Петок, 19 Март 2021    PDF Печати Е-пошта
Нема да се попишуваме затоа што на наместена утакмица ние не играме!

35477414 2109765742384533 6085905625491963904 n

Биљана Антоска Стојанов

Господине Апостол Симовски

Државен завод за статистика

Ние Македонците од иселеништвото, кои сме неоткинливо ткиво на Македонија и македонскиот народ, нема да се попишуваме затоа што на наместена утакмица ние не играме!

Јасно ли ви е дека после 27 април и илегалниот избор на Таљат Џафери, после потпишувањето на договорите со Бугарија и Грција како и прифаќањето на Тиранскста платформа која наводно не постои а е скоро спроведена во целост ние Македонците од иселеништвото не ви веруваме вас, кои денес сте дел од за нас илегална власт? Не ви веруваме и затоа што Заев лажеше и се колнеше во деца, во македонска жица и што уште не дека нема да го промени името и уставот. Не ви веруваме затоа што изманипулиравте со резултатите од референдумот! Не ви веруваме затоа што сте верни послушници на меѓународната заедница и се досега од 2017 што сте направиле вклучувајќи ги и сите изборни циклуси се под влијание на меѓународната заедница и поткупени гласачи и за се што сте рекле дека нема да го спроведете сте го направиле спротивното. Од 27 април 2017 до денес се што сте направиле е спротивно на волјата на мнозинскиот македонски народ.
Овој попис господине Симовски мора да се стопира под хитно не само поради ирегуларноста и предвреме наместени те бројки туку и поради ковидот кој беснее во Македонија а врз кој никој нема контрола. Неспособноста на илегалнава влада луѓето го плаќаат со живот.

Уште еден важен факт поради кој ние Македонците од дијаспората не сакаме да се попишуваме а кој мора да го напоменам е тоа дека во формуларот барате да се идентификуваме на која етничка заедница и припаѓаме. Господине Симовски ние Македонците не сме етничка заедница туку државотворен народ. Ние не прифаќаме да бидеме сведени на етничка заедница во сопствената држава без разлика каде во светот живееме и какво друго државјанство да поседуваме.

Се извинувам на бруталноста во произнесувањето на вистината. Нема да дозволиме уште еднаш да бидеме изманипулирани од илегалци кои ја запоседнале власта спротивно од волјата на народот. И еве ви даваме до знаење дека без разлика кој е тезултатот од пописот ние нема да го прифатиме освен ако Македонците по род а без разлика на верска припадност не бидат 75%.

СТОП за лажниот попис кој се спроведува по наредба на меѓународната заедница!

https://twitter.com/billii71/status/1372529273110626306?s=21

161346402 4320194618008290 4430047000871005629 n

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.