|
||||
Брзо ќе дојдат изборите! |
Груевски: Новиот клинички центар ќе чини можеби и 7 пати повеќе од оној кој ние го градевме, граѓаните ќе чекаат најмалку меѓу 13 и 15 годиниОсмо, ако за сегашниот проект беа потребни 120 милиони евра, првичните пресметки беа дека за овој проект потребни се најмалку меѓу 450 и 500 милиони евра. И како што тоа бива, при градењето, цената ќе се помести можеби и до 600 до 800 милиони евра за се ова заедно. Значи поскапо за 4 до 5 пати, а можеби и 7 пати. Уште колку клиники и болници низ Македонија ќе изградевме со тие пари. Уште колку медицинска опрема и апарати ќе се набавеа за другите болници и клиники во Скопје или во Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Струмица, Куманово, Велес, Кавадарци, Кочани, Гостивар, Струга, Радовиш… Плус, како што разбрав, а има и логика, таму, освен студентски дом, треба да се гради и нов објект на медицинскиот факултет и многу други објекти, напиша Груевски на Фејсбук.
Статусот на Никола Груевски ви го пренесуваме во целост Ова се 10 аргументи зошто владата која ја предводев се определи за градба на сегашната локација во комплексот клиники Мајка Тереза, а не во населбата Бардовци. И зошто ќе беше подобро владата на Заев да го продолжи тој проект: Прво, земјиштето каде треба да се гради, 90 осто е приватно. Значи потребно е време и пари за експропријација. Дополнително, дел од земјиштето на кое планираат градба е дел од контактната зона на археолошкото наоѓалиште Скупи, што сериозно ја комплицира ситуацијата и бара многу време за решавање на ова прашање. Второ, потребно е носење на нови урбанистички планови каде ќе се градат објектите, кои ако денес се почнат за една година нема да се готови. Трето, потребен е комплетно нов проект за тој нов Клинички центар. Парите и времето потрошени за сегашниот одат во корпа за ѓубре. Плус ќе треба да се плаќаат и пенали за прекин на проектот кој се започна околу 5 милиони евра. Ќе треба изработка на прво идеен, па основен, па ревизија, па избор на надзор… Претходно, потребно е заедно со банката која ќе го финансира да се избере меѓународно етаблирана консултантска куќа која ќе го спроведува и надгледува проектот, на која не и се брза. Четврто, потребно е прво урбанистички планови, експропријација, финансирање, и проектирање, па потоа градба на нови огромни булевари кон новиот Клинички центар, влез – излез кон центарот на градот од најмалку две страни, во случај некогаш едната да се блокира, за што треба и многу време и многу пари. Покрај нови булевари од центарот кон новиот Клинички центар, потребно е и градба на дел од автопат и клучка која би го поврзала клиничкиот центар со обиколницата, што е нормално кога веќе се бира таа локација. Логиката и евентуалната предност на новата локација е да лесно и брзо се стигнува до клиниките, а не да се заглавува во сообраќајниот метеж. Петто, потребно е проектирање, финансирање и градба на комплетно нови, со многу поголем капацитет инсталации за водоводна мрежа, канализациска мрежа со пречистителни станици, електрична мрежа и оптика за нормално функционирање на новиот Клинички центар или комплекс клиники. Потребна е изградба и на комплетно нова мрежа за греење и затоплување, вклучувајќи и довод на гас. Шесто, потребна е нова финансиска конструкција за обезбедување кредит. Ова сега пропаѓа и се е од почеток. Нови процени, елаборати, молби, лобирања, преговори, меморандуми, преддоговори, договори, бордови, фази, гаранции, закони… Тоа значи месеци, ако не и години преговори со банките околу условите. Нивните процедури се долги и бавни. И сакаат проверка на секој детаљ во постапката. Седмо, постојните објекти на инфективна клиника, кардиологија, хирургиите и други, кои во план е да се задржат и реновираат и повеќето со топол премин да се поврзат со новиот објект нема да се искористат, па ќе треба новиот објект да е многу поголем за во него да се сместат и овие клиники и со тоа и многу поскап. Со задржувањето на овие објекти и трошок само за нивно реновирање и доопремување, се заштедуваа многу средства. Осмо, ако за сегашниот проект беа потребни 120 милиони евра, првичните пресметки беа дека за овој проект потребни се најмалку меѓу 450 и 500 милиони евра. И како што тоа бива, при градењето, цената ќе се помести можеби и до 600 до 800 милиони евра за се ова заедно. Значи поскапо за 4 до 5 пати, а можеби и 7 пати. Уште колку клиники и болници низ Македонија ќе изградевме со тие пари. Уште колку медицинска опрема и апарати ќе се набавеа за другите болници и клиники во Скопје или во Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Струмица, Куманово, Велес, Кавадарци, Кочани, Гостивар, Струга, Радовиш… Плус, како што разбрав, а има и логика, таму, освен студентски дом, треба да се гради и нов објект на медицинскиот факултет и многу други објекти. Деветто, колку време треба за сето ова? Ако беше владата на ВМРО-ДПМНЕ која јас ја раководев и водев или некоја со такво искуство и капацитет на поединците во неа, со многу брзање, со многу посветеност, со многу притисок на сите нивоа од врвот па надолу, со услов општината Карпош и градот Скопје да го водеше кадар на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и со капацитетот и стручноста на тие или такви министри и директори, како и нивни соработници, можеби би требало 6 или 7 години за да се заврши овој проект, под услов да не излезе нешто непредвидено. Со капацитетот и посветеноста на оваа политичка гарнитура предводена од СДСМ и ДУИ, најмалку 13-15 години, а можеби и повеќе, можеби и над 17 години, за да се заврши во целост и пушти во употреба. Со предвид, дека оваа влада нема долго да тера, нема ни да ги заврши подготвителните работи, а за изградба на централниот објект и да не помислуваме. Десетто, со ангажманот на толку многу повеќе пари, земени со кредит, ќе се намали просторот за кредит за други капитални инвестиции, како на пример други нови болници или апарати во други градови, патишта, хидроцентрали, гасни централи, железница, итн. Бидејќи земјата има лимит на задолжување. Надвор од тој лимит и не може и не смее, бидејќи ќе влезе во презадолженост. Значи одлуката за дислокација на Клиничкиот центар, освен што ќе биде 4 до 5 пати поскапа, ќе земе дополнителни десет години за нејзина градба, време во кое многу граѓани во поодминати години или со потешки заболувања, можеби нема да дочекаат да ја видат и користат, туку ќе оневозможи и градба на други крупни, значајни и потребни инфраструктурни проекти во земјата, како болници, градинки, патишта, хидроцентрали, гасоводи, водоводи, железници и слично. Сепак, брзо ќе дојдат изборите… |