Вторник, 19 Јануари 2021    PDF Печати Е-пошта
Македонците во Бугарија постојат во сите пописи по 1944 г.

од С. Ратевски, дипл. професор по историја

Makedonci_v_Bolgariji

Во последните години бугарската наука и пропаганда прават големи напори да ги побијат резултатите од пописот на населението спроведен во Бугарија од 25. 12. 1946 г. до почетокот на јануари 1947 г. Причина за нивното упорно негирање  доаѓа од бугарската националистичка догма дека нема, не може и не треба да има Македонци зашто тие сите се “Бугари”. А резултатите од пописот се многу јасни- мнозинството од народот во Пиринскиот дел на Македонија се декларирало како Македонци. Еве ги и самите резултати:

Процент на луѓето што се декларирале како Македонци според околии.   (неофициални резултати објавени во в. Пиринско Дело на 30.12.1946 г.)

Околија

Процент Македонци

Петрич

85-90 %

Свети Врач

80-85 %

Неврокоп

60-65 %

Разлог

55-60 %

Горна Џумаја

45-50 %

А еве и официалните податоци за две околии (Државен архив на Р. Бугарија ф. 210, опис 1, а. е. 903; од книгата на В. Јотевски - Националната афирмација на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија 1944-1948 г. Скопје 1996, с. 155).

Збирниподатоцизапетричкаоколија

////////////////////

////////////

мажи

жени

народност

вкупно

0-18 г.

18-59 г.

над 60 г.

други

0-14 д.

15-49 г.

над 50 г.

 

Бугари

756

168

569

19

430

160

225

45

 

Македонци

15 609

7539

6 690

1380

15 224

6 292

6801

2131

 

Помаци

11

5

/

/

/

/

/

/

 

Турци

142

/

/

/

/

/

/

/

 

Руси

2

/

/

/

/

/

/

/

 

Грци

/

/

/

/

/

/

/

/

 

Цигани

191

98

79

/

77

77

/

/

 

Каракачани

24

12

10

/

13

13

/

/

 

Срби

/

/

/

/

/

/

/

/

 

Вкупно

16 745

7 822

7248

1399

15 774

6542

7026

2176

 

Збирни податоци за Светиврачка околија (1946 г.)

//////////////////

мажи

жени

народност

вкупно

0-18 г.

18-59 г.

над 60 г.

вкупно

0-14 г.

15-49 г.

над 50 г.

Бугари

2 862

1 179

1 437

226

2 470

970

1 169

330

Македонци

18 174

8 475

7 779

1 420

17 953

7 190

8 315

2 448

Помаци

29

16

12

1

26

8

14

4

Руси

10

/

7

3

/

/

/

/

Грци

4

1

3

/

2

/

2

/

Романци

3

/

/

/

/

/

/

/

Цигани

373

189

152

30

368

178

146

42

Евреи

1

/

/

/

2

1

1

/

Ерменци

7

1

6

/

1

1

/

/

Албанци

/

/

/

/

4

2

2

/

Чеси

/

/

/

/

2

/

/

1

вкупно

21 463

9 861

9 396

1 680

20 828

8 362

9 749

2 825

писмени

13 613

/

/

/

10 069

/

/

/

неписмени

7 859

/

/

/

10 764

/

/

/

Според бугарските толкувања резултатите се должат на притисок врз населението извршен од страна на Н.Р.Македонија и Југославија преку БРП-комунисти (?) и оние граѓани што се спротиставувале биле малтретирани и праќани во затвор. Во прилог на тоа се наведуваат поединечни сеќавања на луѓе со денешен датум. Но таквата теза е абсолутно нереална и неодржлива.

