Среда, 15 Март 2017   
„Македонија - не те забораваме“ од Иван Трпоски

КОН КНИГАТА:  (Во издание на Литературното друштво „Григор Прличев“ (Сиднеј, 2016))

Во предговорот на книгата „Македонија-не те забораваме“ од познатиот журналист, пријател и аналитичар на македонската дијаспора, Фиднка Танаскова, стои: „Моќта, со симфонично ехо на безвременоста е авторовата реч на овие страници. Книгава е сага за македонскиот вознес. Таа е исклучителен времепловен документариум, трезор на незаборавот за настани, времиња, места, акции и личности од поднебјето на библиската македонска земја и од земјата на неговиот животен пристан – далечната Австралија отаде екваторијалниот појас.“

ivan-kniga

Описот за содржината на книгата е даден во еден параграф иако предговорот опфаќа три страници, но еве и јас како долгогодишен надгледувач на делото на Иван Трпоски, од самиот почеток би рекол, сакам да дадам еден опис или анализа на ова дело кое е прво од ваков вид објавено во дијаспората.

Од досега издадените дела (со издадени 18 наслови зад себе, воглавно поезија и патописи) Иван укажува декој тој е еден од најпролифичните (плодоносните) автори во дијаспората. Се очекува набргу да се објават и неговите антологиски дела како 40 години од архивот на Друштвото „Григор Прличев“ и неговото автобиографско дело.  Тој е признат поет и наградуван со престижните награди „Иселеничка Грамота“ од Матицата на иселеници од Македонија и „Стојан Христов“ на СВП. Исто така награди и признанија добивал во Австралија за поезија и своите општествени работи во македонската заедницата во која активно е вклучен 40 години, а најзначајната е Медал за заслуга за Македонија од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов. Но најважната награда за него и за нас е оваа книга што тој денес ни ја нуди, а тоа е книгата „Македонија-не те забораваме“, тоа е награда токму од Иван Трпоски за македонската заедница или дијаспората, за поединците-активисти кои се застапени во книгата, организации и воопшто патописни-есеистички набои и вознеси забележани во печатот и веб страниците, битни за македонската нација.

Како пример да го земам поетот Григор Прличев и споредба да направам со поетот Иван Трпоски. Преку „Биографијата“ на Прличев се дознава, не само за животот на поетот туку и за животот на Охриѓани и на Македонците во периодот кога тој живееше. Индирекно, Прличев се јавува како хроничар-историчар, не верувам Прличев имал намера да биде историчар, а наши историчари во тоа време и немавме – историјата на Македонија ја кроеа други луѓе, за кои Прличев пишуваше.

Иван Трпоски првенствено се јавува како поет но неговите први автобиографски дела, неговите патописи: „По патот на сонцето во Македонија“, „Македонија моја татковина“, биографската книга за неговиот брат Спасе Трпоски како и историската „Македонски демонстрации во Австралија“ се дела што ќе останат вечно да се читаат и проучуваат од подоцнежните генерации. Тука врвно место ќе завземе оваа книга – таа многу лесно може да застане на педастолот на неговата опсежна креативност, како журналист-хроничар на македонските збиднувања и како историчар со четива за животот на Македонците во Австралија.  Како и во времето на Прличев така и сега ние во Австралија немаме историчари, но имаме истражувачи-хроничари на некои аспекти од политичкиот живот на Македонците во Австралија. Тука како пример би ги зел делата на Пита Хил кој преку владата на Австралија издаде книга за Македонците во Австралија, на Ицо Најдовски кој издаде две книги во кои се осврнува посебно на Македонците во Мелбурн и Викторија и неколкуте книги на Јанко Томов од Бризбан – Квинсланд кој ни дава повеќе текстови и гледишта за политичките/идеолошките раздвижувања во македонската заедница во Австралија како и на Благој Божиновски и Владо Крстевски кои пишуваат за животот на Македонците во Њукастел, Нов Јужен Велс.

Со ова книга на Трпоски, која спаѓа во редовите на журнализмот, поради новинарските статии објавувани во повеќе весници, списанија и веб страници, Иван станува (несакајќи) историчар, хроничар на македонската заедница.

Со написи како оние што се за крштевање, венчавање и јубилеи ни ги открива животите на тие личности и нивните радосни моменти. Со написите за македонските организации опишува што во македонската заедница се организирало, славело и постигнувало, се афирмирало и за тоа каква мисија имале тие организации. Тука има прилози во кои тој истражува, информира за настани, прави интервјуа со личности и репортажи и анализира но и сите нас не повикува, ни препорачува, го кажува мислењето и поттикнува на освестување, повикува на борба кон зачувување на она што нас ни е најсвето – јазикот, културата, религијата – зачувување на македонскиот идентитет. Исто се јавува како активист, лобист кој испраќа писма и повикува на демонстрации, како поборник - патриот но и како хуманист – поет кој сака во секој напис да го каже своето мислење, да даде предлог и да вметни некое прашање кое читателот треба да си го одговори да го расветли за свое добро и за доброто на македонската заедница и иднина.

Иван неколку децении со својата плодна работа покажа дека е бескомпромисен борец и афирматор на нашите национални вредности. Објавувањето на ова дело ја покажува творечката сила и слика на авторот и сликата на она што толку успешно со децении го афирмира, а тоа се настаните кои се битни и важни и имале влијание во културниот, политичкиот, религиозниот, патриотскиот и националниот живот на Македонците во Австралија.

На крајот да сумирам дека, книгата „Македонија – не те забораваме“ не е поетски избор како што веќе има издадено двојазично, туку е журналистички избор на написи во која се вметната 120 оргинални написи – скенирани од самите весници и 80 електронски записи кои исто беа објавувани во весниците и веб-страниците. Книгата „ Македонија-не те забораваме“ е вредна не само колку што вложил труд и работа самиот автор туку и колку од читателот се цени неговиот труд и работа. Ова е лесно читливо четиво кое не враќа во минатото, сегашноста и ни ја покажува иднината – дека ние како заедница, како нација нема да постоиме доколку не го негуваме нашиот јазик и култура, доколку не го забележиме и не се гордееме на она што се случува во заедницата и што го твориме во името на нашето постоење како луѓе потомци на нашите претци и луѓе потомци на нашите идни поколенија.

Со надевам дека Иван Трпоски ќе продолже да биде присутен во сите медиуми да ги афирмира, овековечува и овеколичува културните збиднувања на Македонците во Австралија и пошироко каде тие живеат.

м-р Душан Ристевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.