|
||||
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ВО СИДНЕЈ |
Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј после пауза од триесетина години и објавени 54 броја, повторно го издаде списанието „Повод“ наменето за литература и култура. Тоа се појави од печат и во електронска форма, двојазично, благодарение на Оштината Бејсаид ( Bayside Council, поранешен Rockdale City Council кој е збратимена со Битола) и сегашниот градоначалникот на Општината господинот Џо Авада (Joe Awada), кој на Литературното друштво „Григор Прличев“ му додели дотација за издавање на списанието „Повод“, со цел списанието успешно да го промовира македонскиот јазик, литература, култура и македонската заедница во демократска Австралија. Издавач на списанието „Повод“ е Македонското литературно друштво „Григор Прличев“, во чија редакција се: Душан Ристевски-Македон, главен и одговорен уредник, уредниците се Иван Трпоски и Мена Ристевска, соработници се: Виктор Бивел (Сиднеј), Гордана Димовска (Мелбурн), Ристо Стефов (Канада), Александар Донски и Славе Николовски Катин (Македонија), а технички уредник и дизајн е на Александар Донски. Треба да се потенцира дека членовите на Друштвото одлучија списанието „Повод“ повторно да се издава, бидејќи тоа има за цел да ги промовира македонскиот јазик, култура, историја и македонската заедница во Австралија. Во зависност од можностите се планира списанието да се издава 3-4 пати во годината со цел да прерасне во месечно или двомесечно списание. Списанието „Повод“ ќе се издава во електронска и печатна форма. Издавачкиот одбор се надева дека Македонците од сите делови на Македонија, насекаде по светот, особено во демократска Австралија ќе ја поддржат оваа иницијатива и ќе помогнат и финансиски и во распространување на гласилото. Притоа, објавување на текстови и други материјали на македонски или англиски јазик се добродојдени. Тие треба да бидат испратени до Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите . Исто така, добронамерни коментари и предлози за подобрување на содржината на списанието се добредојдени, се вели во текстот од Редакцијата на „Повод“. Инаку, едно од позначајните македонски гласила што во Австралија излегуваше подолго време беше списанието “Повод”. Тоа е прво македонско списание за литература и култура на овој континент и единствено од ваков вид меѓу иселеништвото. Излегуваше како орган на Македонското литературно друштво “Григор Прличев” од Сиднеј, формирано на 31 март 1978 година во Сиднеј.. Првиот број на списанието “Повод” излезе на 15 јуни 1978 година на четири страници со формат 30 х 21 см., додека наредните пет броеви со иста форма имаат зголемен број страници чиј број се движи од 12 до 18. Од шестиот број списанието ја менува и формата и квалитетот на хартијата и излегува на 23 страници, на мал формат 22 х 16 см, а неколку броеви се печатени од 28, до 40 страници. Во периодот од околу 14 години се отпечатени шеесетина броеви. Во уводната статија на првиот број, а слични статии се објавени и во наредните броеви, покрај другото, се вели: „Списанието „Повод“, покрај презентирањето на литературните и просветните достигнувања во Републиката, ќе објавува лични творби од областа на поезијата, прозата и журналистиката на членовите на Македонското литературно друштво „Григор Прличе!в“, а по пат на конкурси на членови и други лица кои се занимаваат со пишување лични творби и кои живеат во Австралија. Со формирањето на друштвото „Григор Прличев“ се појави р'кулецот којшто се разграни наоколу и ги привлече заинтересираните за македонскиот јазик и литература“. Инаку, во првата година од печатењето на списанието „Повод“, (1978 година) излегоја три броја и тоа прјвиот во јуни, вториот во август и третиот во октомври. Од третиот број, се зголемува бројот на страниците и се подобрува квалитетот на списанието. Овие броеви ги уредува Редакциски одбор во состав: Цане Долевски, Лилјзана Тошеска и Душан Ристевски, како главен и одговорен уредник, додека иселеникот Миле Петровски беше технички уредник. Во 1979 година се отпечатени исто така три броја, но како тромесечници, сите на 20 страници, на формат 21 х 30 см., додека четвртиот број, бројот 7 е отпечатен на 24 страници и на помал формат (16 х 21 см.). Оваа форма списанието ја задржува се до бројот 50 во 1986 година. Во овој а и во другите броеви во наредниот период се застапени рубриките: „Од број до број“, „Наши писатели“, „Дела нд наши писатели“, „Од македонското народно творештво“, „Конкурс“, „Јазично катче“, „Осврти“, „Забавно катче“, „Резултати од конкурсите“ и други. Во 1980 и 1981 година се отпечатени по четири броја: од бројот 8 до бројот 11 и од 12 до 16, како тримесечници чиј број на страници сс движи од 26 до 32. За сите овие броеви, а и во наредните во кои се застапени рубриките од претходните