|
||||
Марија Андоновска: Ајдееее, само весело! |
Марија Андоновска и Христијан Мицкоски
Сигурно СДС кореографии, музички точки спремаат по штабовите, за дочекот на вакцини кој касни две светлосни години!?
Спремајте се и за јак чочек!
Ќе има фешта од Венко , Заев и нивниот ПР тим за вакцините!
Појака од онаа за тунелот!
Ама НЕ!
Тоа така не бива!
Не им го забораваме овој хаос во здравството и неспособност,што скоро и да нема семејство кое не го почуствува врз сопствена кожа!
Не забораваме што немаше навреме тестови за сите!
Не забораваме што плаќаме лабаратории и рентген на бели дробови на приватно!
Не забораваме што многумина го изгубија сопственото здравје!
Не забораваме дека 3000 починати не се само бројка, туку се 3000 семејства без својот сакан!
Не забораваме дека болнички кревет немаше, умираа од негрижа!
Не забораваме дека не терате да набавуваме скапи лекови од соседството, затоа што тука нема!
Не забораваме дека немате протоколи за лечење!
Не забораваме дека собираме донации за лекување во приватни болници!
Не забораваме дека ги втурнаа хронично болните во ризик!
Не ја забораваме ни негрижата за сите вработени во здравството!
Не забораваме дека многу луѓе со разни дијагнози, го нарушија своето здравје или го изгубија животот зошто не можеа да добијат контрола или здравствена интервенција!
Не ,не и не!
Нема ништо да им заборавиме, па и со фанфари да се прогласуваат за херои, нема да им помине!
За овој хаос Филипче и Заев мора да понесат одговорност!
|