|
||||
Мицкоски: Ако предлогот е да не асимилираат и бидеме Бугари, тогаш така не сакам влез во Европската Унија |
„Како да зборувам за Европа сега денеска, кога ние денеска сме уценувани да прифатиме ако е ова точно, ќе треба да прифатиме да се асимилираме и бугаризимираме односно да ги асимилираме нашите предци, нашите дедовци, нашите баби ако сакаме да бидеме дел од ЕУ или тоа за нас преставува невозможна мисија“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија говорејќи за предлогот на Франција.Мицкоски посочи дека тој жали за тоа што се случува во Украина, жали за тоа што се случува во Северно Донецк, во Мариупол итн. Но, исто така жали за тоа што се случува и во Македонија односно во Струмица, во Прилеп, во Битола, во Тетово, во Гостивар, од таму десетици автобуси секој ден полни си заминуваат од државата и тоа со претежно млади луѓе. „Нема што да се разговара ако е таков предлогот, какво прифаќање. Ова со предлогот е нокаут за македонската дипломатија. Ако е ова така, повторно ќе кажам, ако е ова така, што прави дипломатијата освен што троши народни пари и освен што полни авиони да се шетаат на грбот на народните пари по светот како придружба на министерот. Што прави нашата дипломатија ако биле изненадени од ова“, запраша Мицкоски. Тој додаде ако резолуцијата од Собранието е бела, тогаш предлогот е црн, нема сиво ништо тука. Ова сега што е како информација, ако е точна тоа е катастрофа. Ова ќе биде дипломатски нокаут. „Ако е ова предлогот таква иднина јас не сакам. Не сакам да ме асимилираат ниту мене, ниту моите два сина“, нагласи Мицкоски. |