|
||||
Гоце Марков: Кое е поголемо зло? Ковид 19, или Владата на Заев? |
Гоце Марков
Во медицината, многу често знаеме да кажеме дека е подобро да се спречи, отколку да се лекува.Така и кај нас, по некоја природна навика или ,,логика" последните четири години бираме помеѓу две зла. Точно една година нашиот здравствен систем е под опсада, од една страна, објективно и реално, од светска пандемија, а од друга страна, потешкото бреме-неспособните здравствени менаџери на чело со Филипче Венко. Организираните и модерни колективи на живеење се конципирани преку соодветни здравствени системи кои на овој едногодишен тест ги покажаа сите свои недостатоци и квалитети, се покажаа сите слаби алки, како од колективни навики до индивидуални (не)способности. Јавното здравје и понатаму останува наш врвен и највисок приоритет и според индексот на издржаност на системот се ориентираме и ние останатите... Или преведено на македонски народен, јазик се разбира, наместо главната улога последниве неколку месеци да биде на Центарот, т.е. Центрите за јавно здравје, како главни координатори и носители на борбата со Covid 19, кај нас М.З. одреден период дозволи приватните клиники да прават тестови по баснословни суми. Сите оние мерки кои државата ги проектира и дизајнира за заштита на јавното здравје, во овој случај, за жал рестриктивни, се основа како да се намали бројот на контакти во социјалното опкружување.Не дека ефектот ќе биде нешто посебен со оглед на несредените општествени збиднувања, во суштина е апел на совеста. Гледано од страна, само мртво Слово на хартија!? Она што збунува, запрепастува, и разочарува како здравствено, така и морално е несериозноста, дрскоста и селективноста на носителите на Власта, нејзините практичари... Ајде пак да преведеме од есперантото на Власта: Од една страна имаме рестриктивни мерки, т.е. Полициски час од 22 до 05 часот, граѓаните ги затвораат дома, а од друга страна планираат да продолжат со најавениот Попис?!И дете од трето одделение ќе разбере дека овде нешто навистина е труло. Еден огромен број на лица задолжени за попишување ќе влезат во домовите на луѓето, стари, болни, хроничари,...ќе влезат и тоа невакцинирани со ,,една од многуте вакцини на З.З."?! Ова повеќе не е ни смешно.Ова е болно навредувачки и ирационално, ова е патетика на една гарнитура без компас, без план и стратегија... Ова е се, само не е сериозност и навремена реакција. Вакцини секако нема, ако не ги сметаме оние на Фајзер со кои се вакцинираше еден огромно мал број на здравствени работници оставени без избор! Дајте ми избор на вакцини, колеги!! Еве јас, лично веднаш би се вакцинирал со руската вакцина, без предрасуди, без политика и без да давам отчет некому(45 дена во Ковид Центар-Кочани и 15 дена Прва ротација на Инфективна клиника-Скопје). Јас се уште сум негативен, и покрај неколкуте тестови, и сеуште сум на таа Прва линија...и да, сеуште сум невакциниран!? И да, јас сум исто Плаќач на даноци, обврзник и чесен граѓанин, од Истокот сум. По кое правило, првата вакцина, онаа минорна е за ,,бели мантили" на Прва линија а оваа втората, руската, е за возрасни? Една година помина, а нема отворено еден Ковид Центар во државата, говорам за оние од останатите градови.И додека Србија има неколку вакцини избор, а наскоро и ќе произведува, Ние тука претураме од празно во шупло. Нема вакцини, нема Попис!? Или, има вакцини, има вакцинирани попишувачи има Попис? Која логика ја користат овие луѓе, кои се нарекуваат Власт? Гоце Марков-потпретседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани |