Сабота, 13 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Александар Пандов·: Да си знаете, да не биде дека не ви било кажано, за ова ќе си одговарате како воени профитери!!!
 
 
После убедливо најступидната изјава на Шеќеринска околу набавката на вакцини дека ,,они можеле први да набават вакцини, ама што ќе речел народот“, втора ми е онаа на Заев дека ,, од геостратешки и идеолошки причини не набавувале од источните земји, Русија и Кина.
По избивањето на аферата ,,Чајна ваксајнс“ и обзнанувањето дека Филипче и Заев го заобиколиле легалниот пат на набавка на вакацини преку амбасада, туку оделе преку фантом фирми, станува јасно дека кај Заев воопшто немало геостратегија и идеологија, туку се работело за пари, поточно многу пари!
 
Имено на секого му е јасно дека во западните демократии фармацевските компании се во приватна сопственост и дека тие можат за сопствен ќар, а и добробит на ,,клиентот“, да договара каква сака цена. Отдруга страна за држави како Русија и Кина во моментов вакцините се стратешки производ, изнајден во државни лабаратории и нивната продажба оди стриктно преку нивните официјални претставништва во секоја држава, а тоа е нивната ополномоштена амбасада!
Тука се крие и ,,зајакот“ во нашиот случај. Откако двајцава криминалци сфаќаат дека со амбасадорите тешко ќе можат да прават алаш вериш, тие се свртуваат кон оние со кои ќе можат. Нема никаква ни идеологија, а уште помалку геостратегија во ова. Има само екстра профит за овие арамии.
 
160143800
 
Конечно, пошто и двајцата се правдаат дека во авансот од 12.000.000 евра за 200.000 вакцини нема провизија и аванта, тогаш нека одговорат по која цена на чинење договориле една вакцина со фирмата од Хонг Конг, а колку, ако воопшто после се ова Кина прифати да ни продаде вакцини, чини една од нив по легален пат? Пошто ги плаќаат со наши народни пари, може ли да знаеме колку воопшто пари се потрошени за набавки на вакцини до сега и по која цена се плаќани?
 
Сосема на крај. Македонија и остатокот на светот се во специјална војна. Правење на екстра профит во време на војна е воено профитерство. Тик так ви прави времето, многу помина, малку ви остана. Да си знаете, да не биде дека не ви било кажано, за ова ќе си одговарате како воени профитери!!!
 
 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.