Веднаш се поставуваат неколку прашања. Зошто не постои наредба за задолжително запишување на населението како македонско и како можело без таква наредба да се изврши насилно помакедончување на населението од страна на попишувачите кои според бугарските автори исто се осеќале Бугари? (Великобугарските апологети цитираат само една слична наредба,издадена наводно од околијскиот началник во Разлог, но не можат да објаснат зошто непостојат такви наредби во останатите околии на Пиринска Македонија, ниту централна наредба во слична смисла. Како даразложкиот градоначалник самоинициативно се осудил да издаде таква заповед. Резултатите од пописот во Разложко каде бројот на запишаните како Бугари е втор по големина во округот прават постоењето на таква наредба нереално и сомнително во секој поглед.) Испаѓа дека попишувачите тоа го сториле самоинициативно и против својата совест и оваа чудна идеја им дошла некако на сите нив истовремено. Потоа, зошто во пописните карти не фигурира графа “Македонец”?! Зачудуваат и резултатите кои иако (според бугарските автори) биле добиени по пат на насилство не се 99 % (какви се сите резултати добивани по директива кај комунистите) туку  средно 70 %  Македонци? Зошто резултатот по околии е толку различен?

Процентот на Македонците (т.е.на оние што се декларирале како такви, зашто сите во Пиринско се Македонци) е најголем во најодалечените од Бугарија околии каде и асимилацијата била послаба и тоа е сосема разбирливо. Неразбирливо станува кога ќе го погледнеме од бугарска гледна точка. Испаѓа дека во пограничните околии каде отпорот е многу полесен и хората се помалку зависни тие дале најслаб отпор а во околиите  во внатрешноста каде и контролата и стравот се поголеми а условите за отпор помали тие успешно и храбро и се спротиставиле на власта и околу половината се запишале “Бугари”.Најголем е процентот на “Бугарите” токму во најкомунистичките околии-Разлошка и Горноџумајска а најмал во Петричка и Светиврачка каде базата на комунистите е најслаба - па за каква директива и насилство преку БРП(к) може да станува збор? Сакам да обратам внимание дека пописот е спроведен  во Бугарија, од бугарски власти во враме кога сеуште постои демократска опозиција и кога Пиринскиот дел веке 34 години се наоѓал во Бугарија за кое време Македонците биле бугаризирани! Ако постоел некаков страв тој бил кај луѓето со Македонска свест за кои и сегашноста и иднината биле целосно нејасни а не за луѓето со бугарска свест кои живееле во бугарска држава. Тие последните немале никаква причина за страв зашто согласно со одлуките на Џ пленум на ЦК на БРП(к) од 9.08 1946 г. дури и да дојдело до обединување на Пиринскиот дел кон НР Македонија (“земајки ја во предвид волјата и интересите на самиот македонски народ”) тоа ке било во рамките на федерација во која ке се наоѓала и Бугарија без да постои граница меѓу Македонија и Бугарија а  сите жители на Пиринска Македонија кои сакале ќе можеле да си го задржат бугарското државјанство.

Друга била ситуацијата за луѓето со македонска свест. Не само што немало за нив графа “Македонец” на пописот, но и никој не им гарантирал дека можат слободно и без последици да се изјаснат како Македонци. Дури пет дена по започнувањето на пописот поради бројните прашања на читателите во ,Пиринско Дело (25.12 1946 г.) излегува текст дека Македонците можат слободно да се изјаснат како Македонци. Македонската емиграција во етничка Бугарија тоа можела да го прочита дури по завршувањето на пописот на 6.01.1947 г. во в.Македонско знаме.Може но не мора-тоа е пораката притоа многу задоцнета.

Сепак најдобар доказ дека изјаснувањето било слободно ( освен несигурноста кај луѓето со македонска свест се разбира) се самите резултати.Од 5 до 55 % од населението во разните околии на Пиринска Македонија се запишало како “Бугари”. Ако тие можеле да го сторат тоа зашто да не можеле да се запишат “Бугари” и останатите доколку сакале?И обратно , ако тие што се запишале како Македонци го сториле по принуда зошто немало таква принуда и за оние што се запишале како “Бугари”? И во што би се состоела таквата принуда? Како например се казнети  55 % од населението на Горноџумајска околија што се запишале како Бугари? Или 40-45-те % во Разлог? Според бугарското толкување на пописот тие треба да се пратени во затвор но такво нешто нема.

