|
||||
Ковачки: Како дезертерот Ковачевски стекнал и се' уште има безбедносен сертификат за пристап до државни тајни кога има документ дека е трајно неспособен |
Сомнително и нејасно е, и како дезертерот Ковачевски се стекнал и се' уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни, имајќи во предвид дека истиот приложил документ дека е трајно неспособен со цел да избегне служење на воен рок. Без разлика дали дезертерот Ковачевски е навистина трајно неспособен или пак лажно се претставувал дека е трајно неспособен, тој не требало да добие и да го задржи безбедносниот сертификат, односно не е во можност да ја извршува функцијата премиер. Според член 4 точки 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации пречка за стекнување на безбедносен сертификат е демонстрирање на нечесност, нелојалност, недоверливост, како и доколку истото лице страдало од болест која може да биде пречка во неговото расудување. Безбедносниот сертификат на дезертерот Ковачевски е издаден од страна на директорот на ДБКИ, Славевски, за кого иако постојат индиции дека е учествувал во криминал, земање мито за издавање на безбедносни сертификати, и со месеци бега да се јави на распит, се' уште е на функцијата. Дали самоволието во ДБКИ, и нереагирањето на дезертерот Ковачевски се должи на фактот што Славевски го издал и се' уште му го нема одземено безбедносниот сертификат, иако веќе и јавноста е запознаена дека постои промена во условите за издавање? Дезертерот Ковачевски да не бега и да не се крие. Да си поднесе оставка веднаш, а институциите да поведат постапки за него со цел утврдување на неговата состојба. Народот не смее да го води човек што или е трајно неспособен и со тоа избегнал служење војска, или е лажоман и фалсификатор на лекарски наоди, со цел да се престави себе си како трајно неспособен, за да не служи војска. |