Сабота, 20 Февруари 2021    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Заев ретерираше за личните карти зошто го брише македонскиот идентитет, нели беше тој бетон?

Мицкоски: Заев ретерираше за личните карти зошто го брише македонскиот идентитет, нели беше тој бетон? 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посетата на фабриката МИК Свети Николе зборуваше за тоа кој е неговиот коментар за ретерирањето на Зоран Заев за лични карти зошто го брише идентитетот, а претходно тој ветуваше дека е бетон и посочи дека фактот е дека  Заев ниту го направи идентитетот бетон, ниту пак ова денеска што се случува е на пример европско и е согласно европските норми и стандарди.

-Нема работа за која Зоран Заев не ретерираше. Најпрвин велеше прифаќам да стои Македонци, Албанци, Турци, Роми во личните карти за да потоа рече дека тоа било неевропски, па сега ретерира. Најпрвин негираше дека немало состанок со грчкиот амбасадор за да потоа каже дека имало состанок, но фактот е еден, а тоа е дека Зоран Заев ниту го направи идентитетот бетон, ниту пак ова денеска што се случува е на пример европско и е согласно европските норми и стандарди, рече Мицкоски.

Понатаму претседателот Мицкоски потенцираше дека Заев не знае што значи идентитетот бетон, туку тој распродава она кое што генерации го создавале.

-Фактот е еден, ние нема во личните карти да имаме Македонци односно тие кои што се самоидентификуваме како Македонци, дел од македонскиот народ. Зошто? Затоа што Зоран Заев тоа го избриша и тоа е факт. Зоран Заев создава нова нација која што треба да биде македонско кроз граѓанин на државата со новата придавка. Што е со оние Македонци кои не се граѓани на оваа држава, а се малцинство во втори, трети земји или пак се македонска дијаспора која што од определени причини не е во состојба да извади македонско државјанство и не е во состојба да биде дел од оваа парада и овој циркус кој што и го приредува веќе четврта година СДСМ и Зоран Заев. Накратко Зоран Заев ниту има идентитет бетон, ниту пак знае што значи идентитет бетон, туку тој продолжува да го распродава она кое што генерации го создавале. Така што не ме чуди што Зоран Заев брутално на отворена сцена секој ден практично ретерира, едно денес кажува, утре напушта и вели не е тоа што го кажал вистина ќе биде ова. Така што оваа политика падни-стани не доведе до оваа ситуација да бидеме на дното во регионот, додаде Мицкоски.

https://lider.com.mk/makedonija/mickoski-zaev-reterirashe-za-lichnite-karti-zoshto-go-brishe-makedonskiot-identitet-neli-beshe-toj-beton/

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.