Среда, 09 Август 2017   
Информативните гласила на Македонците во источно-европските земји (3)

ie3-1

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ

Ce претпоставува дека бројот на политичките емигранти од Егејска Македопнја претежно населенн во Букурешт во 1949 година бил околу 6—7.000 од кои 3.000 Македонци и тие претежно бнле населепи во Бостошан, Флорика, Питешти, Хинедоара, Блаила, Галац, Валчеле, Брашов, Клуж, Орадија, Фалтичени, како и во детските домови Сипаја, Тулгеш, Орадија, Блаж, Палтениш и Трговиште.

Под раководство на Централниот комитет на Комунистичката партија на Грција, од почстокот на 1950 година започна да се печати билтен под наслов „Неа зои" („Нов жнвот") (1950-1957) на грчки јааик, но и со страници на македонски јазик со кирилица. Од дскември 1952 година гласилото, како орган на политичките емигранти од Грција започна да се печати во вид на весник на среден формат, на 4 страници, од кои една страница беше на македонски јазик.

Се’ до 1958 година излегуваше четири пати неделно, кога започна да се печати на 6 страници секој втор ден, од кои две страници вметанти како прилог беа на македонски јазик. Тиражот се движеше од 1.500 до 2.000 примероци, Одговорен уредник на македонските страници, а извесен период и генерален секретар на двете изданија, беше Петре Галабов, а со него работеа и Ѓорѓи Толевски, Спиро Џуваров и Павле  Куфев.

 „,НЕА 30И“ („НОВ ЖИВОТ“) (1950—19570) — БУКУРЕШТ

ie3-2

Весникот „Нов живот" беше општо политичко гласило, a се занимаваше со прашања од културата, организираното живеење, економијата, како и со проблемите во Грција. Посебна нагласка се ставаше на прашањата и проблемите на Македонците во емиграција и во Егејска Македонија во борбата против дискриминаторските закони. Во него имаше и коментари и други информации од севкупното живеење на Македонците ширум светот, вклучително и од Пиринска Македонија.

Во периодот по 1956 година се објавуваа бројни текстови за слободниот дел на Македонија, од нејзината култура, јазикот, a ce поместуваа и текстови кои се однесуваа на организирање на семинари за македонски учители, како и информации за издавачката дејност ипечатот во емиграцијата, квалификацијата на македонските работници, студирањето  на  младите  и друго..

По Граѓанската војна во Грција бројот  на политичките емијграити во тогашна Чехословачка бешеоколу 12.000, од кои над 2.000 беа Македонци, претежно од Леринско-костурскоиот регион. Македонците живееја, главно, во градовите: Јесеник, Прага, Острава и заедно со грчките политички емигранти дејствуваа во сите организирани форми конституирани од Комунистичката партија на Грција (КПГ).

Имформирањето за Македонците и Грците се вршеше npеку заедничкиот весник со име .„Агонистис" („Борец"). Ова гласило започна да излегува во почетокот на 1950 година на четири страници, од кои една, а понекогаш и две беа на    македонски јазик.

„АГОНИСТИС" („БОРЕЦ") (1950—1970) — ЈЕСЕНИК

ie3-3

Првите две години на страниците на македонски јазик во весникот „Борец“ уредник беше Зисо Каралиев, а од 1952 година па до згаснувањето (1970) уредник беше Димитар Великов, по потекло од големото македонско-леринско село Баница. Покрај Зисои Димитар долги години во весникот соработуваше и д-р Никифор Робовски, познат научник во чешките крутови по потеклп од многу познатото село Габреш — Koстурско.

Bo 1953 гадина Управата на политичките емигранти во Чекословачка се пресели од Јесеник во Прага, а со тоа иPaдaкцијaтa на весникот,  a  во 1966  голина дошло до нова преселба и тоа од  Прага   во  Острава..

Следејќи ја содржината на македокските страници може да се констатира дeкa тие во основа ја изразуваат позитивната политика па КПГ спрема македонското национално прашање и општо нејзината политика спрема Грција и светот. Според тоа страниците нудат драгоцени материјали од историјата литературните остварувањата, фолклорот и воопшто од целокупниот живот на македонските политички емигранти во Чехословачка.

Според нецелосни и неофицијални податоци бројот на политичките емигранти од Грција во Ташкент и околните места, пак, во периодот на 1949 година, се движел меѓу 19 и 20 илјади, од кои 7-8.000 биле Македонци од Беломорска Македонија. Тој број е зголемен во шеесеттите години и достигнал бројка од околу триесет илјади, за подоцна рапидно да се намалува порадн големиот број повратници во Грција, Македонија и во други земји. Се смета дека денес на овие простори живеат околу две илјади Грци и околу 500 до 600 Македонци, претежно стари лица или мешани бракови.

ПРОС ТИ НИКИ" („КОН ПОБЕДАТА") „НЕОС ДРОМОС'; („НОВ ПАТ") (1951—1968) — ТАШКЕНТ

ie3-4

Улогата на информатор меѓу политичката емитрација од Грција во Ташкент ја вршеше весникот „Прости ники" (Кон победата"), кој под ова име излегуваше во Грција како орган на Главниот штаб на ДАГ, а под истото име се појави и пролетта 1951 година и во Ташкент.

Во почетокот излегуваше само на грчки јазик, на 4 страницм, среден формат и тоа три пати неделно (вторник, четврток и сабота). Од 1954 година втората страница се печатеше на македонски јазик со кирилица. Во 1958 година весникот го смени името во „Неос дромос" („Нов пат"), во кој, исто така, една страница беше на македонски јазик. Ова информативно гласило е укинато во 1968 година.

Главен и одговорен уредник на македонската страница во почетокот беше Димитар Гибиденски, а од 1957 до 1959 годана страницата ја уредуваше познатиот публицит Васко Караџа, додека до неговото укинување оваа одговорна должпост ја водеше Ацо Ивановски, a му помагаа  и  други  Македонци кои живееја во Ташкент..

Страницата на македонски јазик беше исполнета со материјали за борбата на Македонците во НОБ и ДАГ нивниот живот и традиција во Грција иво новата средина, како и со инфирмации, вести и други материјали од културата, општественото   и   политичкото   живеење, како и вести од Македонија.

Продолжува

slave-katin
Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.