Среда, 08 Јуни 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Со Јакимовски од поодамна не сум во комуникација

1Mickoski08

Мицкоски: Со Јакимовски од поодамна не сум во комуникација, го охрабрувам наводните индиции да ги пријави во соодветните институции и му посакувам среќа во политичката кариера

При денешната посета на Охрид претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на напуштањето на коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на Стевчо Јакимовски и обвинувањата за наводни закани и рекетирање истакна дека со Јакимовски од поодамна не е во комуникација, ги отфрли навредите и обвинувањата и посочи доколку има такви индиции, истите да ги пријави во соодветна институција и му посака среќа во понатамошната политичка кариера.

„Па јас со господинот Јакимовски немам комуникација уште од пред нова година, тогаш еднаш или два пати се видовме да му честитам на тоа што беше избран за градоначалник, ги отфрлам овие навреди, вчудоневиден сум, претпоставувам ако има такви индиции треба да соработува со органите на прогонот и да го пријави, го охрабрувам да го пријави затоа што во спротивно ако не го пријави тоа што го кажува тогаш станува соучесник, нели ја сокрива правдата. Еве јас го охрабрувам тоа да го стори веднаш таму каде што тој еве како искусен човек и политичар мисли дека треба да го стори дали во обвинителството дали во МВР јас стојам тука на располагање сум ако има било какви такви индиции во спротивно за жал тогаш ќе прикрива кривично дело, затоа што обвинувањето е многу големо и сериозно. А што се однесува во делот на напуштање на коалицијата, тој е долги години во политиката јас му посакувам среќа успех понатаму во животот се надевам дека одлуката што ја донесе мисли дека е исправна и дека таа ќе му донесе некаков политички би рекол ете подобар комфор. Бидејќи како што го слушнав во изјават тој вели дека некој му вршел тортура,изживување и не знам уште што се не кажа а луѓето кои што ме познаваат вклучително и тој знам дека тоа не го мисли бидејќи јас сум се, само не сум таков човек. Со еден збор му посакувам среќа во понатамошната политичката кариера“, нагласи Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.