Доколку бугарската власт навистина сакала да го запише населението во Пиринска Македонија како македонско тоа многу лесно можела да го направи по административен пат без да ги прашува луѓето, како што постапувала дотогаш. (Конкретен пример: Елена Глигорова од село Цапарево до 1944 г и по 1963 г. редовно е запишувана како “Бугарка” и ако се осеќала и до денес се декларира како Македонка.Таа тоа го коментира така: “никој не ме прашал”. Дури и луѓето што биле испраќани на смрт затоа што се декларирале и бореле како Македонци редовно биле запишувани како “Бугари” !)Несомнено е дека доколку сакале сите Македонци да се запишат како Македонци , а не како Бугари, властите тоа целосно и лесно ќе го направеле и во 1946 г. а не само делумно.Јасно е значи дека тие не сакале такво нешто.

Што се однесува  до современите “сеќавања” на поединци за насилно запишување како Македонци во 1946 г., тие не можат да се ослободат од сомнението имено дека се современи и профитерски ,дадени од луѓе што  позициите во општеството ги должат на својата бугарска определба , или на луѓе кои , сакајки да ги задржат стекнатите позиции инсистираат на секој начин да ја измијат нерентабилната  македонистичка дамка од своето минато и да ја докажат својата современа но и “исконска” чиста бугарска свест. Притоа треба да се прави разлика меѓу луѓето што се самоопределувале како Бугари и великобугарските националисти кои се стремеле својата определба на секоја цена да му ја наметнат на сето население и затоа јаросно се спротиставувале на дадената можност Македонците да се самоопределуваат како Македонци (како митрополитот Борис например). Првите немале проблеми со власта додека вторите можело законски да бидат санкционирани.

Уште помал доказ за “насилство врз бугарската свест” се пресудите за “ванчомихајловизам” кои биле донесувани не поради бугарската свест на судените лица, туку  или за нивно учество во организацијата на Михајлов порано и злодела против комунистите, или заради антикомунизам, или поради определба за обединета и независна Македонија под западен протекторат и др. при што често се осудувани и луѓе со македонска национална свест. Познато е дека пресудите во сталинистичкиот период имаат шаблонски карактер  без да се  води сериозна сметка за реалнтасодржина и вистинитоста на престапите. Доколку се судеше на луѓето со бугарска определба би требало половината население на Разложка и Горноџумајска околии да се најде в затвор.

Обидите да се негираат резултатите не држат.Притоа многу е симптоматично  дека “научниците” -негатори  зборуваат само за овој попис но немаат храброст да ги анализираат другите пописи и  нив едноставно ги премолчуваат, што само по себе доволно зборува за научноста и објективноста на нивните трудови како и за целите што си ги имаат поставено. Не обид да се истражи вистината , туку обид таа да се порекне (каде постои можност) да се изврти или премолчи(каде што не може да се фалсификува)! Да погледнеме тоа што храбро  и објективно се премолчува од Бугарска страна.

Во 1946-1947 учебна година (т.е. во иста година со гореразгледаниот попис)  во училиштата во Пиринска Македонија , Обласната училишна дирекција направила попис на учениците. Еве ги и резултатите:

Околии

Македонци-христијани

Македонци-муслимани

Бугари

Цигани

Други

Вкупно

Горноџумајска

7344/   87,4 %

116/ 1,3 %

820/ 9,3  %

69/ 0,8 %

44/ 0,5 %

8393

Неврокопска

7141/  62,7 %

3002/ 26,0 %

788/ 7,6 %

116/ 1,0 %

506/ 4,3 %

11553

Петричка

7755/  92,7 %

/

625/ 7,3 %

/

/

8480

Разлошка

4552/ 74,1 %

1420/ 23,6 %

45/ 0,7 %

129/ 2,1 %

5/ 0,1 %

6121

Светиврачка

8286/  88,9 %

/

906/ 9,6 %

145/ 1,5 %

/

9397

вкупно

35048/ 78,4 %

4538/ 10,5 %

3184/ 7,3 %

459/ 1,1 %

555/ 1,3 %

43844

(од книгата на В.Јотевски,Националната афирмација...стр 156)

Вкупниот број ученици со македонска национална свест( и христијани и муслимани) е 39 586 (88,9 %) наспроти 3 184 “Бугари” (7,3 %) , 459 Цигани (1 %) и 555 други(1,27 %-највеке Турци и Евреи).

