Актуелно
Четврток, 18 Септември 2014 19:24    PDF Печати Е-пошта
Драган Богдановски – живот посветен на идејата за независна и обединета Македонија

Dragan Bogdanovski 4На 18 септември 2014 година се навршуваат точно 85 години од раѓањето на една од најмаркантните фигури од поновата историја на македонскиот народ - Драган Богдановски. Интересот за Богдановски во последниве години е особено изразен, и тој не е случаен. Драган Богдановски е најмногу познат по неговата политичка активност во емиграцијата и Р. Македонија, но многу помалку е познат неговиот творечки опус, кој дополнително треба да се истражува.

Повеќе...
 
Среда, 17 Септември 2014 03:05    PDF Печати Е-пошта
Во Романија прослевен 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија

romanija-8-septemvri-180„Република Македонија ќе продолжи во нејзините напори да гради мостови на пријателство и соработка. Како добар сосед, ние продолжуваме со изградбата на инфраструктурните и енергетските, трговските и економските, политичките и културните коридори, кои не` поврзуваат нас со сите наши поблиски и подалечни соседи. Овие коридори што сега се градат, овие врати на соработка кои ги отвораме, еден ден ќе се користат од страна на нашите деца и децата на нашите соседи. Тие ќе живеат во иднина во регионот кој сега ние го создаваме. Ние сакаме да им оставиме обединет европски регион, со избришани граници на поделбите од минатото“ – вели амбасадорот д-р Панде Лазаревски за романскиот „NINE O’CLOK“.

Повеќе...
 
Среда, 17 Септември 2014 03:01    PDF Печати Е-пошта
Писмо од Хрватско Народно Ослободително Движење по повод пресудата на Драган Богдановски

hrvatska-180Осудувате човек на 13 години затвор само затоа што дрдорел (зборувал), а не ликвидирал никого од послушните слабаци и плеткачи. Само судете! Ќе ви се суди и вам!

Повеќе...
 
Понеделник, 08 Септември 2014 00:03    PDF Печати Е-пошта
Честит 8 - ми септември, Денот на Независноста

8 септември

Денот на независноста 8 септември во Македонија се слави од 1991. На тој ден македонскиот народ, излезе на Референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независност со мнозинство - 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?

Повеќе...
 
Среда, 13 Август 2014 03:03    PDF Печати Е-пошта
Зубовчани на Марена не работат, празнуваат

zubovce-marena-240Пред многу векови, според преданијата, во екот на жетвата во зубовското поле, на житните култури, избил пожар и целиот принос на житото изгорел

Повеќе...
 
Сабота, 02 Август 2014 12:03    PDF Печати Е-пошта
Отворена манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ 2014

10537419 697040313684953 2497467100022276994 nГовор на Потпретседателот на НКС „Десет дена Крушевска Република“, Г-дин Манојил Јаковлески, на 1 Август 2014 на Гумење во Крушево.

Почитуван Претседател на Собранието на Р.М. Г-дин Трајко Вељаноски,

Почитуван градоначалник на Крушево Г-дин Ѓорги Дамчевски,

Почитувани претставници на МПЦ-ОА,

Почитувани Пратеници, Екселенции,

Почитувани Крушевчани, дами и господа, браќа и сестри,

„Од сон до сонце“е мотото под кое оваа година македонскиот народ во целиот свет го одбележува Илинден. Оваа година славиме јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание.

По тој повод ми претставува особена чест и задоволство во името на Советот на научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“, да Ве поздравам од ова историско место на македонскиот непокор.

Секоја година Советот на научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ организира богата ПРОГРАМА за овие десет дена.

Оваа година покровител на одбележувањето на најголемиот македонски национален празник Илинден е Претседателот на Македонското собрание, Г-дин Трајко Вељановски.

На кратко програмата за оваа година:

Утре 2 август, Традиционална прослава

Во чест на Крушевската Република на Мечкин Камен

3 август, Влашка вечер, посветена на Питу Гули

4 август, Во спомен на жртвите на холокаустот и во чест на сите Евреи кои се бореле за самостојна Македонија

5 август, Македонски народни песни, концерт на Миле кузманоски

6 август, Вечер на Оперски Дуети „Љубовни Приказни“ Концерт на Билјана Јосифов и Дарко Нешковски

7 август, Гостување на Општина Маврово и Ростуше

8 август, Гостување на Општина Македонски Брод

9 август, Гостување на Општина Мала Преспа

10 август, Затворање на манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ 2014

Настап на етно музичка група „Љубојна“

И на крај, церемонија на спуштање и засолнување на бајракот и почесна стрелба за хероите на Илиндени Крушевскта Република.

a 103

Почитувани,

Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република во 1903 година, по повеќе од еден век на преживеани крвави настани, поделби и војни, претставува една од најсилните и најсветлите манифестаци и како спомен од херојската борба на македонскиот народ за слобода и независност.

Илинденското востание, беше историски настан без преседан,повикот до сите обесправени, без оглед на вера и нација, да застанат заедно под знамето на востанието, беше далеку пред своето време.

Формирањето на Крушевската Република, претставува аманет да не заборавиме кои сме и што сме. Аманет за високите хумани вредности прокламирани со Крушевскиот манифест.

