|
||||
УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОТКАЖУВА ЗА УТРЕ НАЈАВЕНАТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СМИЛЕВО |
СООПШТЕНИЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Ве информираме дека закажаната годишна конференција на Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ која требаше да се одржи на 2-ри јули (сабота) во Смилево се одложува, со цел ВМРО-ДПМНЕ со целиот свој потенцијал да се фокусира на последниот француски предлог за кој актуелната влада искажа подготвеност да го прифати.
Браќа и сестри , нашата мила мајка Македонија повторно преживува големо премрежие . Повторно некој и од надвор и од внатре пробува да не разнебитни, обезглави . Повторно се удира по македонскиот идентитет, јазик, историја . Заради предавствата кои се подготвуваат овие денови, ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА УНИЈА НА ВЕТЕРАНИ НА ВМРО-ДПМНЕ ЈА ОТКАЖУВА ЗА УТРЕ НАЈАВЕНАТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ВО СМИЛЕВО. Унија на Ветерани на чело со нашиот почитуван Претседател Проф. Др. Христијан Мицкоски како во минатото така и денес и така ќе биде и во иднина секогаш биле, се и ќе бидат во првите редови во одбрана на нашата мила Македонија. Остануваме вклучени во активностите против овој предлог. Наскоро ќе ви испратиме нови детали. Македонија ни е се што имаме! Претседателство на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ |