|
||||
Заев и Филипче да имаа грам доблест одамна ќе си дадеа оставки |
Заев не се резили! Вакцини ветуваш прво во понеделник, па во среда, а тие никако да стигнат, дај си оставка веднаш!Заев не се резили! Вакцини ветуваш прво во понеделник, па во среда, па потоа се премислуваше, па викаш наредна недела, па ни била наредна недела, нареден месец. Ја засмејуваш јавноста во цела трагедија која ни се случува. На крај ниту за пари не можеш да набавиш вакцини, затоа што си неспособен, и не знаеш документација да пополниш. Република Србија има набавено 2.000.000 вакцини, и го вакцинирала веќе 20% од своето население, а Заев не може 1.000 вакцини да купи, и бара донации. Да не беше помошта од Србија, немаше да можеме ниту медицинскиот персонал кој работи во КОВИД центрите да го вакцинираме. Со секој поминат ден без вакцини, умираат десетина луѓе, кои ќе биле спасени, доколку на време се вакцинирале. Заев и Филипче носат на совест илјадници кои умреа од КОВИД. Заев и Филипче да имаа грам доблест одамна ќе си дадеа оставки. ВМРО-ДПМНЕ |