Среда, 09 Август 2017   
Пред Ајфеловата кула – „Дамата на Париз“ (2)

france2-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ФРАНЦИЈА

Без Ајфеловата кула Париз и не може да се за­мисли. Ајфеловата кула му припаѓа на Париз. Таа е негов бренд, негова атракција и знак. Понекаде сè уш­те се слушаат протести дека таа ја за­гро­зува сликата на градот. Позната е онаа анегдота за човекот кој не можел да ја поднесе Ајфеловата ку­ла и, само затоа, секој ден се качувал на неа зашто ку­лата е единственото место во Париз од кое не се гле­да Ајфеловата кула.

„Дамата на Париз“ станува објект на ли­те­ра­ту­рата и на уметноста. За „смешната креатура која пре­дизвикува бесознание“ не се говори, туку се збо­рува, пред сè, за еден вид трогателна завист од овој сведок на создавањето на железниот период кој £ при­паѓа на сликата на градот Париз, иако во ерата на атомската физика и на вселен-ските патувања ве­ќе не претставува никаква техничка сензација.

Во центарот на Париз крај старите убави зданија, Фран­цу­зите изградиле и по нешто ново, каков што е Кул­тур­ниот центар на Париз. Таа огромна зграда, висока кол­ку десеткатница и сместена на простор колку не­кол­ку фудбалски игралишта, по сè има чуден облик. Целата  е изградена од стакло и од некакви огромни разнобојни цевки, сите во живописни бои. Низ внатрешноста на зградата се движат разни скали - ескалатори, и тоа во разни правци, пре­на­то­ва­рени со народ.

Луѓето си уживаат низ некакви про­ѕир­ни тунели, а во внатрешноста врие од народ. Поради изгледот на градбата и нејзината конструк-ција, главно, од цилиндрични елементи, парижаните ја викаат „Рафинерија“. И, на­вис­тина, таа личи на некаква огромна рафинерија. Центарот е изграден како пандан на Ајфеловата кула, но со многу поголема практична примена.

Сега е јадро на богатата култура и културните ак­тив­ности што секојдневно се случуваат во мно­гу­ми­лио­нскиот град. Таму непрекинато се прикажуваат фил­мови во повеќе киносали, се приредуваат голем број изложби, се одржуваат разни приредби, таму има библиотеки, центри за изучување на разни стран­ски јазици, театри, опери и многу други деј­нос­ти. Накратко, објектот е вистински центар на културата и културните настани во Париз и пошироко.

france2-2
Црквата „Света Богородица“ во Париз

Во Париз, една ноќ, кога градот се будеше, со автомобил се движевме по десниот брег на реката Сена. Се возевме бавно, полека, крај раскошно осветлените мостови, додека минувавме крај: Гранд Палас, Бурбонската палата, Лувр, Институтот, црквата „Нотр Дам“, Биб­лио­теката... Таму се кејовите поврзани со 36 мос­то­ви. Најстар е мостот Понт Неуф, а најблескав е поз­на­тиот мост изграден во 1900 година, посветен на рус­киот цар Александар Трети.

Меѓутоа, се чини најдобро е човек да остане во Париз подолго и да пешачи секојдневно за да го почувствува здивот на вековите на Елисејските полиња, каде вело­си­пе­дис­ти­те ја завршуваат трката околу Франција, која го спо­јува египетскиот обелиск на плоштадот Конкорд и гран-диозниот Славолук на победата на плоштадот Етоал, започнат по наредба на Наполеон во 1806 година. Оттаму не е далеку Трокадеро од каде нај­уба­во се гледа Ајфе-ловата кула,

Прет­се­да­тел­ска­та па­лата, американската и британската ам­ба­сада, како и извонредно убавите паркови на улицата „Ри­воли“. Меѓу булеварите многу чудесно се истакнува „Пе­ри­­ферија“, најфрекфентната улица во Европа, потоа шест­олинискиот прстен околу Париз, долг 36 км во кој се слеваат десетици автопатишта.

france2-3
Магијата на дворецот „Версај“

Во текот на нашиот престој во градот на спомениците, како често го нарекуваат Париз, не­кол­ку пати ја посетивме Триумфалната порта. Сре­бре­но-сивиот џин со височина од 49 м, широчина 45 м и дла­бочина од 22 м, денес се смета за мајсторско дело на неокласичниот стил. Студена и вели­че­стве­на, оваа градба се стреми кон височините на париското небо, во центарот на Етоал - раскрсница на 12 големи авении, кои со облик на ѕвездени краци трг­нуваат од овој плоштад. Река блескави ав­то­мо­би­ли се слеваат во авенијата „Шанзелизе“.

Гробот на нез­нај­ниот ју­нак се наоѓа под сводовите на Триум­фал­ната порта. Од 11 ноември 1920 година, овде по­чива непознат војник кој паднал во битката за Вер­ден, ка­де над гробот гори вечниот син пламен. Идеја која од Французите ја презедоа многу земји, меѓу кои и Македонија и изградија слични или исти градби.

Исто така, го посетивме Монтмартр, посебното со­би­ра­лиш­те на сликарите и поетите, каде бројни Македонци ги пробале и понудиле своите знаења, умеења и сопствената среќа. А Пигал и Мулен Руж се предизвик за новодојдениот и го ста­ваат во искушение!

Меѓутоа, најдолго се задржавме крај Богородичната црква. Таа импозантна катедрала, изградена од дел­кан камен, ја красат високи камбанарии, со високи ши­лести врвови во готски стил. Внатре црквата изоби­лу­ва со прекрасни мозаици од стакло во разни бои и има многубројни оригинални скулптури на Исус Хри­с­тос, на света Богородица и др. Светата Бо­городич­на­ црква е и своевиден музеј.

И таму за­бе­ле­жавме масовно присуство на голем број туристи од разни земји. Нај­ве­ро­јат­но, за популарноста на таа црк­ва во голема мера при­донел и најголемиот француски писател Виктор Иго, опишувајќи ја извонредно во својот роман „Бо­го­родичната црква во Париз“. Кај нас силен беше впе­чатокот и восхитот кои засекогаш ос­та­нуваат колку пати и да ја посетите оваа духовност.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.