|
||||
ОМО Илинден Пирин :Дали прочитавте две реченици за Теодосиј Гологанов пред да го избришете??? |
Денес стигаат вести дека владата во Скопје ќе го избрише името на Скопскиот Митрополит ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ, инаку роден во селото Т`рлис, Неврокопско, и ќе стави име на странец на еден од главните скопски булевари!
Дали има еден писмен човек во град Скопје, во владата и во партијата СДСМ???
Знаете ли што значи непокорниот борец за македонската кауза од 19ти век, Митрополитот Теодосиј Гологанов за Македонија и Македонците ?????
Знаете ли дека тој е еден од најголемите борци против странските пропаганди, против грчката, бугарската и српската пропаганда уште во тој далечен 19ти век!
Знаете ли дека во најтешки услови, со закани и притисоци од сите страни, Митрополитот Теодосиј Гологанов уште во 19ти век се залага за возобновување на тогаш укинатата Охридска Архиепископија како вековна црква на Македонците!
Дали прочитавте две реченици за Теодосиј Гологанов пред да го избришете???
СЕКОЈ ОНОЈ КОЈ ГО БРИШЕ ИМЕТО НА ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ, НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАРЕЧЕ НИКАКО СО ДРУГИ ЗБОРОВИ ОСВЕН СЛУГА НА ТУЃИНСКИТЕ ПРОПАГАНДИ И ПОЛИТИКИ!!!!
|