години, одговорен уредник е познстиот о признат Македонец во Сиднел, Душан Ристевски, а му помагаат членови на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ Во периодот од 1982 до 1986 година, во секоја година се отпечатени по седум броја и тоа од бројот 17 до 49. Сите броеви се печатени на мал формат 16 х 21 см. на по 40 страници, на кои покрај споменатите рубрики, се поместени бројни рекламно-пропагандни материјали и информации од активностите и од другите македонски заедници ширум Австралија. Во исто време, во текот на овие пет години се објавени најголем број лични творби на членовите на Друштвото „Григор Прличев“, како и други активности и постигнати резултати меѓу Македонците на петтиот континент. Бројот 50 во септемоври 1986 годизна е последииот во тој период, а потоа настапува пауза од три години, до јануари 1990 година кога се појави бројот 51. Педесет и првиот број е печатен на 24 страници, со корици од потврд материјал, на формат 21 х 27 см, чиј одговорен и технички уредиик е Душан Ристевски. Во воведникот на овој број, покрај другото, се вели: „Еве не повторно по три години со нов број и нов изглед на списанието... Да напоменеме само некои од активностите што беа дел од нашата работа: организирањето на Деновите на македонската култура во 1986 и 1988 годана; организираозме протесни собири против грчкиот и српскиот шовинизам; издадени се 6 книги со поетски остварувања од членови итн“. Во март 1990 година, во дванаесеттата година на печатењето се појави бројот 52, кој е печатен на формат 21 х 30 см. Тој обилува со лични творби на членовите на Друштвото, за литературното творештво на поетот Блаже Конески, за Методија Андонов-Ченто и други материјали кои се значаен придонес во афирмирањето на македонскиот народ, македонската вистина и етничка Македонија. Инаку, целта и задачите на списанието „Повод“ е да ги обедини Македонците кои се занимаваат со пишување лични творби собрани околу Литературнто друштво „Григор Прличев“. Тоа првите три години излегуваше на три месеци, а од јануари 1981 година па потоа излегуваше различно како двомесечник или тримесечник. Се печатеше на македонски литературен јазик оо кирилица, но има и статии на англиски јазик, особено оние што се однесуваат на македонскиот јазик, литературата историјата, културата и други области од животот и активностите на Македонците на петтиот континент. Содржината на списанието „Повод“ е разновидна. Така, секој број е посветен на по еден македонски литературен деец; Потоа се застапени рубриките: „Дела на наши членови“, „Од македонското народно наследство“, „За македонскиот јазик и литература“. „Страница од историјата“, „Јазично катче“ и „Детско катче“. Исто така, се поместени и голем број рекламно-пропагандни материјали од наши претставништва во Австралија и од македонски иселеници сопственици на разни бизниси во Сиднеј и околината. Членови на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ Секоја година во описанието „Повод“ се објавува конкурс, преку кој се избираат најдобрите литературни творби во годината, со учество на автори кои анонимно и шифрирано ги доставуваат своите лични остварувања од областа на поезијата, прозата и детската литература. Вообичаено, на конкурсите нристигнуваат голем број литературни творби, од кои, поеебна комисија составена од членови на Друштвота и видни ошштественици од македонско потекло, избира три или четири поетски, прозни и детски литературни оетварувања. Наградените литературни творби се објавуваат во наредните броеви на списанието. Така, покрај другото, во почетните години се отпечатени: Зборникот „Видици“ кој содржи бројни дела од членовите на Друштовото, потоа публикациите „Полутици“ од Душан Ристевски, „Површински корења“ и „Око вано море“ од Иван Трпоски, „Чувар на детски спомени“ од Бранко Наумовски, „Збогување“ од Горјан Маслинкоски, „Лирско ехо“ од Лилјана Тошеска и „Фрагменти на една историја“ од Џим Томев. Овие литературни остварувања се од големо значење за јазичните и литературните процеси меѓу Македонците во светот и можност за афирмирање на културното наследство на македонските доселеници во Австралија. Тие се основа за идните литературни остварувања на Друштвото. Новиот број на списанието „Повод“ е исполнет со содржини кои се однесуваат на активностите на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ во еден подолг период, како содржините „Од македонската заедница“, „Конкурс за Прличева награда“, „Новоиздадени книги“, „Историја“, „Човекови права“, „За македонскиот јазик“, „Писатели од дијаспората“, „За најмладите“, „Ин мемориам“ и друго. Притоа посебна нагласка е ставена на издавачката дејност, на литературните остварувања на членовите на Друштвото и активностите во македонските заедници во демократска и мултукултурна Австралија. Пишува: СЛАВЕ КАТИН |