Среда, 22 Март 2017   
Во чест и слава на големиот македонски просветител и духовник (25)

sv-kliment-25

НИЗ СТРАНИЦИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ПЕЧАТ ВО АВСТРАЛИЈА

Списанието „Св. Климентово слово“ се појави 1990 година како периодична публикација и орган на Македонската православда епархија во Австралија. Првиот број е издаден во април, на 20 страници среден формат (20,5x29,5 см), и две корици, а го издава Епархискиот управен одбор при Австралиско-македонската православна епархија со седиште ао Мелбурн. Главен и одговорен уредник е прота Спасе Стефановски, а му помагаат и со свои текстови се јавуваат македонските свештеници од цела Австралија. Во редакцискиот одбор се и прота Атанас Станковски, свештеникот Среќко Димитриевски и истакнатиот иселеник Васил Мојанов.

Во воведната статија што е поместена на третата и четвртата страница, покрај другото, се вели: „Потребата за едно гласило на Македонската православна епархија се почувствувала многу одамна, за што се правени обиди овој простор на македонските православни црковини општини да биде исполнет со информации, кога како од една душа ќе се искажуваат чувствата на македонската и верската припадност.

Иницијативи за покренување на вакво списание се имаат покренувано на речиси сите собранија на Австралиско-македонските православни епархии, но дури сега се остварија надежите и очекувањата на сите оние што одамна го чекаат ова списание како благовестител на она што е благородно, возвишено и добротворно. Списанието „Ов. Климентово слово“, покрај написите со религиозно поучна содржина, ќе објавува и текстови за македонската црковно - национална историја, за животот и работата на црковните општини со сите облици на дејствување, за Епархијата и Македонската правоославна црква во целина, а ќе биде отворено за сите други македонски асоцијации чии форми на организираност остваруваат активности што  помагаат на  црковно-народ- ното дело на Македонската православна црква“47.

sv-klimentovo-slovo
СВЕТИ КЛИМЕНТОВО СЛОВО
(1990 —) — МЕЛБУРН

На првата корица од првиот, а и во другите пет броеви колку што се излезени, е поместеи ликот иа свети Климент Охридски, а на втората тропарот за Климент. Во продолжение се презентирани текстови од црковен карактер, како што е оној за Христовото воскресение и за голготата, потоа опширниот текст за триесетгодишнината од животот и работата на Македонската православна црква во Австралија, како и осветувањето на Македоискиот центар во Перт на 12. 11. 1989 година.

Вториот број на списанието „Св. Климентаво слово“ од август 1990 година е илинденски број и е посветен на 30-годишнината на првата Македонска православна црква, „Св. Горѓи“ во Мелбурн. Во овој број се поместени пригодни текстови за големиот верски и национален празник Илинден и за успешните 30 години на МПЦ „Св Ѓорѓи“, во кои се извршени 6.000 крштевки и 3.500 венчавки. Исто така има и текстови и за одржувањето на Собранието на Архиерејското намесништво за Нов Јужен Велс и за изложбата на скулптури, слики и графики во Мелбурн.

Третиот број на списанието „Св. Климентово слово“ излезе во декември 1990 година. Отпечатен е на 20 страници. Следниот за март-април 1991 година, како велигденско издание, е отпечатен на 28 страници.

Бројот 5 на „Св. Климентово слово“, пак, датира од август 1991 година, како илинденско издание и во нето, покрај другото, се поместени текстови за Илинден, за 20-годишнината од конституирањето на Австралиско-македонската православна епархија.

panorama
(„РАNОRАМА“) („ПАНОРАМА“) (1990) — АДЕЛАЈД

Списанието „Панорамаа е орган на Македонското културно друштво „Искра“ од Аделајд и третира прашања од областа на историјата, културата, образованието, политичкото и   социјалното живеење на македонските доселеници во Австралија. Списанието се печати на англиски јазик и претставува место за натпревар со постигнувањата на група интелектуалци во тие далечни простори. Главен и одговорен уредник е познатиот          австралиски адвокат од македонско потекло од Беломорска Македонија и значаен и познат општественик во македонската заедница - Мајкл Радин. Исто така, уредник е и иселеникот д-р Крис Попов, познат поборник за човековите права и слободи за Македонците ширум светот.

Во предговорот на првиот број, кој е единствен и е отпечатен во 1990 год., на 77 страници на формат 13 х 20 см., покрај другото, се вели: „Тоа е дел и одраз на значајните актив- ности што ги постигнува Македонското културно друштво „Искраи и е еден вид продолжение на списанието „Искра“ што излегуваше од 1982 до 1984 година. Списанието ќе ги третира проблемите, постигнувањата и воопшто културното живеење на македонските доселеници и нивното учество во развојот на мултикултурните процееи на Австралија“.

adelaid
Аделајд

Во првиот број на списанието „Панорамаи се поместени текстовите „Македонската жена и културата“ од Пандора Сапурма - Петровека, „Идни насоки“ од Џим Томев, „Кампања на пишувани писма од Грција, Бугарија и Албанија - потенцијално корисни техники во остварувањето на човековите права на Македонците“ од Џон Карајас, „Аспирации и очекувања на македонските родители“ од Нада Попова, „Силната и прогресивна македонска заедница во Австралија“ од Крис Ангелков, „Македонската младина и невработеноста“ од Гоце Ангелески, и опширниот текст „Кој го напаѓа ДООМ“ од Мајкл Радин и Крис Попов. На крајот се поместени биографските податоци за авторите на објавените текстови.

Ова значајно и висококвалитетно списание, всушност, е одраз на големите постигнувања во културно-образовните процеси кај Македонците во Австралија. Тоа е лика и прилика на интелигенцијата од македонско потекло која е значаен дел на севкупното живеење и мост за зближување на Македонија со Австралија.

Продолжува

slave-katin-33
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

www.slavekatin.com

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.