Вторник, 24 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
За апостолите на писменоста

1kk21

Заслугата на светите браќа е всушност културолошка вредност на словенската цивилизација и силните далги што допреа сѐ до нашето време. Нивното дејание е, всушност, еден космополитски белег и национален идентитет што го препознаваме во постоењето на Македонија и македонскиот народ. Нека се вечни и незаборавени!

Празникот 24 Мај се слави како празник на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Тие успеале да станат вистински апостоли на Словените. Со сето битие посакувале да им служат на словенските народи и на единството на Универзалната црква. За нивните заслуги и успешната мисија на описменување, во своето апостолско послание EGREGIAE VIRTULIS, папата Јован Павле II на 31 декември 1980 година ги прогласи за сопокровители на Европа, чиј покровител е Светиот Бенедикт, прогласен од папата Павле IV на 26 октомври 1964 година.

Постапката и чинот доволно зборуваат за заслугите на солунските браќа. Треба да се спомне дека браќата се родени во Солун, во богатото семејство на Лав и Марија. Методиј завршил највисоки школи во Константинопол и се определил за воена служба. Откако ја напуштил службата, заминал за Олимп и таму се закалуѓерил. Бидејќи талентот што го имал бил забележан од царските советници, на Кирил му било овозможено да се школува во прочуената Магнаурска школа во Цариград. Таму се формирал како извонреден мислител, богослов и апологет на христијанството. Набргу станал и професор на истата школа. Ростислав, кнезот на Велика Моравија, испратил молба до византискиот император Михаил III за тој да му испрати епископ и учител што ќе им објаснува на нивниот јазик вистинска христијанска вера. Секако, изборот недвосмислено паѓа на солунските браќа, кои биле подготвени за ваква голема мисија – книгите што ги носеле со себе биле преведени на македонски јазик.

Заедно со нивните ученици, тргнале на далечен и опасен пат бидејќи за противници ги имале германските просветители, кои веднаш ги обвиниле за ерес, а своето правоверие биле принудени да го докажуваат во Рим, пред папата Адријан II. Откако внимателно ја ислушал нивната одбрана, поткрепена со вистина, папата ги одобрил македонско-словенските богослужбени книги и наредил да бидат поставени на олтарот на црквата „Санта Марија Маџоре“. Македонскиот јазик се богослужел во три цркви во Рим.

Големината на нивната активност се гледа и во вложениот напор на Кирил за создавање азбука, бидејќи Словените немале букви. Тој е креатор и на првата словенска азбука – глаголицата. Заслугата на светите браќа е всушност културолошка вредност на словенската цивилизација и силните далги што допреа сѐ до нашето време. Нивното дејание е, всушност, еден космополитски белег и национален идентитет што го препознаваме во постоењето на Македонија и македонскиот народ. Нека се вечни и незаборавени!

Во чест и слава на сесловенските и македонските просветители, браќата Кирил и Методиј, во нашата држава Македонија и во дијаспората деновиве се одржуваат научни трибини, културно-просветни програми, поетски читања, фестивали, црковни свечености, литургии, молибден за епохалното дело што ни го оставиле итн. Во Гостивар, во Амфитеатарот на кејот на реката Вардар беше одржана трибина посветена на светите браќа Кирил и Методиј, за македонскиот јазик, писменоста, македонскиот идентитет, и беше испратена порака да се чуваат и негуваат македонскиот јазик и писмо, политичарите да престанат со распродажбата на сѐ што е македонско.

Превземено од: https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/nas-stav/za-apostolite-na-pismenosta/

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.