Иселеници и Регион
Среда, 28 Декември 2016 04:00   
Гласот на етничките Македонците на петтиот континент (13)

glas-na-makedoncite-180

Гласилото „Глас на Македонците“ беше орган на Австралискиот поткомитет на „Движењето за ослободување и обединување на Македонија“ (ДООМ). И покрај тоа што не е наведен датумот на излегувањто на првиот број, од содржината може да се претпостави дека всушност е отпечатен во Сиднеј, Нов Јужен Велс, во октомври 1977 година. Весникот е отпечатен на македонски јазик, на 16 страници, на формат 21 х 29 см, но не е дадено кој го уредува гласилото. На клишето од главата од левата страна е даден амблемот на ДООМ, во средина е ликот на Гоце Далчев, а на десната страна е поместена етничката географска карта на Македонија. Под тоа стои слоганот „Нема слобода без револуционерна борбаи.

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 07:14   
Во Сиднеј традиционална Гала Вечер: НАГРАДИ ЗА ГЛУМА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА 2016

aleksandar-sidnej-10-180Минатата сабота, 17 декември во просториите на Civic Theatre во Хрствил (предградие на Сиднеј) се одржа Гала вечер посветена на театарската уметност при што се доделија престижните награди Александар Македонски. Гала вечерта официјално ја отвори амбасадорот на Република Македонија во Австралија, неговата екселенција Веле Трпевски. За најдобра актерка прогласена Валентина Апостоловска, а за најдобар актер Васко Србиновски.

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 04:03   
Практикуми со високи педагошки вредности

blaze-kitanov
Проф. д-р Блаже Китанов

(Проф. Д-р Марија Емилија Кукубајска: „Здрава храна-здраво дете“ (Штип, Емари 2016), Практикум за ,,Букварчето на Емилина“, рана детска писменост, 3-6 години (Штип, Емари 2015)

Воспитанието и образованието им е потребно на сите, и на богатите и на сиромашните, и на надарените и на тапоглавите. Воспитанието е комплементарно на образованието, па според тоа воспитанието и образованието му се неопходни на човекот. Тој процес започнува многу рано, во раниот детски развој, додека децата започнуваат да пролетуваат, да полетуваат. Како птиците. Само тие од сите животни се поистоветуваат со децата, зашто своето пеење го учат од постарите, од својата мајка, од друг според утврдено време или елементарни правила. Тоа со примерот на канарките и врапчињата на мошне сликовит начин го објаснува и современото образование како и „стариот“ И. Кант во малата книшка ,,Воспитување надецата“. Значи, не е можно образование без правила. Мислам дека кај нас недостасуваат вистинските правила, па образованието во тој случај доживува промашување.

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 04:02   
Македонски гласила во Австралија со патриотски содржини (12)

avstralija-makedonija-1-180„Приказ за македонското национално прашање“ е специјално издание на Централниот комитет на „Движењето за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) и на весникот „Македонска нација“. Тоа е печатено во декември 1975 година на англиски јазик, на 24 страници во форма на списание 21x29 см. Приказот е преведен и публикуван од огранокот на ДООМ во Мелбурт.

Повеќе...
 
Среда, 21 Декември 2016 04:01   
Украински контрасти на развојот и опстанокот

ukraina1-180Украина е независна држава вo Источна Европа.  Таа се граничи сo Русија на североисток, со Белорусија на север, со Полска, Словачка и Унгарија на запад и со Романија и Молдавија на југозапад. На југ излегува на Црното и Азовското Море. Украина прогласи независност од СССР на 24 август 1991 година, а нејзината независност е финализирана на 25 декември истата година. Официјален јазик во државата е украинскиот јазик, а доминантни религии  се православната и римокатоличката вера.

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:10   
Драмата „Баба се мажи“ го надмина очекуваното

baba-se-mazi-1-180Минатата сабота, 3 декември, во просториите на Полскиот клуб се прикажа последната петта престава на „Баба се мажи“. Како и што се очекуваше, до последно место беше пополнато и публиката задоволна го напушти клубот со благодарност и барање преставата повторно да се прикаже и да уживаат во доживувањата на баба Јана која преку ноќ стана сензација или целебрити – славна. Понуди пристигнаа од Квинбијан и Мелбурн и се планира баба Јана со белото магаре да отиде во овие градови каде Македонците достојно ќе ја пречекаат. Се надеваме дека понуди ќе има и за мажење, а свадбата секако ќе биде по македонската традиција.

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:02   
Информативни гласила што оставија траги кај Македонците во Австралија (11)

avstralija11-1-180„Македонскиот општински весник“ беше издание на Македонската општина од Перт, Западна Австралија. Тој беше регистриран како периодично издание од категорија „В“, а се печатеше на македонски со латиница и со кирилица и на англиски јазик, при што во македонските текстови се среќаваа многу архаични зборови од Леринско-костурскиот регион, како „греи‘‘, „пули“, „везден“ (доаѓа, гледа, постојано) и други. Главата на весникот е на македонски јазик; во средината е етничката карта на Македонија со ликот на Гоце Делчев, а под насловот на весникот има цртеж на Општинскиот центар.

Повеќе...
 
Среда, 14 Декември 2016 04:01   
Вечните врски меѓу Украина и Македонија

ukraina3-1-180Македонија и Украина имаат многу заеднички нешта. Двете земји се наоѓаат на стратегиски прос­тори и имаат богато културно-историско наследство интересно и за соседите. Освен тоа, двете земји има­ат богата почва за земјоделство, овоштарство и сто­чар­ство што во минатото било исклучително зна­чај­но за завојувачите. Двете земји биле предмет на рас­парчување, туѓа доминација, а и на дена­цио­на­ли­зација на нивните народи.

Повеќе...
 
Среда, 07 Декември 2016 05:06   
Дедо Мраз, пак пристигна кај нас!

dedo-mraz-1-180Во Сиднеј, се одржа традиционалниот годишен концерт за децата кои го изучуваат македонскиот јазик во училиштата во Нов Јужен Велс. Пред полна сала посетители, учениците пееја,играа и покажаа дел од знаењето што го научија на часовите по македонски јазик во текот на годината.

Повеќе...
 
Среда, 07 Декември 2016 04:03   
Киев - градот на вечноста и христијанството

ukraina2-180Црквата „Света Софија“ претставува  пре­кра­сен споменик, чии 13 куполи покриени со 19 килограми злат­­­­ни листови ги симболизираат 12-те апос­то­ли, за­ед­но со Исус Христос и 13-те области што ги обе­ди­ну­ва Украина. Киев, пак, често го на­ре­куваат: град на вечноста, контрастите,  цвеќето,  сту­дентите, на минатото, сегашноста,  иднината, на љубовта...

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.