Среда, 25 Мај 2022    PDF Печати Е-пошта
САД го поддржува културолошкиот геноцид во Македонија и апсењето на дисиденти како дел од нејзиниот геостратешки сојуз со Грција
 

 
 

Текст на претседателот на ММДЧП Бил Николов објавен во американското анти-империјалистичко списание Covert Action Magazine (CAM), кое ги разоткрива американските тајни операции низ светот:

https://covertactionmagazine.com/2022/05/23/u-s-supports-cultural-genocide-in-macedonia-and-imprisonment-of-dissidents-as-part-of-its-geo-strategic-alignment-with-greece/

(Забелешка: уредниците на Covert Action Magazine: CAM го користат името "Македонија", а не наметнатото име "Северна Македонија" - ние го почитуваме правото на самоопределување на македонскиот народ, и нивното име, идентитет и историја)

A person holding a signDescription automatically generated with medium confidence

Македонско девојче бара слобода за нејзиниот татко, политички затвореник уапсен затоа што се спротставуваше на режимот инсталиран од САД

Но малкумина Американци знаат за ова, или им е гајле

Aмериканскиот амбасадор во Македонија Џес Бејли е одговорен за апсењето на таткото на ова девочје. Тој и нареди на полицијата да напаѓа врз невини цивили, упатуваше закани кон нивните семејства, местеше избори, затвораше медиуми и изрекуваше затворски казни за новинари, нареди блокирање на пристапот до социјалните медиуми за граѓани и медиуми и отпуштање на илјадници Македонци од нивните работни места во јавниот и приватниот сектор, ја забрани и криминализираше на употребата на името „Македонија“, и поттикна истраги и заплашување на македонски граѓани, вклучувајќи тука физички напади и подметнати пожари, и секако, апсење на Македонци и нивно подложување на ужасно лоши затворски услови.

Што беше нивниот „злостор“? Се спротивставуваа на американскиот интервенционизам во Македонија и на американската политика за искоренување на името, идентитетот, културата и историјата на Македонија на барање на нашите угнетувачи.

И вие би се спротивставиле на американската политика.

Во едно од најозлогласените злосторства на Бејли, тој и членови на режимот инсталиран од САД во Македонија, држеа пратенички од опозицијата во простории во Собранието против нивната волја, ги уценуваа и им се закануваа на нив и на членови на нивните семејства со апсење додека не ги натераа да гласаат за промена на името на Македонија.

Но, како е можно ова да го прави самопрогласениот „глобален водач во ширењето на демократијата и човековите права“? Може да се запрашаме и зошто САД порано ги сметаа Садам Хусеин и Осама бин Ладен за свои сојузници, зошто рушат влади низ светот и зошто вршат инвазии директно или преку нивни партнери, во кои убиваат милиони недолжни цивили.

Краткиот - и единствен - одговор е: империјализмот. Ништо не им стои на патот на САД кога ќе решат да ја наметнат својата волја на остатокот од светот. Ниту човекови права, ни недолжни животи, ни основна пристојност. Ништо.

Во случајот на Македонија, Соединетите Американски Држави решија дека нивен приоритет е да го прошират членството во НАТО по секоја цена. Затоа тие застанаа на страната на Грција - и ја поддржаа нејзината отворена и бесрамна - кампања за културолошки геноцид врз Македонците. Грција најави дека ќе стави вето на кандидатурата на Македонија за членство во НАТО, која ни беше наметната од САД, доколку не го смениме името Македонија и не избришеме се што е македонско. Ова се огромни прекршувања на човековите права што се вршат врз цела етничка група - и се разбира дека САД ги поддржуваат. И не само Грција и САД. Бугарија го следеше „успехот“ на Грција, по што и таа реши да ја засили својата сопствена кампања на вршење културолошки геноцид врз Македонците, и најави дека ќе стави вето на кандидатурата на Македонија за членство во Европската Унија, која ни е наметната од Западот, доколку не се исполнат бугарските антимакедонски барања - Бугарите во овие барања дури уфрлија и напади против Евреите во регионот.

Како резултат на антимакедонските кампањи на Грција и Бугарија овозможени од Западот, имаме неколку договори кои дозираат како на Македонците ќе им биде „дозволено“ да се самоидентификуваат себеси. Како што реков на панел дискусија на турската телевизија ТРТ Свет, „имаме документ во кој на 19 страници ми се кажува кој сум. Дали е ова нормално?

Овој документ, кој иронично е познат како „Договорот од Преспа“ - не е прифатен од ниту еден Македонец. Во него, во членот 7(2), официјално името „Македонија“ и се дава на Грција, целото македонско население во Егејска Македонија (анектирана од Грција во 1913 година) се прогласува за непостоечко, а во членот 8(5) се наложува да се формира комисија на грчки дипломати кои ќе ја препишат македонската историја и ќе ги сменат македонските учебници за официјално да се отстрани секоја трага од нашето постоење.

