Вторник, 12 Јули 2022    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори ако од Владата кажат НЕ на францускиот предлог

1muc1

Денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во изјава за Канал 5 телевизија посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори ако од Владата кажат НЕ на францускиот предлог.

„Морам тоа да кажам дека не се наоѓа францускиот предлог, туку се наоѓа документ кој што треба да послужи за лечење на фрустрацијата на владината коалиција СДСМ – ДУИ.

Тој документ што таму се наоѓа нема никаква правно значење, ниту правна вредност. Тоа е еден лист хартија со четири потточки, нема француски предлог, нема последен предлог, нема модифициран последен предлог. И тоа е една голема лага која што во јавноста Владата се обидува да ја направи и дополнително да ги порализира граѓаните во Македонија. Нема последен предлог, туку има четири условно кажано заклучоци“, истакна Мицкоски.

Мицкоски додаде дека во Парламентот требало да се достави Протоколот бидејќи тој е суштината.

„Јас и во моето обраќање денеска кажав и ги повикав пратениците на СДСМ да ја сочуваат својата чест, а не е ова борба за власт, еве нема да бараме предвремени избори и нека седат таму во Парламент“, нагласи Мицкоски.

Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да бара предвремени избори само од Владата нека кажат НЕ на последниот предлог, само нека кажат НЕ. Ако им се важни фотелјите, функциите и привилегиите ВМРО-ДПМНЕ ќе се повлече од барањето за предвремени избори.

„Нека излезат со став за поддршка за тоа Бугарите да влезат во Уставот. Да, спомнувавме дека сме подготвени да разговараме, но со одредени гаранции коишто во овој последен предлог не ги има. Затоа што рековме нема билатерални договори,

Протоколот не ни е познат. Тоа се се’ работи за кои ВМРО-ДПМНЕ строго се противеше, а се најдени во последниот предлог. Еве нека излезат нека не растураат пердуви нека кажат каде сме дале таква поддршка. Да, сме рекле подготвени сме да разговараме, но доколку од другата страна добиеме соодветни гаранции дека билатералните договори нема да бидат дел од преговарачката рамка и дека Протоколот ќе ни биде даден на увид и дека нема да имаме историја, култура, нема да имаме ревизија на учебници. Ќе зборуваме за владеење на право, борба против корупција и криминал, подобро здравство, подобро образование “, појасни Мицкоски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.