|
||||
Средба со Унии на Ветерани од ИЕ 2 во Љубанци |
Денес во организација на УВ на ВМРО-ДПМНЕ беше организирана средба со Унии на Ветерани од ИЕ 2 во Љубанци-Манастир Свети Јован Крстител На денешната средба во организација на УВ на ВМРО-ДПМНЕ од ИЕ 2 во Љубанци-Манастир Свети Јован Крстител, присатните ги поздравија Жаклина Пешевска претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и Дарко Костовски градоначалник на Општина Бутел. Заеднички став на сите кои се обратија е: Единствен излез од сегашната криза е Предвремени парламентарни избори се спасот за нашата заедничка Македонија! На 18 јуни Влегуваме во конечната битка за спас на Македонија! Нема враќање назад! ПРОДОЛЖУВАМЕ!
Обраќање на Мане Јаковлески Браќа и сестри, добродојдовте во ова прекрасно Светилиште, Поздрав до организаторите на овој собир и сите членови на раководствата на УВ од ИЕ 2, поздрав до членовите на ИК, УЖ, УМС, Патриотскиот институт, Поздрав до пратениците, градоначалниците, и до сите присатни. Браќа и сестри, на почетокот на моето обраќање да испратиме една силна подршка до Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Др. Христијан Мицкоски, кој застана на чело на партијата во многу тешко време, а како се справи, само тој си знае. Претседателе Мицкоски, НИЕ Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, на чело со тебе продолжуваме до конечната историска битка за спас на Македонија. Испраќаме силна подршка до пратениците за големата лавовска битка која секојдневно ја водат во Парламентот. Ги охрабруваме градоначалниците да ги издржат притисоците и заканите кои им ги упатуваат неспособните од СДС и Мала Речица. Браќа и сестри, Веднаш по доаѓањето на власт на СДС и ДУИ, место ветуваната правда и просперитет, прв ангажман им беше, рушење на споменици, тргање на оградата пред влада, затварање на Уставобранителите и секако „најголема работа“ која ја реализираа овие 5 години е: ја презадолжија државата, Македонија е пред банкрот. Секој ден илјадници граѓани се иселуваат од МК, не бегаат сите заради повеќе пари, бегаат затоа што неможат да ги издржат безаконието и тортурите, бегаат затоа што ова повеќе не се издржува. Има само едно нешто за што сакам да ја пофалам оваа Влада, а тоа е: МК е на прво место во Европа за криминал, корупција и корумпирано судство. Браќа и сестри, Целта на оваа наша средба е да се видиме, да се дружиме и да се договориме за протестот на 18 јуни и да се потсетиме на некои настани од минатото. Да се потсетиме на идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски-бог да го прости, кој почина на 31 мај 1998г во Копенхаген, Данска. На 31 мај (вторник) 2022 г. семејството на Драган Богдановски и УВ-Куманово, ќе го посетат вечното живеалиште на Драган во Куманово. Секој кој може да е добродојден. Претстојниот протест на 18 јуни е еден ден по формирањето на ВМРО-ДПМНЕ на 17 јуни 1990 година, односно 32 години од формирањето. Нека е честит 32 годишниот роденден. Дозволетеми да го цитирам мојот драг пријател и истомисленик, членот на Претседателството на УВ Ламбе Арнаудов кој вели: Покрај тоа што Ние Македонците имаме биолошки родители-татко и мајка, имаме и идеолошки родители, а тоа е: ВМРО Ни е татко, а Македонија Ни е мајка, и заради тоа меѓу нас се ословуваме со браќа и сестри. Затоа Браќа и сестри Унија на Ветерани, Унија на Жени, Унија на Млади, Патриотски Институт и сите кои се разочарани од оваа влада која ги распродава Македонските интереси, сплотени како никогаш до сега можеме да ја одбраниме нашата Македонија и да им ја обезбедиме иднината на нашите деца и внуци! Само обединети, ќе им се спротивставиме и ќе покажеме дека Македонија раѓала, раѓа и ќе раѓа синови кои знаат и можат да ја одбранат! Македонија не смее повеќе да си дозволи понижување! Македонија ни е наследство од нашите претходни генерации! ВЕ ПОВИКУВАМ СИТЕ, масовно да го поддржиме големиот протест во организација на ВМРО-ДПМНЕ на 18 јуни пред влада. Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ ги Повикува сите, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Евреи и сите други кои се дел од нашата заедничка Македонија, да ни се придружат. На 18 јуни ќе биде еден од најмасовните протести што го видела нашата Македонија, затоа што граѓаните неможат повеќе да ја издржат оваа хаварија што ја прават СДС и ДУИ. На 18 јуни ќе протестираме за да го сочуваме идентитетот и за предвремени парламентарни избори. Браќа и сестри, Да испратиме порака до оваа непрокопсана влада: 18 јуни е почеток на крајот од вашето владеењето! Готово е, ова е наша татковина а не ваша играчка. ВИ СЕ БЛИЖИ КРАЈОТ! ЌЕ ОДГОВАРАТЕ ЗА СЕ ШТО МУ НАПРАВИВТЕ НА НАРОДОТ И ДРЖАВАВА! Браќа и сестри, Единствен излез од сегашната криза се избори! Предвремени избори се спасот за нашата заедничка Македонија! На 18 јуни Влегуваме во конечната битка за спас на Македонија! Нема враќање назад! ПРОДОЛЖУВАМЕ! Вечно ВМРО-ДПМНЕ! Вечна Македонија!
|