A group of people holding a signDescription automatically generated with medium confidence

Протест во Македонија против насилната промена на името. На знакот стои слоганот на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права: „Никој нема право да ни го менува името и идентитетот - Нашето име е Македонија“

Бугарија се охрабри и нејзините барања вклучуваат дополнувања на (уште повеќе) иронично наречениот „Договор за пријателство и добрососедство“, со кој се негира постоењето на Македонците во Пиринска Македонија (анектирана од Бугарија во 1913 година), да се декларира дека Македонците никогаш не постоеле и се „навистина Бугари“, и препишувањето на македонската - и еврејската - историја за да се избрише секое спомнување на бугарското гонење на Македонците, вклучително и отстранување на секој помен на сојузот на Бугарија со нацистичка Германија за време на Втората светска војна, окупацијата на Македонија и депортацијата на преку 7,000 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка во Полска.

Како реагираат САД, НАТО и ЕУ на ова? Тие ја повикуваат (читај: и се закануваат) на Македонија да постигне „компромис“. Во пресрет на присилната промена на името, голем број меѓународни интервенционисти, вклучително и Еврокомесарот за европско соседство и преговори за проширување Јоханес Хан, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, повеќе американски секретари на одбрана и надворешни работи – како демократи така и републиканци - ја посетија Македонија за да упатат бесрамни закани кон нас. Нивната порака беше „променете си го името или ќе видите што ќе ве снајде“.

Па така, по налог на западот, беше прекршен секој можен македонски и меѓународен закон, собранискиот деловник, уставното право, конвенциите за човекови права, па дури и референдумот што се одржа. Сите тие беа прекршени или игнорирани за да ни се наметне промена на името во крајно навредливото „Северна Македонија“ - име кое е специјално измислено да го избрише етничкиот идентитет на Македонците.

Ова не беше случај каде „молчењето е соучесништво“ - во случајот на Западот, тие бесрамно и „гордо“ беа соучесници во злоделото. А западните медиуми ги следат нивните лидери/газди. Политико ЕУ го опиша говорот на бугарски политичар кој го негира етничкиот идентитет на Македонците како „многу долг и емотивен“. Политико одбра да застане на страната на Бугарија, која е озлогласен прекршувач на човековите права, и е осудена повеќе од дузина пати од Европскиот суд за човекови права, поради нејзиното упорно ускратување на основните права на самоопределување и самоидентификација на Македонците. Без никакви огради или осуда, Ројтерс ја објави изјавата на бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во која таа ја најави застрашувачката политика на Бугарија во однос на Македонците:

„Ние сме загрижени поради бескрајните тврдења дека постои македонско малцинство во Бугарија. Ако си ги признаат бугарските корени ќе се стави крај на тоа“.

Заменете ги Македонците (нашите угнетувачи сериозно се обидуваат да не заменат) со која било друга етничка група и веднаш ќе има протести и повици за одбрана на нејзините човековите права. Но Македонците не се важни? Не во очите на западниот свет. Македонците се очигледно потрошна роба во наводната кампања на Западот за „одбрана на човековите права и самоидентификацијата“. Овие политики ме поттикнаа да му го поставам следното прашање на секој лидер, министер за надворешни работи, политичар, дипломат, бирократ и новинар што некогаш сум ги сретнал - „Вие не би го дале својот етнички идентитет, па зошто Македонците мора да го сторат тоа?“

Бруталната иронија е што, по поделбата на Македонија во 1913 година меѓу Србија (сега независната Република Македонија), Грција, Бугарија и, во 1919 година, Албанија, по што сите овие земји брутално го негираа постоењето на зборот на „М“ и се обидуваа да избришат секаква трага од Македонија и Македонците, Грција одеднаш во 1988 година почна да тврди дека името „Македонија“ им припаѓа на нив. Грчките политичари, вклучително и поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис, дури во 1995 година признаа дека таканаречениот „спор за името“ нема никаква врска со името на Македонија, туку произлегува од потребата да се прикрие грчката политика за негирање на постоењето – и културолошкиот геноцид – на големото македонско малцинство во Грција.

Ова ме натера да и поставам уште едно прашање за гореспоменатата група: „Што би се случило ако Англичаните тврдеа дека имињата на домородните групи им припаѓаат на нив - дали тоа значи дека не се случила колонизација и брутализација на домородните земји и луѓе? Ова е токму она што Грција сака вие да верувате за Македонија и Македонците. Тие ви ја продаваат идејата дека ако го поседувате името, идентитетот и историјата на угнетените, никакво угнетување не можело да се случи.

На ум ми паѓаат уште многу аналогии и за нив прашав неколку политички водачи, вклучително и канадската вицепремиерка Кристија Фриланд. Еден од моите „омилени“ примери е аналогијата на Франција, бидејќи француските влади честопати се бесрамно антимакедонски и прогрчки (а сега и про-бугарски): Прашав што би направиле ако Германија побара од Франција да го смени името до „Западна Франција“, и почне да тврди дека името „Франција“ сега и припаѓа на Германија, исто како и францускиот идентитет, јазик и култура, а да не заборавиме и на менувањето на француската историја со се декларација дека нацистичка Германија не извршила инвазија, окупација и брутализација на Франција, и дека таа била само „администратор“ и „ослободител“ на Франција. Добредојдовте во светот на Македонија.

