|
||||
Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ водат анационална политика |
Ковачевски, Османи и Маричиќ водат анационална политика и ги загрозуваат националните интереси, оставка веднашДимитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ водат анационална политика, а со тоа свесно ги загрозуваат националните и државни интереси на Република Македонија.
Тоа што не кажуваат што содржи францускиот предлог е само доказ дека сакаат трајно да ги нарушат преговарачките позициите на државата и да отстапат од македонските црвени линии. Изјавите дека државата била цел на хибриден напад е само обид на прикривање на нивната неспособност. И доколку е тоа точно тогаш Ковачевски, Османи и Маричиќ мора да понесат одговорност.Ковачевски наместо да се плаши и да бега од медиуми и од соочување со народот, мора да одговори пред целата јавност, за што точно преговара и договара тимот од МНР кој е пратен во Бугарија и дали Македонија веќе го има прифатено францускиот предлог? ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, експертската и интелектуална јавноста децидно отфрлаат прифаќање на францускиот предлог и распродавање на националните интереси.Македонскиот јазик, култура и историја не можат и не смеат да бидат никогаш тема на преговори.Со СДСМ и ДУИ на власт Македонија ниже дебакл и срам на секое поле. Единствен излез од овој дипломатски срам е оставка на криминалната влада на СДСМ и ДУИ, и веднаш распишување на нови предвремени избори. |