Среда, 03 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Карилина Ристеска : ШТО ВИ Е НЕЈАСНО?

Karolina Risteska

Ако го разгледате делото на Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Александров, Ченто и сите други војводи, комити, ајдути од 1903-та година до 2021 ва денес тие треба да бидат осудени во Хаг! Прсудата да биде доживотен затвор или смртна казна која со „сласт“ ќе им ја досудат тамошните судии!

Јохан Тарчуловски е жив пример за оваа денешна констатација и заклучок дека е опасно да бидеш бранител во сопствената земја!

Денес херојот треба да биде терорист! Тажно нели? Денес не се цени кај дел од народот жртвата ни со живот за Македонија. Доказ ви е војната во 2001 -та година, конфликтот во Куманово 2015-та година Диво Насеље. Денес луѓето се заслепени од материјализмот со неморалниот секс, филуван со дрога, алкохол, проституција и пари.

Но, да се вратиме на 1903-та година... Може и Крал Марко да го спомнеме или Цар Самоил, па дури и Јустинијан Први или Кралот Филип Втори и син му Александар Трети Македонски или првиот крал на Македонија Каран или самиот бог Македон! Луѓе ве прашувам зошто се изгубија вредностите?

Еве го одговорот:

Историјата денес е пишувана од неистомисленици и корумпирани лажговци! Учиме сите од исти, а всушност различни книги. Се воведува денес едно опасно едноумие кое пропагира лаги, невистини, слободно можам да ги наречам неосновани фантазии!

Во минатото Историјата се учеше усмено од колено на колено но, барем била Вистинска. Онаа пишуваната вистинската дел е сокриена, дел е под земја сеуште неоткриена но, затоа голем дел е фалсификувана и уништена. Жив пример во светот се запалените библиотеки во Александрија и дури во поново време и во Русија.

Ново време со нови вредности за храброст и живот! Запомнете.

Светот денес незнае за нашата херојска Македонија! Оваа Вистина е избришана! Само ние ја учевме и денес децата но, не за долго како што слушнавме таа потполно ќе исчезне од наставата во училиштата. Очигледно утре нашите деца ќе ја учат повторно по усмен пат оти ќе живеат раселени по светот во Канада, Америка, Австралија, Европа, Азија... Тажно и страшно време дојде но, тоа е всушност светската завера против целокупното човештво, против нашата древна македонска историја. Македонија да биде еднаш засекогаш згазена и уништена. Да биде заборавена како што и веќе е заборавена во Историјата со името кое веќе го сменија, ова е според нив, за мене е вечно името свето Македонија, потоа удрија немилосрдно по јазикот преку Бугарија и народот го обезличија да стане коси цртички!

Денес е вредност да бидеш геј, а не маж!

Денес сакаат да бидеш дилер на дрога, а не домаќин и татко!

Денес е кул да бидеш шарен, а не за ЗАЕДНИЧКА ОБЕДИНЕТА МАКЕДОНИЈА!

Народе се разбудивте ли за среќа?

Се освестивте за живот во Македонија и гласавте за живот! Добивте ли живот? Оној живот кој го живее Зоран Заев дали и вие го живеете? Дали јадете со позлатени лажици и вилушки?

Разбудете се и обединете се за успешна и напредна Македонија која знае која е, која си го брани своето вистинско место во Историјата на Народите на оваа една наша планета земја!

Народот ако е силен ќе може да ја постигне целта! Ако бевме силни со Османлиите во 1903та можеме и денес само ако се обединиме и ако се разбудиме од циркузијадата на сдс!

Народот може да ја напише Историјата и да ја врати Македонија на вистинскиот пат од кој намерно ја скршнаа лажните вредности во современово човештво кои треба сега да бидат за сите нас нормални и морални со етика и култура на однесување и севкупно прифаќање на различностите.

Денес Балканот е трн во око! Мета за поткосурување на застарени сметки и создавање на нови војни конфликти, а всушност се безпотребни и наметнати!

Живеевме 50 години заедно сите во Југославија и се измешавме, значи можевме и сакавме да бидеме луѓе!

Зошто денес ве прашувам се расправаме за граници, цркви,пари, знамиња, имиња, јазици и територии? Намерно некој ги создаде нациите и помалите и поголеми држави!

Сите ние имаме еден живот!

Дали ќе го искористиме вистински од нас зависи. Еден е патот до успехот и наградата! За жал скршнавте многумина Македонци!

Бог нека ви е на помош.

ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА И БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ ЗА НАВЕК. АМИН.

1Karolina

Каролина Ристеска

Торонто, 2021 година

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.