|
||||
Светислав Васев: Требаше да се домакедончиме, а не да се побугарчиме! |
Требаше да се домакедончиме, а не да се побугарчиме!
Немаме вакцини, и не знаеме ниту кога би имале, но затоа од 1 март ќе имаме бугарска телевизија во Македонија.
Не гледајте во Софија и Белград, зошто домашни кусогледи и политички неуки лидери не котват во калта?! Нашиот стремеж и соработка треба да биде кон Берлин, Лондон, Њу Јорк, Истанбул, Москва, Пекинг, Дубаи... Да гледаме кон развиениот свет, да одиме напред, а не кон Бугарија.
Како мала земја не ни е иднината во локални рамки, туку со иновации и трговија на светскиот пазар, да не се гушиме во балканската жабокречина, туку да стремиме кон светот, свои на своето, во натпревар во свет на идеи, иновации и технологии. Но тоа со луѓе како Заев, кој крши јазик да изговори еден збор англиски не е можно.
ПС. Се плашам само и за вакцината да не преговара со некои пранкери.
Светислав Васев
|