|
||||
Христијан Мицкоски: Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате! |
Христијан Мицкоски
Најкриминалната влада на Балканот, а истовремено и најнеспособната да обезбеди имунизација на населението нѐ убедува дека нема одложување на пописот, обезбедени биле најбезбедни протоколи.
А во меѓувреме, соседна Србија која е рекордер во имунизирано население на Балканот, соседна Бугарија, Романија, Косово го одложуваат пописот поради загриженост од енормно ширење на пандемијата.
Заклучок: Најнеспособните велат имаат безбеден протокол за успешен попис, а рекордерите го одложуваат пописот поради тоа што сакаат да го заштитат здравјето на граѓаните и да спасат човечки живот.
Здравјето на граѓаните не смее да биде заложник на Заев, Филипче и Симовски.
Одложување на пописот веднаш. Ќе одговарате!
|