Аманет да се продолжат постапките кои ги поставија апостолите на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Тодор Александров, Питу Гули, Христо Узунови плејада други македонски борци кои ги дадоа своите животи за слободна и независна Македонија.

Аманетот на првиот Илинден беше исполнет со вториот Илинден, кога на 2 август 1944 година, беше одржано Првото заседание на АСНОМ и формирана македонската држава.

Ако 1903 година на првиот Илинден, македонскиот народ во Крушево ја формира првата демократска Република на Балканот, ако на вториот Илинден од 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчињски ги положи темелите на македонската државност, тогаш на 8 септември 1991 година македонскиот народ се стекна со целосна самостојност, независност и сувереност.

Да расправаме, да се натпреваруваме во нудење идеи и решенија за сите прашања од јавен интерес,тогаш разликите се потребни и корисни. Меѓутоа, кога е во прашање националниот интерес, тука мора да има единство!

И по 111 години Илинден и 70 години од АСНОМ, камбаните во цела Македонија повторно бијат за нови „Илинденци“кои ќе го продолжат аманетот на своите предци, да ја продолжат завршната битка, битка за економски развој и битка за зачувување на името и идентитетот.

Инспирираат и поттикнуваат делата на големите претци од времето на Филип и Александари на сите оние кои со перо и со пушка, со збор но и со дело го живееле сонот за независна Македонија.

Ако во минатото патриотизмот се покажувал со пушка во рака, денес патриотизмот го докажуваме со постигнувања во науката и образованието, во културата и спортот,во економијата и создавањето инфраструктура која значи подобри услови за развој.

Да создаваме, оти така се остваруваме како луѓе создадени од Бога, со добра мисла и благослов, за доброто на генерацијата денешна, но и за генерациите што следат.

Со мудрата политика, решителност, толерантност и чесност на Премиерот на Владата на Р.М. Никола Груевски, мудроста на Претседателот Ѓорге Иванов и собранието на Република Македонија, не`поттикнаа да работиме неуморно за македонската кауза, да ја градиме нашата држава и да го зачуваме нашиот белег.

Стана обичај да се повторува нашата посветеност кон евроатланските интеграции. Да, одамна сме рекле дека наша цел е да бидеме дел од ЕУ и НАТО.

Ние сме спремни и за ЕУ и за НАТО. Чекаме само ЕУ и НАТО да бидат спремни за нас, без двојни стандарди и без блокади.

Бидејќи, само како МАКЕДОНИЈА и како МАКЕДОНЦИ сме придобивка за Европа и светот!

Некои ни велат дека имаме проблем околу името!

Да им порачаме од легендарно Крушево: Ние таков проблем немаме!

Ние знаеме кои сме и што сме и после 100 години ќе знаеме дека сме Македонци и ќе сме свесни за коренот наш Македонски!

Затоа, верувам дека и нашиот јужен сосед, ќе смогне разум и храброст да се соочи со реалноста дека оваа држава се вика Македонија, дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постоеле, постојат и ќе постојат, како нивни искрени соседи и пријатели!

Почитувани Крушевчани, овие десет дена чествување Илинден, бидете добри домаќини како и секогаш, пречекајте ги со насмевка гостите кои доаѓаат, покажете им дека во ова славно Крушево разликите меѓу луѓето не се проблем, туку предност за дружење и харомија.

Ги прогласувам Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ за отворени и некани е вечна Македонија!

Манојил (Мане) Јаковлески, Крушево, 1 август 2014 г.

 
Среда, 30 Јули 2014 03:18    PDF Печати Е-пошта
Длабоко во својата душа, Европа е Македонија

Nestor6-180“Длабоко во својата душа,Европа е Македонија.Ако европејците ги немаат одликите на македонскиот селанец,нашиот живот е загубен и ние сме зелена мува на фиданка трендафил,откорнат и фрлен на буниште. Се што сме и што правиме, не значи ништо. Се`што нашите претци биле и го правеле,не значи ништо, освен ако природно не се изедначиме со селанките од Скопска Црна Гора и од Битола,чии што прсти никогаш не ги забораваат урнеците што ги направила една древна култура, како симболи за тоа што го открила во врска со животот и смртта”.(Rebecca Wnest-”Црно Јагне СивСокол”(1937)                                                                                                                                   

Повеќе...
 
Вторник, 22 Јули 2014 12:18    PDF Печати Е-пошта
МАРШРУТА НА КОЊАНИЦАТА „Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“

10403670 858481250846284 6658833520776812672 n

Одличје за Војводата на коњичката чета „БИГОРСКИ МАНАСТИР ПАТОТ НА ЦРЕШОВОТО ТОПЧЕ“.

Одличјето е изработено од вештите раце на Влатко Билески.

Повеќе...
 
Среда, 16 Јули 2014 03:04    PDF Печати Е-пошта
Света Огнена Марија – Марена, Зубовце

marena-pogaca-240Празникот во чест на Огнена Марија кај народот наречена Марена се слави по традиција во Гостиварското село, Зубовце.

Повеќе...
 
Среда, 25 Јуни 2014 00:28    PDF Печати Е-пошта
Античко македонското собрание

Античко македонското собрание


slika_2

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.