Нашата родина Македонија е јаболко, од кое секој без прашање сака да загризе. Нејзината местоположба, природните богатства, за кои сеуште не сме доволно свесни и информирани, историјата, онаа што ни е украдена, но и оваа денешнава која во иднина ќе зборува за крадење, коските Делчеви, Јаневи, коските бранителски, нѐ обврзуваат да НЕ потклекнеме на политичкото лудило за самоуништување. Добрината и наивноста, но и слепилото во кое живееме како народ, нѐ доведе во ќорсокак, и тоа замислете во 21 век. Од плиткоумност и алчност на домашните петоколонаши, т.е. предавници, ќе го загубиме и ова мало парче земја што ни остана! За срам и пизма од нашите наследници, ќе станеме живи коски и месо, во вреќа кожа, од нигде никаде, за нигде никаде! Јазикот наш, македонски, што е јазик од кој потекнуваат низа други јазици, како рускиот, украинскиот, полскиот, бугарскиот, српскиот, итн, значи македонскиот, кој е мајката на јазиците, самите ќе си го поништиме, за грст пари, и трошка мода ископирана од западот. И за сето тоа ќе бидеме виновни СИТЕ НИЕ што живееме денес, независно дали сме за или против некоја од партиите во Македонија. Сите ние сме ставени во кафез, како опитни глувци, со кои можат соросоидите и нивните платеници да си прават експерименти.
|
|
Учителката, м-р Жаклина Михајлова, е добитник на највисоката награда за едукатор и промотор на наставата по јазици во НЈВ, Австралија за 2017 година. Асоцијацијата за модерни јазици на НЈВ, ѝ ја додели оваа Награда на Госпоѓа Михајлова за нејзиното доброволно ангажирање на национално ниво за афирмација и промоција на наставата по јазици.
|
|
Списанието „Св. Климентово слово“ се појави 1990 година како периодична публикација и орган на Македонската православда епархија во Австралија. Првиот број е издаден во април, на 20 страници среден формат (20,5x29,5 см), и две корици, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште ао Мелбурн. Главен и одговорен уредник е прота Спасе Стефановски, а му помагаат и со свои текстови се јавуваат македонските свештеници од цела Австралија. Во редакцискиот одбор се и прота Атанас Станковски, свештеникот Среќко Димитриевски и истакнатиот иселеник Васил Мојанов.
|
|
ОД ПАТУВАЊАТА ПО СВЕТОТ – ШПАНИЈА
За туристичките вљубеници, секое патување во Шпанија, е нов предизвик и желба да се откриваат убавините на атрактивниот Пиринејски Полуостров. Особено кога таму, на самото место, може да се почувствува ритамот на тангото и коридата, на вековите и како на дланка да ги има многуте природни и други особености. Шпанија, е една од водечките светски туристички велесили која го населува најголемиот дел од Пиринејскиот Полуостров, делејќи го ова раскошно парче земја со комшиската Португалија, со Гибралтар и Андора. Таа е трета по големина држава во Европа, по Украина и Франција и се наоѓа на 51 место на мапата на планетата Земја.
Во своето поседство ги има Балеарските Острови, распослани на нејзиниот јужен дел, а уште подолу во Атланскиот Океан, ги вклучува и Канарските Острови, плус градовите Сеута и Мелијла на северниот дел од африканскиот брег.
Под капата на Шпанија се и неколкуте помали острови кај Гибралтар, како и Хавиринските Острови, или на нивни јазик кажано - Карпите, во богато разгранетото нивно крајбрежје од повеќе страни. Морските граници изнесуваат речиси 5.000 километри, и нив ги заплискуваат водите на Средоземното Море и Атлантскиот Океан.
Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку непосредни парламентарни избори. Извршната власт, пак, ја има Владата, на чело со премиерот кој е назначен од кралот по претходна консултација со најважните политички сили кои се застапени во парламентот.
Долга е историјата и цивилизациските етапи на оваа ибериска земја. Праисторијата својот почеток го бара во откривањето на најстарите фосили од постоењето на човештвото, и тоа најмалку од пред еден милион години. Исто така, се смета, барем според пронајдените траги, дека една од првите населби е стара 15.000 години. Археолошките проучувања дошле до сознанијата дека имало своевидни културни и други траги особено во источниот дел на Пиринејскиот Полуостров, во доцниот неолит и бронзената ера.
Феникијците и Картагинците, населувале дел од тамошните простори од 11.000 година пр.н.е, па сè до VI век пр.н.е. Праисториската етапа поставува граница со почетокот на Пунските војни.
Се смета дека во античко време името „Иберија“ немало географска туку етничка основа. „Хиспанија“ е називот со кој Римјаните го нарекувале Пиринејскиот Полуостров. А тој, под нивна доминација бил речиси цели два века и со крваво платен данок. Но, од друга страна, пак, романизацијата на тамошните народи придонела до некој степен, за развој на Полуостровот. Портите на Римјаните им се отвориле со триумфот на Картагина во Втората пунска војна. Тие, главно, се населувале во постојните градови, но и основале нови покраини.
Шпанија била земја која ја газеле многу војски со различни владетели, кои ги сменувале имињата или правеле кованици од нив, но, сепак, не ја прекрстиле оваа земја. Кога биле протерани Маврите кои останале предолго, дури повеќе од 700 години, почнала нова ера во развојот и воопшто во животот на тамошните народи. Меѓутоа, Шпанците како воини и морепловци, оставиле долги и големи траги во историјата на човештвото.
