|
||||
Ламбе Арнаудов: Заев! Да беше паметен, како што НЕ СИ, ќе избегаше и ТИ |
Ламбе Арнаудов Вака, Зоране те жалам. После толку многу бегства, сигурен сум некој ќе застане и ќе го запре овој лесен проток и ќе го затрупа тунелот за бегство на должниците на Македонија и македонскиот народ од местото на злосторството. Сега и да сакаш да избегаш, веќе е доцна. Други се луѓето што деноноќно бдеат за да можеш да си дозволиш таков луксуз. Премногу си ТЕЖОК за да минеш низ тесните патеки, во мини глисерчињата или дрвени несигурни мостови. Првостепено “значаен“ си за да те пуштиме. Како најдобар пример ќе биде твојот случај со кој ќе потврдиме дека ги унапредуваме реформите во правосудството и сузбивање на корупцијата во замена за брзо отпочнување на преговорите за полноправно членство во Европската Унија. Со повидлив и толку снажен напредок во областа на реформите на правосудството, не може да се пофали ниту една земја членка на ЕУ на која што како основна домашна задача ӣ била како приоритетна доделена баш оваа реформа. Непремостливите проблеми во меѓу соседските односи сега губат на значење и се фрлени во втор план. Ти и твоите не-дела ќе бидете главен адут за нашиот преговарачки тим при отворањето на главното поглавје 23 што гарантира конечно членство. Односно баш твоето изведување пред лицето на правдата ќе биде доказ за нашата цврста решеност успешно да се справиме со корупцијата и конечно да станеме правна држава со сите нишани како што прилега на земја членка на ЕУ. Да го правеше ова намерно, немаше толку добро да ја одиграше улогата. Илјади лаги, предавства, понижувања и сиромаштија и донесе на Македонија, каде што смртта прави карневал, се шета и забавува по улиците на градовите во нашата од ТЕБЕ напатена татковина Македонија. Што мислеше? Сама е Македонија. Бришан простор? Без заштита? НЕ ! Македонскиот народ не го боли нешто што не знае, силно и неподносливо го боли тоа што не може да заборави. Тебе и твоите злодела никогаш нема да ти ги заборави, затоа ти го доверува да те чува и обезбедува македонскиот народ кој ти толку многу го задолжи. Ќе те чува како писано јајце додека не бидеш изведен пред судот на правдата. Гравитациската сила на ВМРО-ДПМНЕ на чело со вистинскиот Лидер Христијан Мицкоски создава и надградува неосвоива тврдина што ќе ги одбие нападите на антинародните грешници предводени од тебе, а потоа во контранапад ќе ве дотолчи да не знаете каде да бегате. За вас, наивните но и многумина интересџии, лицемерни, заеви вмровци, еве ви последна прилика, да не ви биде простен гревот, туку да ви се прости на вас грешниците. Поправен нема. Скокајте од бродот додека е време кој ве води на пат без враќање. П.С. Денес го сретнав човекот кој е бард на македонското новинарство и го прашав: Како гледаш на работите и состојбите во Македонија? Нема поправка ниту излез за Македонија – ми одговори. Сосема погрешен одговор. Сигурно од ваква состојба не може да се оправи ни многу посилна и побогата држава од нашава. Дискутабилно би било и за најсилната. Ама не за МАКЕДОНИЈА! Само Македонија го има единствениот ангел чувар кој со векови стои на десното раме и ја чува и заштитува, ВМРО-ДПМНЕ. МАКЕДОНИЈА, ВМРО-ДПМНЕ и ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ СЕ НОВОТО СВЕТО ТРОЈСТВО ЗА ИЗБАВУВАЊЕ НА ТАТКОВИНАТА И НАРОДОТ! |