Среда, 16 Август 2017   
Во Версај – седиштето на француските кралеви (3)

versaj3-1

ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ФРАНЦИЈА

Ја напуштивме Богородичната црква, и продолживме да шетаме низ Париз. Се упативме да го разгледаме уште и Версај. Патувавме десетина километри до Версај, познатото седиште на фран­цус­ките кралеви. Плени огромниот дворец изграден во минатите векови од француските монарси. Пред дворецот има ограден простран двор поплочен со спе­цијална калдрма, кој  некогаш служел за смот­ра на војската, односно на кралската гарда.

До ден-денес зачувани се просториите каде што биле врзувани и сместувани коњите на по­се­ти­те­ли­те. Сега таму ги паркираат луксузните автомобили. Крал­скиот дворец е зграда од четири-пет ката из­дол­жена во благ полукруг, со најразлични уметнички фи­гури и скулптури на фасадата.

Пред­на­та страна на дворецот, всушност, е неговото лице од каде што доаѓаат посетителите. Низ широк влез ка­ко огромна порта поминавме и излеговме од неговата за­дна страна. Оттаму зданието изгледа како сосема друг дворец, зашто таа страна е градена во друг стил. Всушност, видовме дека дворецот Версај е изграден со две лица. Гледајќи го, човек не може да определи од која страна е поубав.

Задната страна, всушност, била наменета за одмор и рекреација на кралевите и на нивните семејства. Поради тоа таму има огромни површини од повеќе десетици хектари на кои се протегаат прекрасни паркови и шуми со столетни дрвја, разни спортски терени и игралишта, езерца и фантастично убаво уредени цветни по­вр­ши­ни. Посебно е импозантна глетката на огромната бо­та­ничка градина со егзотични растенија од сите делови на светот. Такви езготични растенија, палми и други ретки растенија има во голем број и на повеќе места.

Париз е карактеристичен и по подземната железница во која поминуваат милиони пат­ни­ци на ден. Помалку е познато дека во Париз покрај мет­рото постојат и рововите од некогашниот ка­ме­но­лом кој зафаќа една десетина од површината на Па­риз. Париските катакомби, пак, за разлика од рим­ски­те ги примиле своите вечни жители пред околу 200 го­ди­ни, кога градските власти затвориле десетина град­ски гробишта и сите коски ги преселиле под но­зе­те на поколенијата.

triumfalna
Триумфалната капија

Исто така, Париз може да се пофали со бројни­те музеи, галерии, театри, цркви, гробишта, сто­ков­ни куќи, ресторани, спортски борилишта и многу, многу други зна-чајни градби во кои однатре пулсира животот на овој мегалополис. Сето тоа заедно го прави севкупното, значајното и незаборавното живеење на градот на светлината - Париз. Но, го прави побогат во доживувањата и секој патник намерник кој престојува во оваа космичка метропола, една од најпосакуваните дестинации во светот.

Историјата на Македонската православна црква е тесно поврзана со историјата на македонскиот народ. Тие заедно со векови опстојуваат, но, во исто време, страдаат и се борат против асимилацијата, денационализацијата и неправдата кон македонскиот народ на Балканот и на другите простори ширум светот. Така, Црквата за македонскиот народ одиграла првостепена улога во тешките периоди на ропство, затоа со право се вели дека таа е база за национално осознавање и лулка на преродбата на Македонецот во еден долг период.

Македонската православна црква игра значајна улога во опфаќањето на Македонците надвор од земјата, особено во прекуокеанските и европските земји. Таков е случајот со Македонците во Франција. Првата  македонска православна црква во Европа е Македонската право-славна црква во Гетеборг, Шведска и претставува основа за формирање на македонска православна црковна-општина и на други православни општини во Европа, меѓу кои и Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“ во Париз.

sv-kliment-sv-pavle

Иницијативата за формирање на македонско национално-духовно и црковно катче во Париз датира од поодамна. Во отсуство на црковен и духовен живот Македонците во Париз, а и во цела Франција, и пред формирањето на црковната општина имаа организиран културно-забавен и спортски живот. Така, во 1973 година во Париз почна со работа првото училиште на македонски јазик. Исто така, во главниот град на Франција работеле повеќе клубови и други асоцијации, како што се асоцијацијата „Треска“, која се занимавала со хуманитарна дејност и клубовите: „Пелистер“, „Македониија“, „Скопје 63“ и дуги. Сите тие во своите програмски определби имале содржина од културата, спортот, духовното живеење, а во последно време се организирале и разговори со Македонци - бизнисмени за економско дејствување во Македонија. Потоа, редовно се организирале и културни манифестации, прослави на верски празници и на значајни датуми од македонската историја, спортски приредби, како и советувања за економско поврзување со родниот крај.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.