Еден дел од историјата на Шпанија е исполнет со окупаторски војски и други режими. Меѓутоа, најважниот дел од многувековниот развој на оваа значајна земја започнал кога таа врти нова страница и кога почнува шпанското колонијално царство, кое станало меѓу најголемите во светот. Откривањето на други држави како и на Америка веќе го менува ликот на дотогашното устројство, границите, верските и други формации. Шпанија под свое знаме има земји и народи во Европа, Америка, Африка, Азија и Океанија.
Прв кој почнал со откривањето на други држави бил Кристофор Колумбо. На 3 август, 1492 година, испловил со бродовите, тргнувајќи со надеж и желба да го пронајде морскиот пат за Индија. И сè натаму што следи за морските и освојувачки походи, е долга и необична колонизаторска приказна, која се протега со векови. Првата шпанска република почнува со воведувањето на парламентарното управување. Втората шпанска република била основана во 1931 година, на чие чело по осум години доаѓа Франциско Франко кој владеел сè до 1975 година.
Оваа голема ибериска земја е поделена на 50 покраини, 17 области и два автономни града кои се наоѓаат на северниот дел од Африка. Според територијата, најголемата автономна област е Кастиља, а најмали се Балеарските Острови.Гледано низ економските параметри со меѓународен предзнак и аршините на Светската банка, економијата на Шпанија е деветта по големина во светот и петта во Европа. Ја потресуваа кризи, но успеа да исплива во тегобните времиња, справувајќи се со големите проблеми.
Денес, се чини Мадрид е стожерот на политиката, економијата, културата и над се’ тој е престолнина на Шпанија. Тој е градот за кои се воделе многу битки, во кои учествувале голем број Македонци. Мадрид е метрополата во која, само во централното подрачје живеат над три милиони жители, додека, пак, тој со урбаниот дел и предградијата брои повеќе од 6 милиони жители. Затоа се смета дека Мадрид е трета најнаселена општина во Европската Унија, по Париз и Лондон, а трет по големина по Лондон и Берлин.
Мадрид е карактеристичен со бројни споменици, меѓу кои: Кралска палата, Кралскиот театар со неговата обнова во 1850 година, во оперска куќа, паркот Буен Ретиро и величествената зграда на Националната библиотека, Шпанскиот историски архив, Археолошкиот музеј, како и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, Националниот музеј и Музејот на современата уметност.
Посебно доживување е посетата на спортскиот стадион на Фудбалскиот клуб „Реал Мадрид“, каде врие како во кошница од посетители. Таму човек може да се запознае со многу интересни кажувања од спортот, и спортското живеење во оваа престолнина на фудбалот и коридата.
Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |
|
Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува антимакедонска изјавата на Месила Дода пратеничката од Партијата за правда, интеграција и единство во Албанскиот парламент, која во посета на Пешкопеја се закани со војна во Македонија. Антимакедонски повици се не нецивилизиран повици и немат место на територијата на Европа. Ние мораме да работиме и да имаме храброст да изградиме искрени и пријателски односи меѓу Македонија и Албанија. Балканот мора да се одели од омразата и ксенофобија меѓу народите.
|
|
Во предговорот на книгата „Македонија-не те забораваме“ од познатиот журналист, пријател и аналитичар на македонската дијаспора, Фиднка Танаскова, стои: „Моќта, со симфонично ехо на безвременоста е авторовата реч на овие страници. Книгава е сага за македонскиот вознес. Таа е исклучителен времепловен документариум, трезор на незаборавот за настани, времиња, места, акции и личности од поднебјето на библиската македонска земја и од земјата на неговиот животен пристан – далечната Австралија отаде екваторијалниот појас.“
|
|
Списаниео „Македонскиот патриотски билтен“ е прво информативно гласило од ваков вид што се печати во АвстралиЈа, а и воопшто меѓу иселеништвото во кое се презентирани голем број текстови што се однесуваат на човечките права на Македонците. Билтенот е орган на Оргаиизацијата за македонските човечки права во Западна Австралија. Печатен е во вид на списание на 24 страници на формат 21 х 29 см. на македонски и на англиски јазик, со кирилица и латиница.
|
|
Во Буенос Аирес човек не може да биде незаинтересиран и рамнодушен. Градот привлекува и освојува со карактеристичните градби и стилови, со таа колку разноликост, толку убава нишка која го сврзува минатото и сегашноста, со многуте споменици, со долгите авении, паркови, плоштади, кејови ресторани и кафулиња, со еден збор: динамика која домородното население го спојува со многубројните туристи. А, туристи во Аргентина има од цел свет. Во оваа глобализација, особено категоријата на оние кои можат да ги „растегнат нозете“ по светот од Северна Америка, Аргентина е вистинското место за прошетки, убави денови, разонода...
|
|
Денес во големата банкетна сала на Македонската православна црква “Свети Климент Охридски“ во Торонто, а во врска со политичката криза во Македонија, се одржа Семакедонски собир за унитарна Македонија.
|
|
Среда, 08 Март 2017 04:39 |
|
Комитска вечер во Мисисага
|
5 март 2017 година, Торонто, Канада - Викендов во банкетната сала на Македонската православна црква “Свети Илија“ во Мисисага, а во организација на Македонскиот културен центар во Канада и Зоран Ивановски, се одржа Традиционалната Комитска вечер 2017.
|
|
|
|