Не е познато да имало наредба за задолжително запишување на децата како Македонци а и постоењето на 3 184 кои се запишале Бугари покажува дека бугарската идентификација не била забранета. Не се познати  никакви репресалии врз оние што се запишале Бугари (за разлика од репресалиите врз ученици што се декларирале како Македонци во 60-тите и 70-тите години).Резултатите го потикнале бугарското министерство за просвета  да преземе чекори за воведување на Македонски јазик и историја во училиштата во Пиринска Македонија што се реализирало во следната година. Резултатите на овој попис споредени со оној на населението  наведуваат на размисла. Децата се секогаш поотворени и храбри, помалку се сообразуваат со општествените наслојувања и повеке се бунтуваат против неправдата одколку возрасните.Тие не само што не се бунеле при спроведувањеѕо на пописот (уште еден сигурен знак дека тој бил спроведуван демокраатски!) но и храбро по детски ја искажале својата националност-нешто што нивните родители напатени и наплашени од 34 годишниот терор и несигурни во иднината не секогаш наоѓале храброст да го направат. Така резултатите од пописот на населението во 1946 г. за пиринскиот крај навистина не ја одразуваат доволно точно свеста на населението бидејки поради инертниот страв многу луѓе со македонска свест се декларирале како “Бугари”!

Познато е исто така дека  БРП-комунисти во тој период во однос на Македонците се придржувала до принципот на национално самоопределување, поради што била остро критикувана од македонските патриоти во Бугарија. Тие поаѓале од фактот дека 34 години Македонците во Бугарија биле бугаризирани па директната примена на принципот на самоопределување значел обид да се озаконат резултатите на таа асимилација. Тие барале културно просветна работа и време за да се надминат последиците од бугаризацијата, Македонците да добијат доволно информација за да можат да преценуваат објективно и дури тогаш да се примени принципот на самоопределување. Притоа укажувале на фактот дека 99 % од населението во Пиринска Македонија е Македонско и затоа не може таму да станува збор за Бугари туку за бугаризирани Македонци(писмо на Г.Мадолев до ЦК на БРП(к)). Таквите нивни ставови не биле земени во предвид и бугарските власти продолжиле да го применуваат принципот на самоопределување подржувајки го на таков начин резултатот на 34 годишната асимилација-бугарската национална определба меѓу Македонците. (Таквата определба е потврдена на петнајсетиот пленум на ЦК на БРП(к) од 13.07.1948 г. во заклучоците “т.6 Да му се остави на населението во Пиринскиот крај самото слободно да ја определува својата националност”).

Тоа посебно ке дојде до израз по резолуцијата на Информбирото во летото на 1948 г. против Југославија по која е укината минималната културна автономија во Пиринска Македонија и асимилацијата (неофициално) е  возобновена. По 1948 г. бугарската власт официално признава постоење на македонска нација (со многу оградувања) а неофициално ја негира.

Следниот попис на населението што исто се премолчува од бугарска страна е спроведен  во декември 1956 г. во поинакви услови. Македонецот Г.Димитров е мртов. Сталинистот Червенков е одстранет. Начело на БКП застанува Тодор Живков , водач на нејзиното националистичко крило и отворен националист. Новиот попис е замислен од него како начин на кој да се покаже непостоењето на македонската национална свест во Бугарија. Како фанатичен бугарски националист тој бил апсолутно сигурен дека Македонците се чувствуваат Бугари и при слободно изјаснување тоа ке го декларираат. (Интересен е еден случај раскажан од самиот Живков во неговите спомени. Пред пописот кога бил на посета во град Гоце Делчев го почастиле со местна ракија и тој наздравил со зборовите:”силна е ,влече на југ” .Присутните го аплодирале. Тоа тој го сфатил за несомнен знак за бугарските чувства на населението(?!)што доволно зборува за него како личност па не треба коментар). Затоа тој бил посебно заинтересиран пописот да се спроведе слободно. Во инструкциите за контролорите на пописот во однос на Македонците директно стои дека секој сам си ја одредува националната припадност (в'прос 8 б)) а тајната на податоците била загарантирана. Токму ова е причината резултатите од овој попис во Бугарија упорно да се премолчуваат. Никој не може да се пофали дека на него бил присилуван(што во 1946 г. теоретски сепак може да се прими во поединечни случаи,но од страна на локални македонски патриоти а не на власта).Еве ги и резултатите од пописот.

