|
||||
Шекеринска го казнила Ковачки зошто напишал „долга е раката на ВМРО“ |
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски: Радмила Шекеринска го казнила полковник Драган Ковачки затоа што напишал "долга е раката на ВМРО".Кој е Ковачки?
-Бранител од 2001 година, дел од специјалната армиска единица "Волци".
-Офицер од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија, офицер за специјални операции и за разузнавање во првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак.
-Командант на Првата механизирана пешадиска бригада.
-Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.
-Завршил на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија во Хрватска и Воена Академија во Македонија. Во Велика Британија завршил школа за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање.
А која е Радмила Шекеринска?
-кадар активен уште од времето на транзициската олигархија од деведесетите години.
-учесник во власта уште од времето на ТАТ, транзицијата, криминалната транзиција, вице премиерка во владата на Бучковски, истото и во најкриминалната влада во Европа на Зоран Заев.
- позната по "бонбона бизнисите" и матната продажба на ЕСМ,
- позната по аферата "кирии", домаќин на обвинителката Катица Јанева осудена за рекет.
Ковачки е дел од најдоброто од македонската армија, Шекеринска е дел од најлошото од македонската политика.
Ковачки, главата горе, овој пат одиме до крај. Или тие, или Македонија.
П.С. И Ковачки ви ја кажал вистината. Долга е раката на ВМРО исто како и вистината! И овој пат одговорност за криминалците ќе има, нема друга алтернатива.
|