативата до подрачните одделенија на Државната изборна комисија и процесот на собирање на потписи започнува, така што во текот на утрешниот ден ќе ја започнеме оваа постапка. Очекуваме формално собирањето на потписи да започне таму некаде почетокот на следниот месец бидејќи такви се законските процедури“, рече Мицкоски по средбата со занаетчиите во Старата Скопска чаршија, одговарајќи на новинарско прашање.

Опозицискиот лидер потенцира дека во меѓувреме, пописот е одложен во Хрватска, Бугарија, Србија, Германија, Романија поради состојбата со коронавирусот.

Мицкоски повтори дека пописот, доколку веќе власта инсистира да се спроведе, најдобро би било да биде електронски за да се заштити здравјето на граѓаните.

За комбинираниот попис, Мицкоски нагласи дека тоа е кованица на премиерот Зоран Заев, којашто и нему сигурно не му е јасна.

„Под комбиниран попис претпоставувам мисли дека ќе дојде попишувачот и матичниот број ќе го внесе во системот, па таму ќе се споредува со определени бази на податоци и врз основа на таа споредба ќе се добијат конечните резултати. Но, повторно мора дома некој да ви тропне и физички да присуствува додека вие го читате Вашиот матичен број и останатите параметри кои се Ваши лични податоци“, рече Мицкоски.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.