|
||||
Ангел Карапетров: ТЕТОВСКА ПРОВАЛА |
Во Февруари 1905 (по некои извори 28 февруари) изби "Тетовската провала " во Македонската револуционерна Организација во Тетово,кога се уапсени и затворени видни дејци на ВМРО од Тетово и тоа : Христо Червенелеков Основоположник и прв претседател на Македонската револуционерна Организација во Тетово, како и илинденците и членови на ВМРО Глигор Михалов, Поп Диме Саров,Сане Христов - Гуле, Христо Костов -Сичан, Михаил Младенов и Трпе Костов - Алтиколоч.
Сите се осудени на по 101 година затвор и затворени во затворите во Куршумли ан, Дијарбекир – Анадолија, а трети во пустината Фезан – Либија. По уриетот 1908 амнестирани и дел се вратиле како старци, а дел своите животи ги оставиле по затворите.
Благодариме за нивната жртва за Македонија и Вечна им Слава !!!
Ангел Карапетров
|