Назад кон предводниците на сето ова - САД. Претставниците на американскиот Стејт департмент со кои се сретнав го знаат сето ова – но не им е гајле. Како што ми кажаа, тие само „ги извршуваат насоките на претседателот“. Извршување е клучниот збор тука. Од почетокот на промената на надворешната политика на Соединетите Држави, пред речиси осум децении, кога оваа земја стана интервенционистичка во својата надворешна политика, Македонците беа изложени на целото оружје од американскиот арсенал, и буквално и преносно.

Моето семејство не знаеше дека набргу откако оваа фотографија беше направена, САД и Британија ќе почнат да ги бомбардираат македонските села – во поддршка на грчкиот фашизам

И покрај тоа што беа на сојузничката страна во двете светски војни, Македонците станаа цел на теророт на САД и Велика Британија по Втората светска војна бидејќи овие „светилници на демократијата“ избраа да и помогнат на Грција, на грчките владејачки фашисти и поддржувачи на нацизмот и нејзината политика на целосно искоренување на Македонците во обид да создадат земја која е „културолошки чиста“ и ослободена од сите „инфериорни“ народи. Ако некоја земја ја усогласи својата политика со надворешната политика на САД и Велика Британија, ќе и биде дозволено да ги применува нацистичките тактики и да изврши геноцид, а САД и Британија ќе ја поддржат во тоа. И тоа не да ја поддржаа... САД и Британија го бомбардираа целиот егејски дел на Македонија (анектирана од Грција на почетокот на векот) – при што намерно напаѓаа цивили – убивајќи безброј Македонци, вклучително и многу членови на моето семејство. Оттогаш, САД го проширија својот терористички репертоар со помодерни методи на културолошки геноцид, иако се уште ги користат и „класичните“ методи: инвазија, окупација, убиства (или ангажирање на други држави да ја завршат нивната валкана работа) во многу земји. (Забелешка: Можете да видите дека Британија почна да го слуша својот помлад американски брат долго пред инвазијата во Ирак и дебаклот со „оружјата за масовно уништување“.)

Сега нешто за помодерните методи на Соединетите Американски Држави. Пред нападот на Џес Бејли врз Македонија, Соединетите Држави имаа низа други амбасадори кои ја спроведуваа антимакедонската политика обединета на обединетите демократско/републикански администрации (во нашиот случај навистина се променува партиски консензус!) - овие политики вклучуваа започнување граѓанска војна, поддршка на неонацистички албански сепаратистички групи, помилување на овие убијци и терористи, нивно наградување со високи владини позиции (колку повеќе убиства, толку е повисока функција), и сето тоа ја подготви базата за присилната промена на името на Македонија, принудното членство на Македонија во НАТО, засилен американски империјализам и, наскоро (веројатно нема да мине многу време) нова поделба на територијата на Македонија. И по заминувањето на Бејли од Македонија, САД го заменија со други садистички извршители, кои исто така не ги кријат нивните цели искоренување на етничкиот идентитет на Македонците, што подразбира и секојдневен антимакедонски говор на омраза и кршење на правата на Македонците од страна на грчки и бугарски владини претставници, што води дофизички напади од грчката и бугарската тајна полиција и неонацистите (повторно) врз големите македонски малцинства во овие две земји.

Видовме што се случува со Македонците во Македонија кога ќе се спротистават на американската политика. Но, што е со Македонците во странство? Ние сме цел на извршната наредба на Џо Бајден со која на критичарите на американската политика им се забранува влез и поседување имот во САД. Слободно да ги избришете САД од мојата листа на потенцијални дестинации за одмор бидејќи оваа извршна наредба ме става на американската црна листа – само затоа што имам „храброст“ да се залагам за човековите права што САД тврдат дека ги бранат. Бајден со ова го имитира американскиот антимакедонски „стратешки партнер“, Грција, кој ме стави на нејзината црна листа уште пред две децении. Очигледно не е многу оригинален.

Чест е да се биде на нивната црна листа. Сега нема да можам лично да ги видам Џо Бајден и идните американски претседатели и нивните чиновници како му проповедаат/го лажат светот. Како што прашав многумина од нив: „Како спиете навечер?“ А кога веќе поставив толку многу прашања, ќе ве оставам со уште едно, и ќе ги прашам оние кои тврдат дека ја бранат демократијата, човековите права и владеењето на правото: „До кога ќе продолжите да им дозволувате на САД, буквално, неказнети да вршат убиства?"

Бил Николов
Претседател на Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права
twitter.com/billnicholov


Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите mhrmi.orgtwitter.com/mhrmifacebook.com/mhrmi, instagram.com/MacedonianHumanRights #НашетоИмеЕМакедонија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.