|
||||
Мицкоски за случајот Мијалков:Не видовме одговорност затоа што криминалната мафија е заортачена |
Кога не би било трагично, би било смешно. Принцот на лагата Заев, продолжува да лаже и продолжува да ги понижува и омаловажува граѓаните. Можев да го забележам неговиот израз на лицето и можам да заклучам дека не само што е нервозен, туку и не знае каде тера, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со здравствените работници. Мицкоски посочи дека проблемот е што тој одлучува во моментов, проблемот е што неговите одлуки се погрешни и ја водат во бездна државата. „Колку побрзо овие луѓе ќе заминат, толку побрзо ќе огрее сонцето за граѓаните и државата, колку побрзо ќе се соочат со одговорноста за погрешните политики толку побрзо ќе расчистиме со криминалот и корупцијата во државата“, кажа Мицкоски. Според него не видовме одговорност за случајот Мијалков затоа што криминалната мафија е заортачена. „Ако институциите затаиле требаше да има одговорност, почнувајќи од Заев па до тие што стоеја до него. Ниту видовме, ниту ќе видиме одговорност зошто затоа што криминална мафија е заортачена, владее со Македонија. Затоа што побрзо заминат толку побрзо Македонија ќе се ослободи и толку подобро ќе биде за сите“, додаде Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ |