|
||||
Чист Македонски Јазик? Чиста Лага |
Во изминативе денови, македонските политичари како Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ и Османи често изјавуваат дека македонскиот јазик е чист во францускиот предлог. Ова го бројат како клучна придобивка од прифаќање на францускиот предлот. Има само еден проблем: нивните изјави немаат никаква поткрепа во текстот на францускиот предлог што се објави на веб страницата на Владата (види линк). Во однос на јазикот има само две реченици во интегралниот текст. Долу се пренесени во оригинална форма (на англиски) и со македонски превод. ПРВО СПОМНУВАЊЕ Bullet point 3, page 3: “Regarding the translations of the acquis into Macedonian, the EU took note of Bulgaria and ***** Macedonia’s respective unilateral declarations on the Macedonian language.” Точка 3, страна 3: Во врска со преводите на правниот кодекс на Европската Унија (acquis), Европската Унија ги нотира едностраните изјави на Бугарија и Македонија поврзани со македонскиот јазик. Што значи ова? Ова значи дека ЕУ направила записник дека Бугарија не го признава македонскиот јазик, т.е. дека го признава како дијалект на бугарскиот јазик. Исто така, ЕУ ја запишала (каде не се знае) позицијата на (Владата на Република ) Македонија за нејзиниот јазик. Оваа реченица на НИКОЈ НАЧИН не го признава македонскиот јазик. Бидејќи Бугарија има привилегирана позиција во овие преговори како членка на ЕУ, може да се претпостави дека и нејзината позиција по ова прашање неминовно ќе се предпочита а македонската ќе се занемари. Бугарија ќе има најмалку една декада да го погани македонскиот јазик во европските институции и да инсистира да се прифати нејзиното подло гледиште за истиот. ВТОРО СПОМНУВАЊЕ Bullet point 22, page 13. ***** Macedonia will need to produce translations of the acquis into Macedonian in good time before accession, and will need to train sufficient number of translators and interpreters required for the proper functioning of the EU institutions upon its accession. Точка 22, страна 13. Македонија ќе треба да го преведе Европскиот правен кодекс (acquis) на македонски во догледно време пред нејзиниот прием и ќе треба да обучи доволен број на преведувачи и толкувачи за да се осигура правилното работење на ЕУ институциите при прием. Што значи ова? НИШТО во однос на јазикот. Ова реченица само укажува на практичната потреба од преведување на текстот од Европската регулатива на јазикот на земјата кандидат. На никој начин не може ова да се толкува како признавање на јазик. Реченицата се однесува на обврска што ја презема Владата за превод и толкување, а не за признавање. Земајќи го ова во предвид, изјавите на државниот врв во врска со македонскиот јазик и францускиот предлог се лажни. |