|
||||
Мицкоски: Има основа за повеќе кривични дела и одговорност за Ковачевски ако се реализира предлогот за спорот со Бугарија |
Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија Алфа вели дека доколку се реализира францускиот предлог за спорот со Бугарија, тогаш за премиерот на владата Димитар Ковачевски има сплет од повеќе кривични дела и одговорност. Па тие се полнолетни луѓе, министри, премиери. Они тоа свесно го прават и се слагам со вас, немам тука никаква дилема, дека тие тоа го прават свесно. И дека е основа за кривично дело, да. Но, не можам јас да си дозволам сега од позиција на лидер на опозиција, или утре ако се случи тоа, а најверојатно ќе се случи според анкетите да имам можност да формирам кабинет, да судам, да пресудувам или да обвинувам. Тогаш би бил како нив, смета Мицкоски, Но, ако ме прашате како граѓанин, од мое лично име да има основа за сериозни сплет од кривични дела и не едно, туку повеќе кривични дела, вели Мицкоски. |