 

Н Р Бугарија

 

Благоевградски

округ

Вкупно

7 613 109

100,00 %

221 015

100,00 %

Бугари

6 506 541

85,47 %

93 671

33,33 %

Македонци

187 789

2,47 %

178 862

63,64 %

Цигани

197 789

2,52 %

4 774

2,16 %

Турци

656 025

8,62 %

3 219

1,46 %

Национална структура на населението во Пиринска Македонија според по околии истиот попис

Околии

Македонци

Бугари

Други

Санданска

89,49 %

7,51 %

3,00 %

Петричка

82,64 %

15,15 %

2,16 %

Благоевгратска

52,18 %

45,08 %

2,71 %

Разлошка

45,18 %

39,05 %

11,92 %

Гоцеделчевска

45,77 %

49,45 %

4,77 %

вкупно

63,64 %

33,33 %

3,03 %

Резултатите се близки до оние од ученичкиот попис во 1946 г.само што Македонците муслимани по необјасниви причини се запишани како Бугари.  Присутноста на 33,33 % Бугари ја потврдува слободноста на пописот во однос на Бугарската самоопределба. Во времето на зацврстена и апсолутна комунистичка диктатура доколку власта сакала резултатот би бил 99 % Македонци а не одвај 63,64 %.

Во врска со ова сакам да наведам и еден спомен на татко ми Иван  кој за време на пописот живеел во селото Раздоло, Каршијака во Пиринска Македонија. “Немаше никакво насилство. Беше слободно. Сите во селото се изјаснија како Македонци, само еден Георги се запиша Бугарин. Оттогаш сите во селото го викааа “Ѓорги-бугарино.”

Резултатите од пописот не го обесхрабриле Т.Живков. По одстранување од власт на Македонецот Антон Југов(1959) и зближувањето со Тито,тој во март 1963 г. на пленум на ЦК на БКП прочитал свој реферат во кој ја негирал македонската самобитност. Идеолозите на БКП свесни за реалноста го примиле со молчење а повекето присутни во своите говори де факто не се согласувале со него и ако формално му дале полна подршка. Користејки се со силата на својата позиција (премиер и шеф на БКП) тој ги наметнал своите ставови и пленумот “дошол до заклучок”  дека Македонците во Пиринска Македонија се чисти Бугари ( се разбира никој и не помислил да ги запраша самите Македонци),дека не постои македонска националност и соодветно дека Македонската нација во Вардарска Македонија се изградува на “антибугарска” основа,како последица од асимилацијата  извршена од страна на српската буржоазија таму(?!) Колку и да  биле нереални овие ставови сепак влегле во темелот на современиот бугарски национализам. Така Тодор Живков,познат во Бугарија како “тато” станал татко на бугарскиот неонационализам од кој бугарската власт е немоќна да се ослободи ден денеска.

