Среда, 01 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
ПРИЗНАВАЊЕТО НА МПЦ - ОА - СВЕТЛА ИДНИНА ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И МАКЕДОНИЈА

1st123

Денот на македонските и сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, 24 мај 2022 година, ќе биде запишан со златни букви во историјата на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Имено, на свечената Боженствена литургија што се одржа во Соборната македонска православна црква „Свети Климент Охридски“ во Скопје, Патријархот на Српската православна црква (СПЦ) г. Порфириј ја соошшти радосната вест дека Светиот сабор на СПЦ  едногласно донесол одлука да ја признае МПЦ-ОА за афтокефална. 

Затоа, тој ден ќе биде запишан како историски за светлата иднина на МПЦ-ОА и за Република Македонија, бидејќи признавањето на автокефалсноста отвора нова страница од нашата црковна историја, живот, сегашност и иднина. Исто така тој е ден за радост и на целото православие, збогатено со уште една сестринска црква.

Оваа Одлука е историска и значи окончување на 55-годишниот спор меѓу двете цркви. Всушност тоа е одговор на Српската православна црква со која започнува процесот на уредување на прашањата што ги има помеѓу неа и Црквата во Република Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание. Тоа е новиот момент во македонско-српските црковни односи

Признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ претставува единство постигнато само врз основа на евангелска љубов и братско разбирање, преку молитвите на сите христијани. Со овој чин се потврди дека раководствата на МПЦ-ОА и на СПЦ покажаа како со мудрост, разбирање и взаемна почит може да се надминат долгогодишните историски спорови и, наместо раздор да се создаваат братски врски кои ќе бидат натамошна основа за приближивање, соработка, и христијанска љубов на двата народи и двете цркви.

Честитки за мудроста, обединетоста и достојноста на Светиот Синод на МПЦ - ОА и неговото блаженство г.г. Стефан, за градењето на мостови, за бранењето на нашиот идентитет и вредности и за премостените децениски и вековни јазови. После одлуката на Вселенската патријаршија, како и оваа од 24 мај, настапува историја важна за македонскиот христијански народ и Република Македонија.

Спорот меѓу Српската православна црква и Македонската православна црква – Охридска архиепископија трае 55 години. Тој е еден огромно долг  период во кој се тестираа сите можни решенија. За жал, последниве година-две немаше ниту најави дека ќе се случи вакво нешто. Но,клучниот пресврт се случил во Белград, каде се дојде до сознание дека македонскиот народ има право на автокефална црква.

1st1234

Челниците на СПЦ и МПЦ-ОА на заедничко сослужување во Скопје

Зааедничката литургија на која сослужуваа српскиот Патријарх и македонскиот Архиепископ, како облик на измирување, е првиот чекор кон вопспоставувањето на литургиското и канонско општење на Македонската православна црква – Охридска архиепископија со Српската православна црква, а потоа, треба да следи и со сите останати православни цркви. Тој настан се случи во Четвртокот, на Деветнаесетти Мај во Белград.

Затоа, треба да се потенцира дека заедничката или литургијата на помирување треба да се набљудува во контекст на Соопштението на Вселенскиот патријарх  г. г. Вартоломеј и Светиот синод на оваа Црква во кое се подвлекува: „се остава на најсветата Црква на Србија да ги уреди управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во нашата држава, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание“. Всушност тоа е одговор на Српската православна црква со која започнува процесот на уредување на управните прашања што ги има помеѓу неа и Црквата во Република Македонија, секако во рамките на светоканонскиот чин и црковното предание.

Никој неверуваше дека ќе се случи таков пресврт, но сепак се случи една нова историја. Притоа треба да се нагласи дека македонскиот народ во Република Македонија и македонските иселеници во светот беше оној клучен фактор кој никогаш не отстапи од својата црква колку и да беше оспорувана.  

Како резултат на тоа македонските христија дочекаа на 24 мај, денот кога го слави делото на светите браќа Кирил и Методиј ја слушна убавата вест од устата на Патријархот Порфириј, поглаварот на СПЦ. Имено, Српската православна црква ја призна автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.

Со оваа одлука се направи огромен чекор напред кон конечното затворање на македонското прашање. Несомнено ова е голема историска, но и политичка одлука, која ќе се втемели во македонската државност. Се чекаше 55 години, но најважно е што многу Македонци работеа сиве овие 55 години ова да се случи. Чесно е на сите оние кои се вградија во овој огромен историски успех на чело со г.г Стефан, поглаварот на МПЦ-ОА,  но и на сите поранешни поглавари на МПЦ, како и на сегашните и поранешните државни и други општественици, да им ја изразиме благодарноста, што еве дочекавме да посведочиме уште еден огромен чекор во заокружувањето на македонската државност.

1st1235

Црквата „Свети Климент Охридски“ во Скопје и првиот поглавар на МПЦ г. Доситеј

Чинот на признавањето на автокефалноста на Македнската православна црква – Охридска архиепископија од страна на Српската православна црква го поздрави Руската православна црква, која изјави дека се радуваме заедно со нивните браќа Срби и Македонци. Овој настан на обзнанување на српскиот патријарх Порфириј на заедничката архиерејска литургија во црквата „Свети Климент Охридски“ во Скопје дека Светиот архиерејски собор на СПЦ едногласно решил да го признае автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија е историски. За оваа одлука ќе бидат известени сите помесни православни цркви според каконскиот ред со повик да го прифатат афтокефалниот статус на МПЦ - ОА.

Голем и историски е 24 мај 2022 година,  кога ги чествувавме светите браќа Кирил и Методиј да ја добиеме и автокефалноста на нашата Црква, како рамноправна со другите и признание за нејзиното наследство и духвната величина на древната Охридкска Архиепископија како автентичен дел на македонскиот идентитет.  Со благословот и томосот за афтокефалност на МПЦ-ОА што Српската православна црква го упати до Вселенската патријаршија веќе не постои ниту една пречка и се очекува патријархот Вартоломеј да ја прогласи МПЦ-ОА и официјално за афтокефална. 

Овие значајни одлуки и благопријатни вести носат голема радост, духовен мир и надеж на македонскиот христијански народ за поубава и посветла иднина на Македонија и Македонците во татковината и на сите македонски иселеници  ширум светот, како и на целиот христијански православен свет. 

1slave 1 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.