Сабота, 13 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски за 27 април: Ќе има ревизија на тој и сите политички диктирани пресуди по падот на Заев

Hristijan Mickoski 13.02.20211

Денес по посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на компанијата „Еко циркон“, одговарајќи на новинарско прашање за случајот 27-ми април истакна дека за сите политички и диктирани пресуди по падот на Заев ќе има ревизија.

„Имаме заробено обвинителство каде што се диктираат обвиненија не само за 27-ми април туку зборуваме и за поширок опфат кои што служат за политички прогон. Имаме судство кое што функционира под диктат, односно како владетелот, а тоа е во случајот Зоран Заев и СДСМ ќе им издиктираат и такви пресуди се носат. Ако сето ова го сумираме и го изанализираме тогаш доаѓаме до заклучокот дека сме хибриден режим и не треба да не чуди што сме најкриминалната и најкорумпираната држава на Балканот според меѓународната реномирана „Транспаренси Интернешнл“. Тоа само по себе не води кон еден општ заклучок кој што би бил во следнава форма, следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија која што ќе ја прават колеги обвинители, судии, но кои што биле чесни изминатиов период и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сите оние судии кои што прифатиле диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно согласно Законите и Уставот санкционирани. Така што неминовна ќе биде ревизија на сите овие нарачани под политички диктат донесени судски пресуди веднаш после промената на власт. Вклучително и за случајот 27-ми април, но и вклучително и за многу други политички случаи.

„Ќе потсетам, и ќе ја потсетам македонската јавност дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија чиј што имот поради случај кој што се води, а кој што е отпочнат надвор од законски дефинираниот рок согласно СЈО, кое што сите знаеме како заврши, има блокиран имот. И како таков не може да го располага и нормално да функционира. И како таков е единствен во Европа и можеби единствен во светот, поради еден судски, политички монтиран случај кој што е покренат веднаш после 18 месеци, после рокот кој што согласно Законот за СЈО, кој што во тоа време беше функционален заврши практично, 18 месеци после тој рок. Така што не е само случајот 27-ми април, тој е еден од случаевите со огромен политички прогон, тука се и случаевите кои што во моментов се водат во судските лавиринти и меѓу кои е и случајот за против партијата чиј што имот е би рекол на неправеден, незаконски, неуставен начин замрзнат“, истакна Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.