Новите ставови на ЦК на БКП биле спроведени во живот по сите правила на комунистичката дикататура. Во 1964-1965 година се води масовна пропагандна кампанија за бугарштината и против Македонската национална посебност. Во услови на секаков притисок е спроведен новиот попис на населението во 1965 г (година порано од вообичаеното!). Овој пат резултатите се во согласност со познатата комунистичка процентуална  шема: 99,5 % од  населението во Пиринска Македонија било изјаснето како “Бугари”,а одвај  0,5 % издржале да се запишат Македонци што скапо го наплатувале. Еден дедо ми раскажа дека кога дошле да го запишуваат и го прашале каков е по националност,рекол:Македонец.Му одговориле дека нема Македонци и може да се запише како Бугарин.Тогаш им рекол:”кога не може Македонец запишете ме Славјанин”.Што се случило потоа не кажа но веројатно бил изјаснет како Бугарин. (Слични неутрални националности се користени од Македонците и во пописот од 1992 г. кога , ако не им било дозволувано да се запишат како Македонци во знак на протест често се запишувале Ескими, Патагонци, Кинези и сл). Интересен е и случајот со претседателот на општинскиот совет во село Скрт-Петричко кој  во пописната карта своерачно допишал “По наредба на Бугарската Комунистичка Партија  изјавувам дека сум Бугарин “ што многу го чинело и него и неговото семејство. Многумина биле тепани, заплашувани,многумина не биле ни прашувани, а уште посилно делувал стравот од власта. Всушност резултатите сами зборуваат за себе и не е потребен коментар. Тие покажуваат колку се плашел народот од власта и колку шанси имал да се запише различно од она што му го диктирале (што уште еднаш потврдува  дека пописите меѓу 1946-1956 г. во кои 1/3 се декларирале како Бугари  биле слободни). Во внатрешноста на Бугарија каде не можело да се води толку строга контрола по  тоа прашање како во Пиринскиот дел 8750 души се изјасниле како Македонци (во Пиринско се само 1 500).

Веднаш по пописот започнала кампања за  смена на пасошите во кои била означена Македонската националност, со такви во кои пишувало “Бугари”. Притоа не биле поштедени ни оние што сепак успеале да се запишат Македонци-и тие добиле карти  како Бугари. Кампањата придружена со најгруб притисок, закани и насилство траела три години, но дури до 1974 г.  се уште имало луѓе што одбивале да си ги сменат пасошите трпејки ги сите негативни последици од тоа. Кога милицијата ќе запрела граѓанин со пасош во кој стоела македонска националност таа пасошот го кинела и го казнувала “прекршителот” (таков е на пример случајот со Андон Андонов од Голешево на кој три пати му го кинеле пасошот за да го натераат да си го смени). Претседателот на бившата Македонска Народна Федрална Организација (1943-1948) Никола Георгиев од Петрич (бивш концлогорист по македонското прашање)  одкако го добил новиот пасош во кој бил означен како Бугарин одбил да го прими изјавувајки дека не е негов  (поради својата македонска национална свест тој бил гонет од власта и воопшто не му се заоишувал работен стаж, а со него заедно било малтретирано и целото семејство).

Израз на таквите нови антимакедонски определби е одбивањето на Бугарскиот Писателски Сојуз во 1965 г. да потпише договор со Друштвото на Писателите на Македонија на бугарски и македонски јазик од  што се гледа дека корените на јазичниот спор  од последните години тргнуваат од Тодорживковата националистичка доктрина од шеесетите години.

На пленумот на БКП одржан на 26-27.12 1967 г. Т.Живков донесува програма за националистичко воспитување на народот. Предвидено е пропагандата да ги опфати сите сфери на човековата дејност и сите методи достапни за тоталитарната држава. На основа на оваа програма се врши планска денационализација на Македонците во Бугарија во наредните децении. Во шеесетите години се оформува Живковата концепција за единствена бугарска социалистичка нација. Во 1968 г.е донесена и званичната догма по македонското прашање во псевдонаучен стил (со премолчување и искривување на делови од историјата) во брошурата “Македонскија в'прос”-издание на Бугарската Академија на Науките. Академијата разбирливо “доаѓа” до апсолутно идентични сфаќања на историјата како немногуграмотниот Живков. Така македонската нација и “научно” е осудена на непостоење.

На ист начин е спроведен и пописот во 1974 г. и резултатите се слични. Само бројката на Македонците декларирани како такви во Пиринскиот дел се намалил три пати и стигнал 500 , додека во внатрешноста на Бугарија немало промени.Така “Бугарите” во Пиринска Македонија станале 99,9 %.

