Среда, 06 Јули 2022    PDF Печати Е-пошта
Што остана од СДСМ?

Најнапред да се послужам со една сликовита метафора. Таа гласи:

Зоран Заев го доведе македонскиот народ до работ на пропаста. Димитар Ковачевски ќе направи историски чекор напред.

Да ми кажуваше некој пред 20- 30 години дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе падне на најниски национални гранки ќе мислев дека човекот нема поим од политика. Да ми кажуваше некој дека СДСМ нема да биде партија што ќе ги шити интересите на македонскиот народ и внатре во Македонија и надвор од неа, во меѓународни рамки, ќе сметав дека ме провоцира и дека зборува глупости.
Денес се потврдува дека тие што го говореле тоа биле во право, а јас сум бил во заблуда. Иако не можам да поверувам што навистина се случува.

Мала рероспектива ќе покаже дека Социјалдемократскиот сојуз, од времето на Бучковски до денешното на Ковачевски е во постојан идеолошки, политички и демократски пад. Сепак, центарот го држи Зоран Заев кој со договорите со Грција и Бугарија македонското прашање го врати 100 години на назад. Ја отвори Пандорината кутија во која Македонците ја губат и последната надеж за нивното опстојување во сопствената земја.

Всушност Заев и компанија во односите со Бугарија не понудија ништо ново и оригинално. Тие ја прекопираа идеологијата и ги остваруваат намерите на ВМРО – ДПМНЕ од времето на Љупчо Георгиевски. Георгиевски, при жив Бранко Црвенковски, стана главниот идеолог на СДСМ која ја спроведува неговата програма.

Ова што денес го пишува во наводниот француски предлог, она што е бистро и чисто напишано во билатералните протоколи Георгиевски го пишуваше пред триесетина години.

Пишуваше дека македонската историја е фалсификувана, дека сите македонски преродбеници и револуционери биле Бугари, дека Бугарите во Македонија биле обесправени и малтретирани. Она што пред триесет години го говореше Љупчо, во неславното интервју за бугарската агенција БГНЕС го рецитираше Заев. Од збор до збор, само со поинакви, посмирени формулации. Ако кај Георгиевски преовладуваше атимакедонски оган, кај Заев антимакедонизмот стана намера.

Овој однос може да се оцени како најголемата пресвртница во кратката повеќепартиска политичка историја во Македонија. Еден бивш претседател на ВМРО –ДПМНЕ да стане главниот идеолог на СДСМ. Георгиевски навистина се покажа како визионер, а Заев и Ковачевски како реализатори на неговите визии.

Социјалдемократскиот сојуз под превезот за членство во Европската Унија ги запостави интересите на сопственото членство, на сопствениот народ. Пет години се служи со лаги за јазикот, за историјата, за идентитетот. И сите тие суштински национални прашања ги доведе до работ на пропаста што се заканува.т

Виткајки ја кичмата пред Грците, пред Бугарите и пред Албанците, однесувајки се вазалски и подданички кон нив, драстично придонесе да се стесни политичкиот простор на Македонците, тие да ја губат својата идентитетска сигурност.

СДСМ не се покажува, ниту пак се труди да се прикаже како достоен застапник на оние граѓани што се Македонци по род, по национална припадност и по чувство. А изгледа дека такви нема веќе ни во самата партија. Да имаше ќе се покажеа, ќе проговореа за изгазеното национално достоинство. Ќе се јавеше некој, ќе пропееше некој петел што кукурика надвор од хорот.

СДСМ и во овие пригоди си ја потврди одамна констатираната идентитетската поставка на партијата. Тој партиски идентитет го сочинуваат сончогледи, вртикапи, полтрони и анационално настроени раководители и членови. Многу интернационалисти, малку македонисти. Ако ги имаше повеќе сигурно ќе дигнеа глас да престанат понижувањата, навредите и говорот на омраза што го шират Бугарите во Бугарија и антимакедонистите во Македонија.

Социјалдемократскиот сојуз ја процесуира, ја имплементира главната парола, со низа лаги го исфорсира стожерниот негов став. Кога сѐ ќе се земе во обѕир тој став гласи:

За СДСМ Бугарите за сите нивни барања се во право, Македонците во својата одбрана се во криво.

Во еден период од својата историја партијата го истакнуваше слоганот „Предавство е да се молчи“. Се сеќава ли некој од нивните редови на таа потреба?

Не велам дека партијата од некогашна национална надеж се претвори во национален очај, но кој и да го каже тоа, нема да згреши.

Превземено од Нова Македонија

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.