Среда, 17 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Скица за БИБЛИОГРАФИЈА И МОНОГРАФИЈА за проф. д-р МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

1kuku 1

Во 2020 година, кога се чинеше дека ништо не е возможно, се составуваше една обемна скица за портрет на Марија Емилија Кукубајска. Тоа е скица поради фактот што во ова издание од 600 страници се внесени само делумен број библиографски, монографски податоци и фотографии, од причина што корона пандемијата ограничи координирана соработка и исклучи додатни истражувања и разработката на домашната архива на нашата еминентна авторка со издавачите „НУ Народна и Универзитетска библиотека Гоце Делчев“ и „2-ри Август“, Штип. Министерството за култура на Република Северна Македонија е делумен спонсор на изданието.

Донесуваме воведни делови од книгата која излегува од печат во февруари, 2021. 

Мултидисциплинарна книжевна и културолошка дејност

Проф. д-р Лидија Стојановиќ Лафазановска, УКИМ, Скопје  

Проф. д-р Марија Емилија Кукубајска со своите академски и работни успеси во Македонија и САД, бележи вонредна активност и ангажираност во критичката примена и анализа на промените на современата мисла во глобални рамки. Таа е меѓународен книжевник и културолог, есеист, драматург и универзитетски професор по англо-американска литература и култура. Нејзината книжевна, културно уметничка, научно истражувачка, образовна и воспитна работа се одликува со космополитски, автентичен, неконвенционален и иновативен мисловен и лингвистички пристап. Творештвото на Кукубајска е познато по 1. компаративни анализи на историското цивилизациско наследство и неговите пост-историски противречности во современоста; 2. одбрана на универзалните идентитетски вредности од радикални агенди за тоталитарна унификација на идеите и религиите и за контрола врз духовните маркери на посебни култури, народи и општества, и 3. убедување дека континуумот на културата и литературата на народите, вклучувајќи го и македонскиот народ, треба да се брани од рекурентен нихилизам и деструктивни почетоци со секоја нова политичка, партиска или корпоративна калкулација. Во своите книжевни пораки  Кукубајска се залага споредбено да ги предизвикува факторите кои наметнуваат екстремно радикални и еднострани промени и да ги преиспитува и применува модалитетите за можно спречување на капитулација на свеста за идентитет и интегритет на народите и поединецот. Кукубајска будно ја проучува актуелната меѓународна и домашна мисла во писменото и усното наследство од светските книжевни дела и науки за книжевност, култура, наука, религија и етика. Критички го споредува морално стабилното и творечки конструктивното наспроти насилните де(кон)структивни промени на стандардите кои не обезбедуваат слобода на мислата. Кукубајска промовира ненасилни концепти за постигнување мир и праведност во личниот и општ еколошки хабитат што го има основано како „Екологија на душата“ и во чија одбрана со децении се залага.  

Од тие теми и активности, овие библиографски и монографски сегменти вклучуваат само еден дел од публикувани, презентирани, визуелно и аудитивно емитувани единици од нејзината книжевно-уметничка, наставно научна и воспитна ангажираност и учества на меѓународни и домашни настапи, конференции и симпозиуми на кои ги афирмира современите и историските достигнувања во развојот на македонската и светската мисла. На конгресот на поети во Сан Франциско, 1981, спонсориран од УНЕСКО, се истакнува нејзиното интер-дисциплинарно проучување на епот за Болен Дојчин, со оригинална теза за улогата на нобеловски наградените ендорфини во реанимација на силата на средновековниот јунак против непријателот на неговата земја, мајка, сестра, саканата. Исто така, со нејзина заслуга, UNESCO Centre for Bioethics, Paris, France, за прв пат го вклучува македонскиот јазик меѓу останатите 42 светски јазици - го објавува преводот на проф. д-р Марија Емилија Кукубајска на книгата од Prof. Dr. Amnon Carmi, InformedConsent, 2015. Учебникот за студии од втор и трет циклус, во авторство на проф. Кукубајска, Од фолклор до фикција и факти во американската, европската, англиската и македонската литература, е заснован на оригинални компаративни докторски истражувања на историските позадини на некои светски познати приказни, милениумски и вековни, взаемни влијанија и морфирања на сказните и бајките од Африка до Сибир и преку Балканот, како и на деградацијата на некои народни приказни во нови авторски аранжмани на пост-модерни книжевни жанрови.

Професор Кукубајска има одбрано да живее и твори далеку од очите на јавноста, за да може, како што кажува, „да набљудува непречено појасно од таа дистанца“, и да додаде: „Твориме и живееме, не за пофалби и награди, туку за мудрост за рассудување и мир за облагородување“. Писателот и едукатор Марија Емилија Кукубајска го живее ова мото, во еден период споделувајќи го живот и со својата блескаво доблесна ќерка писател, Емилија Кукубајска (1979-2006). Денес, Марија Кукубајска продолжува да создава инспирирана и од Емилија, и од сопствениот сооднос со ова „крајно конфликтно“ но не и невозможно време за решавање на конфликтите, ако човекот не заборава дека негов ненадминат водач кон мир, правда и мудро истражување на се’ е Создавачот и Седржателот на физичките и духовните закони во живата и „нежива“ природа, Бог. Документираните податоци за нејзиното творештво се само ливчиња од цветовите на нејзиното дело кое има длабоки и лековити корени, и плодни и здрави семиња.