Таквата политичка линија на  Живков во осумдесетите години го доведе во судир и со турското малцинство. Само што сега проблемот не можел да се премолчи,како поради започнатите гласност и перестројка и зближување со западот,така и поради присуството на силната турска држава спремна да ги заштити своите сонародници (за разлика од случајот со Македонците,чија држава се наоѓаше во рамките на централистичка Југославија без своја политика па не можеше да се застапува за своите сонародници без дозвола на Тито). Т. Живков пак “откри” дека всушност Турците во Бугарија биле асимилирани Бугари и им  ги смени имињата. БАН пак ги прифати и “научно” образложи неговите откритија (справедливо е Т.Живков да биде посмртно примен за почетен член на БАН и да му се пресуди  докторска титула бидејки на два пати успеал да направи револуционерни научни откритија посрамотувајки ги титулираните бугарски историчари и учејки ги како “треба” да работат). Тоа доведе до познатото бегање на 500 000 Турци од Бугарија. Со тоа етничко чистење Живков е всушност претеча и учител на Слободан Милошевиќ. Случајот со турското малцинство го илустрира и случајот со македонското малцинство пред тоа. И Македонците даваа силен (дури и вооружен) отпор.Организации постоеа во секое населено место и секое училиште, но во времето на најдив комунизам и во екот на студената војана тие немаа никаква шанса.

Во јануари 1990 г. бугарскиот парламент од немајкаде  делумно се коригира спрема турското малцинство но во однос на Македонците на 07.03 1990 г. го потврди тодорживковиот став дека македонското малцинство е “непостоечко” и “нема ниту историски,ниту правни,ниту какви и да било други основанија да се бара такво малцинство” во Бугарија. Програмата за националистичко воспитување на народот имаше дадено “богати “ плодови.И покрај изјавите на министерот за надворечни работи Бојко Димитров , дека “доколку станува прашање за етничкото самосознание, во условите на демократизација кај нас нема никакви пречки за слободно изразување на волјата” дадена на 16.02 1990 г , појавата на македонските организации и нивните акции во март и април  истата година се дочекани крајно непријателски и со етикетирање “предавство,родоотстапништво” и сл. а во мај се преземени директни чекори за нивна забрана (само намесата на меѓународниот фактор ги спаси овие организации од целосно уништување). Така се покажа дека правото на самоопределување(според бугарското сфаќање) важи за Македонците само ако се изјаснат како Бугари но доколку се дрзнат да го искористат за да се декларираат како Македонци ке бидат прогласени за предавници на “својата” нација. Се покажа исто дека наспроти зборовите на министерот основна пречка “за слободно изразување на волјата” е токму државната власт и бугарскиот национализам.

Официалните антимакедонски ставови не се променија  ниту по пописот од 1992 г кога според последните официални податоци 10 803 души се декларирале како Македонци (на 8 000 од нив властите не им ја признаваат националната определба бидејки како мајчин јазик го посочиле бугарскиот  при што пак се обидуваат да ги озаконат резултатите од асимилацијата). Тоа меѓутоа ни најмалку не им смета на бугарските влади по секој повод најофициално да тврдат дека во Бугарија нема Македонци и македонско национално малцинство.

Пописот во 1992 г. е спроведен во услови на забранети и прогонувани македонски организации,насилства над нивните членови и масовна антимакедонска пропаганада. Не е направено ништо да се намали со децении насадуваниот страв.Податоците не се тајни. Нема посебна графа “Македонец” (макар што во сите претходни пописи Македонците постојат!) додека се запишани со посебна графа малцинства од 2-3 000 души. Допуштени се бројни прекршоци.Често преброителите воопшто не ги ни прашале граѓаните а директно ги запишувале како Бугари, па морало похрабрите да протестираат. Чести се и случаите кога преброителите  ги агитирале оние што се изјасниле како Македонци дека тоа е неправилно и дека се тие Бугари. Во еден случај го замолиле запишуваниот да не инсистира да се запише како Македонец “зашто ќе треба после с# да препишам од почеток”! Во друг случај се обиделе да зпишуваат со молив па морало запишуваните да протестираат ( и двата случаја се од Сандански). Не се објаснувало добро за да  разберат луѓето кои сакале да се декларираат како Македонци дека тоа можат да го сторат во посебната графа “други”, а едноставно им нуделе да ги запишат како други ,ш то нормално се сфаќа во смисла  да ги запишат под некое од другите малцинства (Турци, Цигани и др. ) поради што некои се согласувале “подобро” да ги запишат како Бугари.  Насред пописот во локалните медии се кренал голем шум за опасноста од македонизмот и запишувањето на луѓето како Македонци и ја повикувале власта да преземе сериозни мерки против оваа “национална опасност”.

