|
||||
Маричиќ глуми - „Не сам знајала“ |
Заев од опозиција лажеше и палеше народ дека има друга вистина за „Монструм“, а сега Маричиќ глуми - „Не сам знајала“Соопштение до јавноста, реакција на изнесените ставови на Бојан Маричиќ за дневникот на Сител Зоран Заев од опозиција лажеше и палеше народ дека има друга вистина за Монструм, ветуваше докази и нов процес, за на крај да се испостави дека лажел, но народот кој го запали остана да протестира и да негува сомнеж. Заев е виновен што за ситни политички поени лажеше и играше на чувствата на народот. А Маричиќ сега глуми - „Не сам знајала“. Провидно е кога Маричиќ зборува за реформи во судството и можни пропусти во случајот како тој со Мијалков. Маричиќ и неговата партија се 4 години власт во Македонија и секој еден пропуст е нивна вина. Хаосот и недовербата во институциите, како и деградирањето на правото е вина само на СДСМ, и тие се што прават е само зголемување на тој хаос. ВМРО-ДПМНЕ |