|
||||
Ламбе Арнаудов: Зоране, Стево не бевте на гробот на Гоце и да одевте нема да ве ПРИМЕШЕ |
Ламбе Арнаудов На небото има ѕвезда и БИК се нарекува. На друг БИК велат дека земјата почива Крени ги очите и погледај колку МАГАРИНА Помеѓу тие два БИКА пусти, живеат и уживаат“-Омар Кајам, ХII век, РУБАИЈЕ -Ете, затоа Гоце Делчев не прима секого. Тој беше лав, јунак, никогаш немал работа со лиглина, предавници, глупави луѓе, животозагрозувачки микроби и паразити, лишаи познати под латинското име –SEVERÐNUM MAKEDONUM. Гоце Делчев убаво знае дека, МАКЕДОНИЈА е автохтона прапостојбина на лавовите и сега сосема е природен ареал каде што лавовите ќе се вратат, намножат и ќе ги потиснат оние кои во стихот живеат и уживаат на крилата на велепредавството, глупоста и понижување на сопствениот народ. Од тоа кој како живее и се однесува, таква чест и спомен ќе добие на неговото вечно почивалиште. Нашиот најголем трибун Гоце Делчев се чествува и после век и половина со благодарност и пиетет од својот народ, а другите, поинаквите, лиглина, магарина, микроби и паразити, е, на нивните гробови кучиња ќе мочаат, да ми простите. Глупавиот стечаен управител на Македонија распродаде сé за бадијала, па сега кога не ја доби Нобеловата награда, утешно го наградија од Светскиот институт за мерни единици со тоа што основната мерна единица за мерење на глупоста ќе се нарекува по негово име. Рамо до рамо до него превејаниот кодош претседател, размазнето дете со куси пантолони, кукавица како што никогаш Македонија, ниту имала, ниту пак заслужила. Најотпорниот МИКРОБ за жал се вселил во нашата преубава татковина. Кој ли не се обиде, што не поминало, сите научни достигнувања, вакцини антивируси немаат никакво дејство врз неа. Триесет години јаде, уништува сé што е македонско, а немоќни сме. Триесет илјади пати мутира, се бори, главно потпирајќи се на огромното количество на омраза и злоба што го демонстрира против својот народ. Таква злоба македонскиот благороден човек не може да разбере. Тука до ними се и многумина за кои сите сме зачудени зошто и како се најдоа во оваа секта бездушници. Паразити лишаи се залепиле на северната страна на столбовите носачи на македонската држава, ги подјадуваат безмилосно за да се одржат во живот, а потоа и збогатат. Ништо не им е свето. Ја замрзнале Македонија, населија студенило во душите на Македонците, невешто трудејќи се да докажат дека кога ќе одмрзнат некогаш ќе дојде живот за сите. Ама, дотогаш ние вас паразитите со личен пример ќе ве учиме како се живее. Зарем мислите ќе ви поверуваме. Но, заборавивте едно. Топлото македонско сонце кога ќе ги опече вашите лигави сурати и ќе ги намножи лишаите на нив, ќе ги претвори во красти, не ќе можете да го сокриете срамот од луѓето, од своите и од себе. Ќе останете жигосани за вечни времиња, и со што и да се покриете ќе ве издаде непријатната реа на предавството што си ја носите со себе. Ајдуци непрокопсани готови сте. ЛАВОВИ МАКЕДОНСКИ напред,обединети во ВМРО-ДПМНЕ на чело со првиот ЛАВ Христијан Мицкоски да го исполниме нашиот долг кон македонскиот народ и Македонија и да не се посрамотиме пред ликот и делото на ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ, персонификација на нашето опстојување како Македонци. За МАКЕДОНИЈА! Нашето никогаш неизгаснато огниште. |