|
||||
Пишува Тодор ПЕТРОВ : Не поминува подметнувањето со француската Преговарачка рамка против Македонскиот народ! |
Преговарачката рамка на Макрон од Париз, Франција, со сите “праведни“ бугарски барања, е со цел: Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја, чиј администратор ќе биде Софија!
Но, Македонскиот народ не прифаќа Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја чиј администратор ќе биде Софија!
Пораката од народот, од протестот пред Владата, на 2 јули 2022 година, е голема!
Независно од организаторот, ги имаше од сите сорти и партии, па и од независните, доминираа Македонците, да ја одбранат сопствената држава Македонија!
Многу народ... Многу, многу, многу...
Ако Димитар Ковачевски не го послуша гласот на народот, после предавството кое го подготвува со Софија, а неговиот претходник - шарлатанот Зоран Заев тоа веќе еднаш со Атина го оствари, му следи доживотен затвор Идризово и конфискација на целиот негов личен имот и имотот на членовите на неговото семејство, бидејќи македонскиот правосуден систем не прифаќа смртна пресуда! Да имаше, лесно ќе беше!
Демократскиот свет, вакво злосторство против народот, геноцид врз државотворниот народ, на електричен стол го решава, на пример, во Соединетите Американски Држави! Таму електричен стол заслужуваат поединци кои се огрешиле од законот. Кај нас, за одземање на душата на народот, не електричен стол, електричен перпетуум мобиле нема да им ги покрие гревовите!
Е, па, добро де, аман бре, за кого одработувате? Кому државата и нацијата ги распродавате! Има ли душа во вас? Чувствувате ли грев пред Господа?
Ајде една поука од историјата...
Анархизмот во Македонија е производ на врховизмите во поглаварствата! И? Во такви услови, за вниманието на светот да го свртат за правото на Македонскиот народ на државност, се појавиле велешките гемиџии, кои не случајно ги дигнале во воздух Отоманската банка и францускиот брод Гвадалкивир во солунското Македонското пристаниште!
И успеале во анимацијата на идејата за: Суверена и самостојна држава Македонија! Во времето на Отоманската Империја! По цена на животите... Вечна им слава и за многаја лета на велешките гемиџии, солунските атентатори!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
|