Еве некои од тие неодминливи знаци на патот кон успехот на Марија Емилија Кукубајска:

  • Најмлад почесен доктор на науки во Друштвото на писатели на Македонија
  • Прва македонска уредничка и преведувач на англиски јазик на антологиски избор од југословенски поети, World Poetry Anthology, Poetry Europe, Madras, India
  • Составувач и преведувач на македонски јазик на првата Антологија на современи индијанско американски поети од 20 век, со Joseph Bruchаk
  • Прв македонски проучувач/преведувач на јапонска хаику поезија, во соработка со Казуо Танака од Јапонија, Републичка комисија за меѓународна соработка, Скопје
  • Прв македонски женски автор на книга во хаику стих, Nightingale and Dragon
  • Прв македонски современ женски драматург од Штип, Соломон и Балкина
  • Прва жена писател од Македонија - добитник на Фулбрајтова стипендија за магистерски студии во САД
  • Прва студентка, млад книжевник, од Македонија, на летна школа по културологија на Универзитетот Ерланген-Нирнберг, Германија
  • Прв македонски истражувач и преведувач на врвниот малтешкиот книжевен критичар, историчар, теоретичар и поет, проф. д-р Оливер Фриџери
  • Најмлад автор вклучен во антологијата на критичарот проф. Димитар Митрев, со револуционерна македонска поезија од Кочо Рацин до Марија Кукубајска
  • Застапена од своите 20ти години во повеќе меѓународни, југословенски и македонски енциклопедии, лексикони и академии
  • Основач и организатор на интer-дисциплинарниот Арт-По концепт, со меѓународни презентации, изложби и изданија на поезија и мини есеи во симбиоза со сликарски дела
  • Основач, организатор и публицист на првите мулти-медијални истражувања на етички и морални вредности и предизвици, Екологија на душата

Во ова издание за проф. д-р Кукубајска хронолошки се застапени библиографски единици за

  • Оригинални дела, книжевни публикации, поетски настапи
  • Универзитетски книги, скрипти, практикуми
  • Преведени книги и ТВ серии, редактирани книги
  • Предавања и говори (публикувани или во некнижна форма)
  • Перформанси со Арт-По и Екологија на душата
  • Интервјуа со Кукубајска и на Кукубајска со познати личности
  • Гостувања во ТВ и радио емисии, автор на сценарија
  • Фото копии од весници и списанија, фотографии, електронски линкови

Треба да се изрази посебна благодарност кон ценетата Марија Емилија Кукубајска и за нејзиниот труд во ова делумно собирање и комплетирање на податоците. Верувам дека книгата ќе предизвикува широк интерес за нови истражувања, толкувања и изданија за нејзиното сложено и сестрано творештво.

Кон ова издание за проф. д-р Марија Емилија Кукубајска 

Зоран Костов, директор на НУ УБ Гоце Делчев – Штип

За конзерваторите на вредности од археолошкиот свет, значајно е да собираат, зачуваат и проучуваат артефакти од локално и светско значење. Така сметам дека и библиографиите од нашата библиотечна едиција имаат своевидна улога да ја предочат, истакнат и користат веќе постигнатата духовна и материјална градба од одредена област.

По повод излегувањето на оваа библиографија со монографски сегменти, сакаме да забележиме дека таа содржи само сосема мал дел од огромниот волумен на сеуште нецелосно собрани публикации во авторство на Кукубајска и за неа, кои се на интернет,  внесени во бројни архиви, библиотеки, сајтови и линкови од доменот на книжевната, културолошка, уметничка, научно-истражувачка, преведувачка и новинарска продукција.

Ова издание за творештвото на истакнатиот македонски писател и едукатор, проф. д-р Марија Емилија Кукубајска, е резултат на тие заложби да се стави во една книга еден мал дел наслови, извадоци и фото документација, за перформанси, изложби и активности што авторката неуморно ги осмислувала и организирала во светот и кај нас, на универзитетот Гоце Делчев во кој е дел од основачкиот кадар, како и во родниот град и  републиката. Нејзините длабоко мисловни, ерудитивни и често пророчки размислувања допрва ќе бидат проучувани зашто се несекојдневно сестрани, неверојатно богати и современо динамични. Затоа во насловот стои „Скица“ од истражувањата на авторот, и за авторот.

Во сложени времиња како денешните, особено е потребно да укажеме на значајни македонски и штипски автори како Марија Емилија Кукубајска, која со своите дела е одговорен толкувач и влијателен учесник во напредното креирање на општествената и културолошката мисла во земјата во која се роди 1950 година, Македонија, во САД каде студираше како Фулбрајтов стипендист, и во светски рамки. 

Вредностите во мислата и активностите на д-р Кукубајска верувам дека преку оваа книга допрва ќе бидат предизвик за истражувања и инспирации на нови генерации читатели, академски проучувачи, писателски кругови и на сите кои се залагаат да ги следат, вреднуваат и толкуваат идеите и пораките на овој вонредно заслужен автор.

Истакната улога на Марија Емилија Кукубајска во формирање, развој и дифузија на македонската и светската книжевна мисла, како и нејзините високо хумани и етички заложби во овие пет децении од 20-ти и 21-ви век, е гордост и за нашиот град Штип, како што е и за просторите каде објавувала, говорела и делувала. 

1kuku 2 

Писмо од Премиерот на Индија Индира Ганди до 19 годишната поетеса Марија Кукубајска - Благодарница за нејзината поезија посветена на филозофијата на Махатма Ганди - ненасилство и морални вредности. 1969

1kuku 3 

Книга за човечните вредности кај децата и возрасните. Рецензија: Александар Прокопиев и Коста Балабанов

 1kuku 4

1kuku 5

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.