Интересно е дека тие изнесуваат неофициални податоци што многу се разликуваат од официалните. Според нив: “во гр.Петрич 30 % се запишале како Македонци”(т.е. 12-13000);”во Благоевград 9 000 души се запишале Македонци”;”во некои сандански села до 80 % од населението се запишува како Македонци” и слично.Тоа никако не може да се усогласи со излезените по големо задоцнување официални резултати за само 10 803 Македонци во Бугарија. Кога и во најголемиот притисок во 1964 - 1974 г. надвор од Пиринска Македонија се запишувале Македонци 7-8 000 души, би испаднало дека сега само 3 000 души во Пиринска Македонија се запишале како Македонци што е очигледна невистина (само членовите на разните македонски организации таму со своите семејства се над 5 000 души). Затоа и македонските организации во Бугарија не ги признаваат официалните резултати од овој попис ( а исто и оние во 1965,1974 г) како добиени од недемократски спроведен попис и дополнително фалсификувани.

За одбележување е дека меѓу последниот и предпоследниот попис има пауза од 18 години наместо нормалните 10 што го издава стравот на властите од евентуалните резултати.

И друго чуди  во последниот попис-присуството на околу 80 000 души запишани како “други” макар што сите малцинства(освен Македонците) си имаат посебна графа!

Можеме да заклучиме дека Македонците се присутни независно од притисоците на сите шест пописи од 1946 г. до сега па  одрекувањето на нивното постоење денес во Бугарија  едноставно е лага (и тоа неверојатно цинична) и плод на ирационален шовинизам. Причината за таквото негирање е очигледна:македонската национална свест во Пиринска Македонија (која од турска поминала директно под бугарска власт) не може инаку да се објасни освен како изворна и наследена од самиот народ од минатото а не привнесена однадвор и вештачка како  што очајнички бесмислено се обидуваат да докажат бугарските национални идеолози. Македонската свест во Бугарија е живиот доказ, фактот што ги замолчува сите бугарски националистички софистицизми за непостоењето на македонската националност.

Само пописите меѓу 1946-1956 г. се спроведени слободно а оние потоа во услови на груб притисок.  Дали Македонците со македонска свест во 95 % македонскиот Пирински дел се уште се мнозинство или како последица на асимилацијата станале малцинство (како свест) на својата територија,не знаеме бидејки не постојат реални показатели за тоа (а за тоа се криви токму бугарските власти). На основа на повеке лични набљудувања можам да констатирам дека голем дел од населението таму ги одбегнува “националните прашања” и честа е појавата на луѓе без своја национална свест чија девиза е: “каков ме запишат таков сум”. Бугарската свест кај многумина што се декларираат како Бугари е мошне слаба:”штом живеам во Бугарија сум Бугарин-ако живеам во Турција ке бидам Турчин”. Многу силен  е стравот кај луѓето што се осеќаат Македонци тоа да го декларираат пред непознати луѓе.

Неопходно е Бугарија да преземе чекори за разбивање стравот меѓу Македонците (да признае постоењето на македонско малцинство кај неа,да изјави дека секој слободно без страв може и треба да се декларира според своето чувство  и да постави посебна графа “Македонец” на пописите бидејки бројката на Македонците е доволно голема) и да преземе мерки за смирување на нетрпеливоста на Бугарите во однос на Македонската национална посебност што во последните децении вештачки е создадена од страна на властите по програмата на Т. Живков -за да се реши проблемот демократски и по европски.

Веке постојат срамежливи знаци во позитивана насока но за жал мора да се констатира дека ирационалниот национализам во Бугарија е се уште премногу силен.

 

На прво место

News image

Не го прави тоа што несакаш тебе да ти го направат!

Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Остро го осудува вандалското однесување на мала група хулигани ког...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.